Вицови

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Двајца прават муабет:
- Ееее, а бе знаеш ли дека јас сам му баџанак на Господ?
- Аман бе, како така?
- Да, бе. Сафет го знаеш ли?
- Го знам.
- Е Сафет нели имаше две ќерки?
- Е, имаше!
- Епа едната јас му ја земав, другата Господ му ја зема!
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Трпе станал директор и решил да биде строг. За да воведе ред во фирмата решил првиот што ќе го види да не работи да го избрка. Шетајќи така низ фирмата тој видел како некој човек стои во ходникот и брои пари.
- Аха, е овој ќе го избркам за да биде пример за другите.​
Дошол до него и го прашал колку заработува месечно. Човекот гледајќи го збунето му рекол:
- 200 евра.
Трпе вади од џебот 200 евра, му ги дава и му вика:
- Од утре па натаму, не доаѓај на работа.
Човекот ги земал парите збунето и си заминал.
Вработените го гледаат Трпе зачудено, а тој победоносно ги прашува:
- Која функција ја имаше овој мрзеливко тука?
- Шефе, тој не работеше кај нас, само ни' достави пица - плашливо му одговорил некој од вработените...
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Телефон ѕвони во станот на АМДИ БАЈРАМ , пратеник во Собранието. Се јавува неговата сопруга и слуша мил женски глас:
- Добар ден!
- Дали е тоа станот на АМДИ БАЈРАМ? Ми треба АМДИ!
- А кој го бара?
- Овде е една негова школска другарка!
- Лажеш ку*во, АМДИ никогаш не одел во школо ...
 

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Mлада плавуша се врака од кај гинеколог и мајка и ја прашува:
-И што ти рече докторот?
-Дека сум трудна
-А кој е таткото?
-Е тоа не ми кажа.

Го пратила Станка сопругот Перо по тампони.
Перо влегува во продавница и ја прашува продавачката каде стојат тампоните. Продавачката му кажала а Перо се загледал во кутиите ги прочепкал и отишол на другата страна на рафтовите зел еден пакет памук и тоалетна хартија.
Па добро што ке ви е ова, нели баравте тампони? Го прашала зачудено продавачката.
Епа, знаеш што, јас ја пратив вчера женами по цигари, а она ми донесе тутун и ризли.
Ете, сега и она нека мота.

Се враќа султанот дома, а 33те жени го чекаат наредени една до друга. Се наведнал султанот и и шепнал на првата:
-Очите ти се како сјајни ѕвезди, усните ти се како свежи цреши... Те сакам најмногу од сите.
Пренеси понатаму.
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Ошла една плавуша фоф секси шоп да си купи вибратор.
Продаваче и рекол да си избере од закаченитe на ѕидо.
Гледала плавушата, гледала и на крае одлучила:
- Искам го тове црвение фоф чоше.
Продавачe и рекол:
- Ааааа извинете, ама тове не е за продавање.
- Ама зашо?
- Па това ни е апарато за пожар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Psychobilly

S.B.

Активен Член
3 декември 2012
73
144
33
35
Прилеп
Жена ми оставила порака на фрижидерот:
-Ова не функционира, се преселив кај своите.
Јас го отварам фрижидерот, светлото работи, пивото ладно.
-Незнам што не функционира !? :D
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Секретарка се јавува во фирма која поправа компјутери:
- Печатачот не ми печати добро!
- Веројатно треба да се исчисти. Тоа чини 1000 денари, но можете и вие да го прочитате упатството и да го направите тоа сами.
Секретарката зачудена:
- А твојот шеф знае ли дека му го загрозувате бизнисот?
- Да, тоа е негова идеја. Имаме многу повеќе приходи откако им дозволуваме на клиентите на почетокот сами да си ги поправат работите



Девојка му вели на својот дечко:
- Ти мене повеќе не ме сакаш! Порано секој ден ми носеше цвеќиња...
- Глупости! Пак те сакам исто, само веќе не живеам до гробиштата...