Баба ми, мајка му на татко ми, умрела точно 20 дена пред да се родам јас, од тага по ќерка и` која починала од шеќерна болест на близу 30 години. Нејзиниот маж, дедо ми, умре исто така од шеќерна болест кога јас бев 4 годинки...го паметам по малку по неговиот специфичен од со бастунот.
Баба ми, мајка и` на мајка ми, почина пред 9 години и паметам ко да беше вчера. Речиси половина од нејзиниот живот го помина целосно парализирана, јадеше течна храна затоа што одвај ја движеше вилицата и одвај зборуваше...но си ја сакав многу, иако пред да почине имаше склероза во рана фаза. Пред да почине 3 дена начувствував дека ќе се случи тоа и плачев по неа...
Дедо, татко и` на мајка ми, е сеуште жив. Некни бев да го посетам и да го видам како е и што прави. Има речиси целосно оштетен вид поради тоа што има преживеано струен удар од далекувод. Приметувам дека и кај него почнува склерозата.