Верувате ли во сонови?

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Ретко да ми се остварувало нешто.Минатото лето сонував гробишта и тоа значело дека ќе умрел некој од семејството.И другиот ден стварно почина дедо ми.
Друго не ми се остварувало од сонуваното.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не, ама имам другарка што е опседната со сонови и убедена е дека секој сон има некакво значење (facepalm)
И во право е. Секој сон има некакво значење, ама е далеку од тоа дека соновите имаат пророчки значења... Повеќе би рекол дека сонот е дијагноза на животот... да сме кабожни добро да го разбираме симболичкиот јазик кој ни го налага нашата индивидуа (оти не сум застапник на фројдовците што имаат еднаш, засекогаш дадени симболи, или пак Јунг што ќе бара архетипски начела), животот ќе ни биде веј мач бедр...
 
Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343

Не се согласувам целосно, според мене мислам дека сонот претставува одраз на она најмногу што си мислел во текот на денот, небитно дали свесно или потсвесно.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не се согласувам целосно, според мене мислам дека сонот претставува одраз на она најмногу што си мислел во текот на денот, небитно дали свесно или потсвесно.
Го кажа истото она што јас ти го реков... само што јас реков дека соновите имаат значење, затоа што можат да „дијагностицираат“ некоја твоја загриженост, мисла...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не секој сон е вистина всушност нема тука што да се верува, а треба правилно да се протолкува (исто ко да си гледаш на кафе) па сега колку ќе се исполни зависи од самата личност колку ќе го поврзе сонот со реалноста истото е и со гледањето на кафе.
Во кратки црти се е до психа. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Така е.А и ако е некој премногу задлабочен и се замара секој сон што значи,паметот се растргнува.:(
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Кога сонувам дека се искачувам секогаш ми се случува некој успех,среќа.
Кога сонувам дека се симнувам,секогаш се разболувам или имам некоја непријатна ситуација.
 
Bozle

Староседелец
18 ноември 2018
7
4
603
45
Сонував вошки како ми го лазат целото лице, нареден ден сите гребки шо ги купив беа добитни.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Хм... и да и не. Верувам во оној дел дека соновите вадат работи од потсвеста на површина, па со тек на време се учам да ги толкувам и да постапувам за некои работи онака како што потсвесно знам дека е правилно, а во реалниот живот им се двоумам.
По дома имаме Велики Народни Сановник, Фројдовачи, соновник од една Драгче - една локална гатарица што уз поезијата си издаде и соновник, ама дури и кога сум барала толкувања, не памтам нешто многу да се поклопило од аспект да ми предвиди настан што ќе се случи. Во тоа не верувам пошто ни ми се случило, ни па многу логика ми имаат повеќето соништа, па да им барам значење. :zelen
 
187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Еден ден пред да почине дедо ми го сонував како лежи во сандакот и лицето му беше многу чудно и задебелено. Наредниот ден почина и целосната слика од сонот се оствари во реалноста.