Ваша поезија

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Некогаш имаше

И ѕвездите ќе истечат од очите на мртвите,
ќе прогледаат со нив и слепите,
живите ќе побараат прошка,
ќе се соочат со трошките,
кои нема да ги наситат ниту со клунот на птиците,
милоста ќе биде закована во дрвото на распнатиот,
не ќе постои ни истокот ни западот,
сѐ ќе се свие во жал и бол на тие што носат тело од крв и месо,
без душа сѐ ќе покрие стопен бран и нема да се знае ничие име,
ќе биде проголтано со гладот на хиероглифите,
безбожно,
зошто некогаш имаше бог,
кој себично го прокоцкавме.
(bravo) Многу ми се допаѓа



Има Ноќ

Живите се неми, под сенката на Утре,
Утре, за тела без души,
Утре, за поглед меланхоличен,
Утре, за тага и мисла празна,
Утре, будење на срцата за зло и болка,
будење на очите за плач,
на усните за отров и глад...
Но, има Ноќ, од чии урни спокојно истекува,
рој светови и една кадифена река,
и еден сон што лекува.
Гледај, мермерот надгробен белее во темнината,
тополите вишни кротко веднат глави,
слушај, мртвите чекорат низ дрвјата,
кон починката тиха што освежува,
со чекор волшебен под сјајот на месечината,
ослободени од грижите на иднината.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
(bravo) Многу ми се допаѓа



Има Ноќ

Живите се неми, под сенката на Утре,
Утре, за тела без души,
Утре, за поглед меланхоличен,
Утре, за тага и мисла празна,
Утре, будење на срцата за зло и болка,
будење на очите за плач,
на усните за отров и глад...
Но, има Ноќ, од чии урни спокојно истекува,
рој светови и една кадифена река,
и еден сон што лекува.
Гледај, мермерот надгробен белее во темнината,
тополите вишни кротко веднат глави,
слушај, мртвите чекорат низ дрвјата,
кон починката тиха што освежува,
со чекор волшебен под сјајот на месечината,
ослободени од грижите на иднината.
(wasntme)

Денот ги дивее оваа почва и сето битие врз неа,
за да ги прикаже сребрени во космосот,
да сокрие бол и крв врз ножот,
и ги открие лажно насмеаните и само пијано распеаните,
а ноќта е за живите изгниени во мразот на вечноста,
тивко да талкаат и поцрни од неа,
во неа,
таму нема место за љубов и надеж,
нема ни утре,
таму вишнее светлината на едно кандило,
од него доаѓаме и во него се враќаме,
со душите заталкани да го споиме непоимливото за другите,
за шумот на ветрот со жуборот на реките,
за една нишка,
лошо навезена меѓу земјата и небото,
меѓу мене и тебе,
добрата ти и грдиот јас,
во денот,
во ноќта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Буди се Среќо, станувај,
ме влечат темни брзаци,
ме гушат мрачни облаци,
разгори ѕвезди згаснати, очи да прогледаат,
разбуди птици заспани, гради да запеат.

Буди се Среќо, станувај,
ми трујат бистри извори,
ми крадат цветни сонови,
зачувај ружи бели, во моите корени никнати,
врати ми радост, оживеј ми младост.

Буди се Среќо, станувај,
еве, молам, не се откажувај,
фрли го твојот појас од бршлен,
од глупости зрели,
од корали и килибари.

Сиот свет и љубовта, млади се,
но, може ли младоста да трае,
и љубовта во мене,
без старост, ниту потреби,
само чиста радост,
па да го прифати тоа мојот ум,
да живеам со тоа,
да бидеш љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Песна,
кога се раѓа,
пелтечи во крвта,
дал молитва на небото праќам,
ил капка отров ќе капне на рана?
Песна,
кога боли и пече,
како глас пророчки минува низ уста,
свирете, во грлото застана,
о, оваа ноќ е чудна,
пејте, има и по некоја солза.
Песна,
за оние, за кои тој се моли,
овој копнеж не е залуден, сѐ е само песна,
пејте, јас немам глас,
и на опелото испијте до дно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Luckky

