Не е поезија,
ни стихови љубовни,
јас само разговарам со тебе,
а како поинаку да ти кажам?
Кога те гледам
го гледам дното на небото и врвот на светот,
го пијам тој кристален блесок
од зеница нежна, што ја знае тежината на планина една,
ја пијам страста
што во зенитот разгорува
и безумно ме гори и растопува.
Кога те слушам
ја слушам тишината на крилјата
пред месечината да пламне што се скротуваат,
вдишувам спокојно
од таа екстаза што се пробива низ ребрата на ѕвездите,
и ме оживува, исто колку што ме покорува.
Ветуваше дека ќе бидеш во секое дрво,
дека секое утро како пулс ќе отчукуваш во градиве,
и ти поверував,
и верувам, дека во сечии очи е твојот поглед,
твоите зборови се нишаат како класје,
само каде да го пронајдам тоа поле?
Не е поезија,
само, како поинаку да ти кажам,
ми треба твојата насмевка за насмевка.