Си седи човек покрај бара, и пред него скокнува една жаба и му вели:
-Ако ме бакнеш, ќе се претворам во прекрасна принцеза.
Човекот се доближал и ја ставил жабата во џебот.
Жабата пак му прозборила од џебот:
-Не ме слушна? Ако ме бакнеш ќе се претворам во прекрасна принцеза.
Човекот ја извадил од џебот и ја погледнал, се насмевнал и ја вратил во џебот.
Жабата очајно му вели:
-Ако ме бакнеш, ќе се претворам во прекрасна принцеза. Ќе бидам со тебе додека сакаш, и ќе ти правам се што сакаш. Зашто не сакаш да ме бакнеш?
Човекот ја извадил жабата и и рекол:
-Види вака, јас сум информатичар. Немам време за девојки, ама да имам дома жаба што зборува е навистина кул!
Доаѓа информатичар да купи тепих, и продавачот му нуди неколку:
-Еве имаме индиски тепих - 3х2 метри во 200 бои, турски тепих - 2х2 метри во 150 бои, еве арапски тепих 4х3 метри во 800 бои.
Информатичарот му вели:
-А имате некој тепих 800х600 со 256 бои?
Постојат 10 вида на луѓе:
-Оние кои го разбираат бинарниот броен систем
-Оние кои не го разбираат бинарниот броен систем
Информатичарска клетва:
-Да даде Господ жената да ти е open source!
Жената го чека мажот кој по професија е програмер кој доцна си доаѓа од работа.
М: Здраво душо, се најавувам.
Ж: Што велиш да земеме нова машина за перење?
М: Internal error. Out of resources.
Ж: Дај ми ја кредитната картичка, сакам да одам во шопинг!
М: Sharing violation. Access denied...
Ж: Ме сакаш колку што го сакаш компјутерот или ти служам само за забава?
М: Too many parameters...
Ж: Погрешив што се омажив за тебе
М: Data type mismatch.
Ж: Ти тотално полуде!
М: ...by default.
Ж: Што е со твојата плата?
М: File in use. Try again later.
Ж: Што се случи со автомобилот?
М: System is unstable. Press CTRL + ALT + DEL to reboot.
Ж: Сакаш да се напиеш вино?
М: File system is full.
Ж: Што мислиш за мојата фамилија?
М: Unknown virus.