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не запирај

Не запирај на мојот гроб,
одмини го,
ниту сенката на твоето стапало врз него не ќе ми значи ништо,
јас нема да бидам таму.
Не запирај ги солзите врз твоето лице,
ќе заврнам и ги сокријам од туѓи погледи,
ми значат многу тие убави очи,
јас ќе бидам таму.
Не запирај го здивот,
кога ќе престане срцево,
ќе продолжи во твоето,
со модрата убавина украдена од рајот,
а со излечената ќе ја насмеам твојата крв,
како некогаш,
во сеќавање идно мое и твое.
Не запирај да љубиш,
само така ќе ме препознаеш во богот на љубовта,
питка ко благо вино,
истечена под крошните на пролетта.
Не запирај да бидеме живи како планина,
да не болиш после смртта,
и сокриеш виделина,
во нас имаше бериќет,
нека го ожнее времето,
после мене, тебе,
после нас.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Sonista so mrtovci,
jave so smrt,
nasmevka so bolka
grch vo usni.
Da neznaev kolku mnogu mozam da ljubam, ke bev posmirena.
Da ne znaev toplina na pregratka
ke mechtaev seuste za ljubov.
Da bev pomlada ke imav miris na temjanishki,
Da bev tvoja kosmosot ke ti go podarev.
Da bev ziva ke ziveev so polni ochi,
Da bev son, ke bese ti vo nego.
Samo da bev, no nebev.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Luckky

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќта е искрена,
канделабри течат изворно во неа,
ко беседа заборавена во минатото,
покриена со прашина.
Седам замаен ноктурно во ноти со дим изваени од глинени стихови,
неискажани,
а сѐ е така тивко,
но има надеж за новото утро,
на крајот од денот,
знам сѐ ќе почне одново со новото сонце,
нешто како болест,
во мене, во тебе и со некој страв кој не покрива сите со зборови залутани и искривени со насмевка.
Ноќта е таква, каква што е со векови,
а во нас гнев и до него гнев,
од квечерината до изгревот,
нанижени ко тутун,
ко ѕвезда што паѓа и не бара прошка,
од мојата до твојата судбина,
прашувајќи,
има ли уште,
има ли?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ми недостасува твојот шепотлив глас,
под ѕвездите кои моќно го осветлуваат твоето постоење,
заробено во тишината на нашето минато,
сегашност и повторното незнајно,
сокриено под пазувите на длабоките зеници кои се простираат нежно во будноста и сонот на нашите очи,
отуѓени со нашите лица,
кои не препознаваат ништо добро и вистинито,
искалени во воздивот на ноќта,
тука сме,
во голиот витраж на нашето бдеење,
ти за мене,
јас за тебе,
јако,
толку јако како неодолива насмевка од која процветуваат есенските лисја,
непрепознатливо ко светулка во мракот,
која заспива неколку минути пред магичната полноќ,
застрелана во аортата на срцето,
во кое истекувам за нас,
без тебе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Биди мое вино,
акорди во ноќта,
аурора,
тиркизно искована во крвта,
дарувана во толку ѕвезди,
создадена во црн превез,
кој го носам на градиве полни со љубов.
Биди своја распослана ко листови од роза меѓу распнатиот и тој што го создаде универзумот,
во зениците на небото восочно,
разгорено во срцето.
Темјан нека биде мирисот на нашите тела разделени,
во плачот на новороденото наше после илјада години,
меѓу твоето и моето постоење,
исплачено од вечноста,
во која самувам без тебе,
со тебе немо,
скинато од сонцето,
со новиот здив,
од кој умираат разбудените.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Го мешаш ти ова спокојно море што го љубам,
со силуета една,
падната од пиедесталот и лежи на земја на парчиња,
со пенливиот здив на есента,
расцутена на секоја гранка низ телово што струи.
Пронајде ветување во латица од роза,
и стана лист оттргнат од своето стебло.
Твоите трепки, мокри од дождот, спијат на мојот образ.
Дождот не плаче, само потсеќа на блискост.
Дури и кога би го разбрал
нема да ти каже
дека во твоите очи видов дожд од солзи
и дека ја пиев од нив твојата болка како сува земја.
Води љубов со мене
на дождлив ден,
додека вистина испарува од мојата кожа,
води љубов со мене
во ноќите,
додека златен прамен коса го распрснува прозорското стакло,
додека дождот ми го менува мирисот на кожата,
па разбуди се како некој друг,
играјќи се со сончевите зраци,
како да си заборавил на онаа која носеше светлина на дланките,
онаа која плачеше низ секоја пора од телото,
и го налеваше твоето со кадифени чаши шепот и нежност.
Си украл стихови од ветрот,
стихови кои не постојат,
како да си заборавил на онаа која го знае јазикот на дрвјата...
Станувам гола како твојата песна,
раната почнува во зеницата на погледот,
погледот талка меѓу силуети
тебе блиски,
кои го допираат она од што се плашиш,
во допирот е камен,
во каменот пепел.
Што и да се случи,
како да е прв пат,
води љубов со мене во утрата,
во тебе е снага која одмара,
спремна да изгори се што носиш во себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar