Те ужаснува ли невозможноста?
Или поужасно е претпоставувањето на возможноста?
Само со чекање ќе научиш да не чекаш никој,
или да го разликуваш никој од оној Некој.
Се чекаме еден со друг,
стоејќи еден покрај друг,
се чекаме еден со друг,
гледајќи се во очи,
се чекаме еден со друг,
разминувајќи се како двајца странци.
Бдееш во брчките под очиве,
чекаш да се раздени,
на лицево,
ги погреба насмевките,
во моите дланки,
криците удираат во плафонот
и ни паѓаат на перница,
и сонцето ќе падне од гранките
ако го свртам погледот.
Се пиеме взаемно,
гледајќи се преку работ на филџанот,
непокането туѓо присуство
под сводовите на нашите непца,
восочна ноќ не носи под пазувите,
го дробам твојот гол поглед,
да ја скршам болката,
од секоја премолчена болка по една липа изникнува,
од секоја надеж по една ѕвезда...
И останува недостижна пред нас.
Или поужасно е претпоставувањето на возможноста?
Само со чекање ќе научиш да не чекаш никој,
или да го разликуваш никој од оној Некој.
Се чекаме еден со друг,
стоејќи еден покрај друг,
се чекаме еден со друг,
гледајќи се во очи,
се чекаме еден со друг,
разминувајќи се како двајца странци.
Бдееш во брчките под очиве,
чекаш да се раздени,
на лицево,
ги погреба насмевките,
во моите дланки,
криците удираат во плафонот
и ни паѓаат на перница,
и сонцето ќе падне од гранките
ако го свртам погледот.
Се пиеме взаемно,
гледајќи се преку работ на филџанот,
непокането туѓо присуство
под сводовите на нашите непца,
восочна ноќ не носи под пазувите,
го дробам твојот гол поглед,
да ја скршам болката,
од секоја премолчена болка по една липа изникнува,
од секоја надеж по една ѕвезда...
И останува недостижна пред нас.
Последна промена: