Полно ми е срцево,
со брчки и солзи,
не ќе посегнам со прстиве,
да го измијам со нова крв,
толку потребна.
Ноќва ќе заспијам,
по не знам кој пат,
не ќе се препознаам во ниту еден сон и допир,
на мека постела,
од твојта коса истакена.
Одамна стојам пред олтарот ветен,
за свилено небо од љубов и тага,
прекрстени во тишина на сеќавањата,
мои и твои.
На дланкиве те имам,
напишана во молитва,
од бор изваена,
во нова престилка,
со ѕвездите згасната.
Нека си тука,
остани,
во една боја на ѕуницата,
со која бијат камбаните,
пред полноќта искрена,
која те дели,
тебе,
во мене вистина.
со брчки и солзи,
не ќе посегнам со прстиве,
да го измијам со нова крв,
толку потребна.
Ноќва ќе заспијам,
по не знам кој пат,
не ќе се препознаам во ниту еден сон и допир,
на мека постела,
од твојта коса истакена.
Одамна стојам пред олтарот ветен,
за свилено небо од љубов и тага,
прекрстени во тишина на сеќавањата,
мои и твои.
На дланкиве те имам,
напишана во молитва,
од бор изваена,
во нова престилка,
со ѕвездите згасната.
Нека си тука,
остани,
во една боја на ѕуницата,
со која бијат камбаните,
пред полноќта искрена,
која те дели,
тебе,
во мене вистина.