Вицови

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Дневникот на Трпана
Средата навечер ми изгледаше дека се однесува чудно.
Уште утрото се договоривме да се најдеме на пијалак.Цел ден го минав со пријателките на шопинг,
па мислев дека е нервозен заради тоа што малку задоцнив,
меѓутоа тој ништо не прокоментира.Разговорот некако не ни одеше,
па му реков да се преместиме на некое потивко место каде што ќе може да зборуваме.Тој се согласи но остана тивок и отсутен.
Го прашав што е проблемот, тој рече ништо.
Го прашав дали е моја грешка што е вознемирен.На пат кон дома, му кажав дека го сакам, тој едноставно се насмеа и продолжи да вози.Тој рече дека не е до мене и да не се грижам.
Не можам да го објаснам неговото однесување, не знам зошто не ми рече дека и тој ме сака.
Кога дојде дома се чувствував како да сум го изгубила, како да не сака да има ништо со мене.
Само седеше и гледаше во телевизорот, повторно целиот далечен и отсутен.Конечно решив да си легнам,околу 10 минути подоцна и тој дојде во кревет. На изненадување, тој реагираше на моите провокации и водевме љубов,меѓутоа се уште беше изгубен и со мислите на друго место.
Решив дека повеќе не можам да го толерирам и одлучив да го конфронтирам,но тој веќе беше заспан.
Почнав да плачам и плачев се додека не заспав.
Не знам што да правам, речиси сум сигурна дека неговите мисли се со некоја друга.
Мојот живот е катастрофа.
Дневникот на Трпе
Денес Барса испадна од Лигата на Шампиони.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Oдат маж и жена на одмор и на царина цариникот прашува: Имате нешто да пријавите? Мажот: да, 70 кг злато. Цариникот: Ааа злато преку граница никако! Мажот на жената: ЗЛАТО жалам, сам одам...
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
- Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
- Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
- Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
- Готово – рекла рибата…
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
- ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
- ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!

Цветко имал баба комшика со голем двор. Едно сабајле станува, и, што да види кај неа – Федерер и Надал, играат тенис во дворот. Овој се крсти!
- Мори комшивке, шо е ова бе?- ја прашува.
- Абе шо е – фатив златна рипка, ете то е!- рекла таа.
- Шо збориш мори! Дај ми ја тоа рипката, па ќе ти ја вратам!
- Арно бе, ама малку наглува е!
- Ако, ако дај ми ја малце!
Го зел аквариумот со златното рипче и отишол дома. После пола саат, ете ти го.
- Да ти е**м рипчето, да ти е**м! Јас и велам „париња“-та ми дава јариња; јас и велам „убај чупчиња“-та ми дава улај ѓупчиња!!
- Ти реков оти е наглува? Ти шо си мислеше дека јас навистина и побарав „ВРВЕН ТЕНИС“!?

 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Трпе сакал да зафркава луѓе по телефон, па се јавува и вика:
- Ало, добар ден.
- Добар ден.
- Ви работи фрижидерот?
- Да, работи.
- Епа, дајте му плата!
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Седат двајца старци и праат муабет...
- А бе, можеш уште да имаш секс?
- Да чукнам во дрво, можам..
- А бе да чукнам во дрво и ја можам, него те прашав секс дали можеш да имаш....
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Плавуша во минич се качува со своето момче на ескалаторот во некој Хипермаркет. Многубројните минувачи околу нив дискретно погледнуваат под нејзиниот минич. Кога тоа го забележало нејзиното момче, разлутен и рекол:
- „Ти имам кажано сто пати да земеш подолга сукња затоа што овие манијаци сакаат да ти ги видат гаќичките!“
- „Не грижи се душо, им го скратив уживањето, не носам повеќе гаќички!“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Blondie

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Човек доживува сообраќајна несреќа и во неа го губи само пенисот.
Лекарот:
- Вие сте многу среќен човек по сударот се ви е во ред, го имате загубено само пенисот.
- Добрата вест е што медицината денес ви овозможува да додадете нов пенис, а може дури и да изберете големина.
- За оваа незгода осигурувањето ќе ви исплати околу 5000 евра, така што можете да си дозволите пластична операција на додавање пенис.
- Но, како што тоа директно ќе влијае врз Вашата сопруга треба да зборувате и со неа за големината на пенисот, можеби ако е премногу голем нема да и одговара, ако е премногу мал, ќе биде разочарана, што значи најдобро е зборете со неа и дојдете утре да ми кажете.
Следниот ден лекарот влегува во ординацијата и го прашува пациентот:
- Дали разговаравте со вашата сопруга?
Пациентот:
- Да.
Лекарот:
- Добро, и што одлучивте?
Пациентот:
- Ние се одлучивме за Италијански плочки во бањата и нова машина за перење!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Трпе,ај да ти се пофалам,научив да зборувам германски! –
Стварно бе?Дај кажи нешто
Good Morning..
А бе не ме зезај тоа на англиски е..
Охоооооо и англиски сум знаел :rolleyes:
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Се среќаваат Трпе и Цветко после многу години.
- Што има ново? – прашува Цветко.
- Се оженив пред неколку месеци.
- Ајде со среќа нека ти е. Имаш фотографија од жена ти?
- Да, да. Еве види ја.
- Ништо, има и пострашни!
- Молам!?
- Извини, извини, нема пострашни!

Плавуша седнува во турски ресторан и келнерот ја прашува:
- Како го пиеш кафето?
А оваа му одговорила:
- Со уста.

 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Трпана на кафе муабет со некоја пријателка разговараат за пороците на младината, и Трпана вика:
- Знаеш, јас полесно би прифатила ако Трпе џуниор е хомосексуалец отколку наркоман…
Во истиот момент од собата на Трпе џуниор се слуша:
- А, јас попрво би примил игла!

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dolphine