Во бел фустан на туѓа свадба

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Според мене не треба да се оди така, искрено невестата ќе се чувствува лошо. Додека кратките фустанчиња со примеси во друга боја ми се поприфатливи, но зошто од толку голем спектар на бои, изборот да падне токму на бело?
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
А еве ако нема ништо друго шо да облече?
Ако одиме по таа логика, тогаш и момците не смеат да носат одела затоа што ќе се навреде младоженецот. Ни сиво пошто е слична на белата...
Не гледам ништо лошо доколку некоја девојка носи бело на нечија свадба. Еееј, види ја Петра, поубава е од невестата океј, и? Што сега? Ај девојчето да облече црвен фустан, златни штикли, зелена шминка, све ми боје лепо стоје само поради тоа да не изгледа поубаво од невестата? Не се сложувам. Ако невестата смета дека некоја е поубава од неа и дека ќе и го украде вниманието, воопшто нека не ја кане на свадба. Мада ми се чини дека денешниве девојчиња со сила се прават да изгледаат ко тетки, али то је друга прича.
Ми нема логика тоа што го зборуваш. Плус, во некои земји имам читано дека е неубаво да носиш црно, пошто демек темна боја темни мисли, па сите се принудени да носат бело. И што треба да мисли тогаш невестата?
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Па во право си. Јас живеам веќе 7 години во Данска, сум била на многу свадби, па една се облекла во долг и бел фустан и сите ја помешаа со невестата, па затоа така кажав. Мислам дека можат сите бои да се носат ама добро да се искомбинираат. Па сега има и невести во црвено, црно, зелено, сино, розово, виолетово па уште малку за да не ја засениме невестата нема да знаеме што да носиме.
 
  • Like
Реакции: Prashina

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Не гледам некоја разлика. Јас дури и ако купам бел фустан за излегување мајками ми вели ''Да бе, ко невеста си".
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Прашање: а мора невестата да се облече во бело?
Па размислиме тогаш ќе треба да се мислиме во каква боја да се облечеме.Бидејќи има во црвено,црно,зелено,розово,виолетово,сино,кремасто итн.Па како да се облечеме тогаш?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Па, јас во бел фустан би се појавила кај цурата што ми го украла типот што сум го меркала четири години. После некако ќе ја одвлечам во вц, ќе ѝ го земам велот и ќе ја врзам со лисици за шољата. Она мене. После се знае - младожењата под рака и на меден месец. Велот не го тргам, ќе речам лицето ми е нафрлено и не сакам да ме памти таква.

Сега, малце е глупаво ако е некој посвечен (а веројатно ќе е)...не ради значењето на бојата, не ради не знам кои причини, али при толку бои, не би ја избрала баш белата. Ќе ме види некој роднина на младоженциве што не ги ни познава, ќе фати да ми честита, ќе ме изљуби трипати во уста, па иди убеди се. :frantic
 
  • Like
Реакции: Falanga

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Бел фустан не се носи на свадба,не пишано правило.Освен некоја ако е толку жедна за внимание ќе облече.
Немојте да ми кажете дека некоја девојка што ќе оди на свадба има само еден фустан и тоа бел,во сé ќе поверувам ама во тоа не.:^)
 
  • Like
Реакции: Fashion.Lover

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
815
1,103
Вселената
Една колешка на свадбата од нејзината сестра носеше бел краток фустан дента, лично мене ми беше глупаво, но кој како сака нека си се носи
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Летоска бев на свадба кај една моја познаничка,свекрвата беше облечена како невеста,само без вел.Таа е жена со прекрасно тело,негувана е и изгледа прекрасно за нејзините години.Беше облечена во долг,бел,свечен фустан,додека невестата имаше поедноставен.Уште вел да немаше невестата,тогаш на свекрвата ќе и честитаа.