Вицови за информатичари/програмери

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,269
9,111
1,683

Си седи човек покрај бара, и пред него скокнува една жаба и му вели:
-Ако ме бакнеш, ќе се претворам во прекрасна принцеза.
Човекот се доближал и ја ставил жабата во џебот.
Жабата пак му прозборила од џебот:
-Не ме слушна? Ако ме бакнеш ќе се претворам во прекрасна принцеза.
Човекот ја извадил од џебот и ја погледнал, се насмевнал и ја вратил во џебот.
Жабата очајно му вели:
-Ако ме бакнеш, ќе се претворам во прекрасна принцеза. Ќе бидам со тебе додека сакаш, и ќе ти правам се што сакаш. Зашто не сакаш да ме бакнеш?
Човекот ја извадил жабата и и рекол:
-Види вака, јас сум информатичар. Немам време за девојки, ама да имам дома жаба што зборува е навистина кул!

Доаѓа информатичар да купи тепих, и продавачот му нуди неколку:
-Еве имаме индиски тепих - 3х2 метри во 200 бои, турски тепих - 2х2 метри во 150 бои, еве арапски тепих 4х3 метри во 800 бои.
Информатичарот му вели:
-А имате некој тепих 800х600 со 256 бои?

Постојат 10 вида на луѓе:
-Оние кои го разбираат бинарниот броен систем
-Оние кои не го разбираат бинарниот броен систем

Информатичарска клетва:
-Да даде Господ жената да ти е open source!

Жената го чека мажот кој по професија е програмер кој доцна си доаѓа од работа.
М: Здраво душо, се најавувам.
Ж: Што велиш да земеме нова машина за перење?
М: Internal error. Out of resources.
Ж: Дај ми ја кредитната картичка, сакам да одам во шопинг!
М: Sharing violation. Access denied...
Ж: Ме сакаш колку што го сакаш компјутерот или ти служам само за забава?
М: Too many parameters...
Ж: Погрешив што се омажив за тебе
М: Data type mismatch.
Ж: Ти тотално полуде!
М: ...by default.
Ж: Што е со твојата плата?
М: File in use. Try again later.
Ж: Што се случи со автомобилот?
М: System is unstable. Press CTRL + ALT + DEL to reboot.
Ж: Сакаш да се напиеш вино?
М: File system is full.
Ж: Што мислиш за мојата фамилија?
М: Unknown virus.
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
26
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Тројца програмери прават муабет: - Каква риба сум запознал синоќа, какви Properties имаше, ама не можев да ја легнам - рибава Read Only. - Одам јас да ја легнам жена ми синоќа, ми вика Access Denied! - Е, колку сте среќни. Се враќам ја од кафана, со желба да ја легнам жена ми, кога гледам Sharing Violation...:D
Како програмер се качува на 12 кат со лифт?
Притиска на 1-ви, притиска на 2-ри и бара кај е Enter :D
 

red dragon

Староседелец
27 март 2013
140
129
643
32
Информатичар доживеал бродолом и се нашол на пуст остров.
Шест месеци никој не поминал. И тогаш едно сабајле отвора очи и гледа раскошна плавуша со големи гради како стои пред него.
- Ајде пакувај се одиме кај мене од другата страна на островот.
Кога таму што да види. Голема куќа, фрижидер, телевизор, базен...
- Ај оди избањај се и дојди.
Се бањал овој цел саат, излегува среќен, а плавушава го пречекува и го откопчува бекинито:
- А сега ќе добиеш нешто што не си го правел 6 месеци...
- Ај не зезај, имаш и интернет!
---------------------------------------------------------------------------------------------

Некој програмер седи во кафич и се удвара на некоја девојка...
- Сакаш да те частам кафе ?
-Не фала !
- Сакаш да те частам сок?
-Не фала !
-Сакаш да те частам вотка ?
-Не фала
После ова програмерот си вика во себе:
„Хмм, чудно, стандардните драјвери не ги прифаќа !!
=====================---------------------------------------

Тато како сум се родил??- прашува синот.
-Добро сине, знаев дека кога тогаш ќе ми го поставиш ова прашање. Еве како се случи тоа...
...Тато и мама малку беа на chat, па потоа следеше copy/paste, на нашите слики. Потоа преку e-mail договоривме состанок. Се најдовме во cyber cafe, малку поразговаравме па отидовме во WC.
Потоа, мама направи неколку download-ди со memory stick- от на тато. Кога тато беше подготвен за up-load приметивме дека немаме firewall.
Но, веќе беше доцна за undo а ни delete веќе не помогна.
Девет месеци подоцна вирусот веќе делуваше….
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Компјутерски клетви
Да ти се поебе 9-та игличка од процесорот.
Да ти се стопи матичната, како чоколадо во микробранова да ти стане.
Да ти се заглави буквата „С“ од тастатурата.
Да ти откаже Num Lock диодата.
Дај боже сите кулери топло да ти дуваат.
Да ти се поебат 457-миот и 894-тиот пиксел на мониторот.
Дај боже End Task копчето од Task Manager, disabled да ти биде.
Да ти се поебе ласерот од CD-ROM-от, па CD-иња на игла да вртиш
Кога нема да ти се дига да немаш опција SafeMode
Да даде Господ да фаќаш WiFi мрежа со 100% јачина на сигнал и пак да не ти отвора страници...
Да ти пишува Press any key, кога тастатурата ќе ти е расипе!
Да ти пишува Click here, кога маусот ќе ти се расипе


Што прави програмер кога му е топло?
- Десен клик и рефреш.



Оди програмер на бензинска и му вели на продавачот:
- Ве молам наточете ми гориво!
-Каков 95 или 98?
-Што? Зарем немате WIN 7!!!
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Програмер здогледал девојка како седи сама во кафуле и почнал да и се удвара...
Сакаш да те частам кафе?
-Не фала!
Сакаш да те частам сок?
-Не фала!
А сакаш да те частам водка?
-Не фала!
По ова програмерот се замислил и си рекол во себе:

“Хмм, чудно, стандардните драјвери не ги прифаќа !!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,687
3,865
1,183
Програмер здогледал девојка како седи сама во кафуле и почнал да и се удвара...
Сакаш да те частам кафе?
-Не фала!
Сакаш да те частам сок?
-Не фала!
А сакаш да те частам водка?
-Не фала!
По ова програмерот се замислил и си рекол во себе:
“Хмм, чудно, стандардните драјвери не ги прифаќа !!
го имаш погоре :)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,269
9,111
1,683
Дете на програмер тргнува во прво одделение.
На првиот училишен ден учителката им објаснува:
- Ако некој сака нешто да праша или каже, нека крене рака.
Детето веднаш крева рака. Професорката:
- Да, кажи.
- Ништо, ништо, само тестирам како работи системот!