Ваша поезија

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Не е поезија,
ни стихови љубовни,
јас само разговарам со тебе,
а како поинаку да ти кажам?
Кога те гледам
го гледам дното на небото и врвот на светот,
го пијам тој кристален блесок
од зеница нежна, што ја знае тежината на планина една,
ја пијам страста
што во зенитот разгорува
и безумно ме гори и растопува.
Кога те слушам
ја слушам тишината на крилјата
пред месечината да пламне што се скротуваат,
вдишувам спокојно
од таа екстаза што се пробива низ ребрата на ѕвездите,
и ме оживува, исто колку што ме покорува.
Ветуваше дека ќе бидеш во секое дрво,
дека секое утро како пулс ќе отчукуваш во градиве,
и ти поверував,
и верувам, дека во сечии очи е твојот поглед,
твоите зборови се нишаат како класје,
само каде да го пронајдам тоа поле?
Не е поезија,
само, како поинаку да ти кажам,
ми треба твојата насмевка за насмевка.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Постои време кога сакам да те допрам,
врнежливо и тивко,
под кое никнуваат ноќите,
во моите дамари,
твојата крв тече низ нив слободно,
виулесто ко пламени нокти,
без да посакам,
творба е божна таа на падините безбожни што го распнуваат твоето име во срцево што го носам.
Постоиш нежна во килибарот на моите солзи,
кои истекуваат во твојта коса,
без разбирање,
без грутка милост,
завеани во овенатоста на раната есен,
опојно,
ко последна песна и први нејасни зборови на новородена уста.
Постои небото, постоиш и ти, во мене, од тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Долги се буквите на тиркизните билборди кои ветуваат подобар живот,
длабоки се нивните жигови,
чисто извалкани со црната иднина,
потемна од ноќта,
извајана од сржта на немоќта,
после која водата нема своја воденица,
ниту раѓањето во неа нема смисол.
Еден до еден стоиме во ниеден,
под прангите на моќните,
ко робови на новата иднина,
распрскана во илјада умирања,
во бесони ноќи и помалку денови,
во кои сме фабулативно одродени од поезијата на човечкото постоење,
кое не чини луѓе,
љубов и сочувство,
од она за кое што сме родени и создадени да чекориме различно,
за да го допреме вистинскиот сјај на ѕвездите,
под кои постоиме,
еден до еден,
ко ниеден,
држејќи се за рака,
со исти очи и истата пасија за невозможното,
истечено во срцето на едно вистинско отчукување,
за сите лажни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Не верувам во времето,
не постои копнеж со рок на траење,
не постои стара,
не постои нова,
но, и тоа како постои оваа,
Љубов,
која не е инспирација,
сега знам,
но, не постои причина,
доволно добра,
да ја одречеш.
Можеше да не сакам сѐ твое и да не сакаш сѐ мое,
можеше да биде без душа,
без радост, без зборови,
можеше некој од нас да не мисли на нас.
Можеше да не боли,
можеше да не се сомневаш во нас,
можеше некој да те сака повеќе од мене,
Можеше, но не е.

Ноќта ги камшикува мислите
кои не стигнуваат никаде,
ветрот ги бакнува нежните гранки
кои ми ги хранат очите.
Зар не се прекрасни овие гранки,
што мирисаат на вечна песна,
и над нив небото,
бели раце се влечат низ него,
хармонично допирајќи ја душата
немирно разбудена од лесен сон....
Спиј сега...
И ти мене ми недостигаш.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
И градот се прелева,
од бокалот на недостижното,
и тесните улички...
Уличните светилки почнуваат да светат,
а тротоарите се срамат,
секој во својот хаос плови,
како желби на небото.
Тажно лице со светла сенка,
како камен на тивок рингишпил,
и јас му верувам,
немам бог.
Не оставај резови кои печат,
длабоки, јасни,
не гризи,
тенка ми е кожата, скоро проѕирна,
и соновите ги гризеш.
И коските ме болат ноќва,
потешки се од мислите..
Нежност ми треба...
ноќва,
нема маска,
само вел од пајажина...
Зрно сум надеж,
на дланките твои,
посакувани,
потребни...
Само застани пред прашливиот олтар,
и посакај ме,
љуби ме,
нека телово постане само ѕвездена прашина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Доаѓаат тивко,
ноќните стравови,
ја газат мојата сенка,
со своите фини, меки стапала,
ги прекриваат со прашина
од воздишки на дамнешни спомени,
моите соништа.
Пука кожата
надуена од чувства
кои не можат да излезат од оковите на моите мисли.
Светот треба да знае за нив,
но јас зборувам на друг јазик.
Можам да создадам тон
кој ќе се игра на гранките на големото дабово дрво,
но не можам да го споделам чувството.
Затоа,
Ти,
што чекориш по виножитото,
прошири го спектарот на бои за уште една,
и прифати го новото сонце,
тргни го слојот магла и бура,
скрши го каменот и во него пронајди цвет,
кој ќе го носиш гордо на градите.
Можеби ќе го почувствуваш неговиот мирис,
кога ќе допреш ладна рака.
Моите летни мириси
станаа маѓепсани само кога
Твоите раце ме зедоа во раце.
Забави го темпото,
додека твојот здив дише во мене,
топлото крзно на прегратката ќе не осветли со сон.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Во очиве срма,
од твојта тага натопена,
срце крв бранува,
а моето во твојте усни врели сонува,
проклета ти,
јас зора нестасана,
да не те дознаев во ниту еден скриен сокак,
ќе тагував залутан,
ниту ден ќе прозборев,
ниту месечина ќе прогледав,
слеп за навек,
ќе недостасуваше,
во глувите чекори,
после полноќта,
што не разделува во едно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Od star prijatel dushman ne stanuva
Koga I da dojdes ke mi bides kruna na glavata
Te chekam,dojdi ili dadi nekoj znak
Da prodolzime tamu kade zastanavme.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нека се создадат нови ѕвезди,
врз килибарот под кој почива мојата смрт,
жив,
во бескрајната игра на сонцето и небото,
во која заоѓаат мислите на мудрите,
опојно во мирисот на новородената зора од рози исткаена,
студена и темна,
расплакана со радост од солзи со бранови диви,
налик на мојта крв,
од твоето тело одродена.
Ги пружам дланкиве со неа да те допрам,
да те посакам,
а во нив,
нека се создадат векови и нови брчки,
во кожата на моето и твоето постоење,
издлабени со љубовта,
во мојте очи сушни и твоите најубави дождни,
изгреани во твојте прамени волшебни,
кои ми го прекриваа лицето,
бакнежно и насмеано,
некогаш и негде,
навезени безвремено.
Не ќе те трогнат овие стихови,
за тебе напишани,
дарувани се такви,
непрочитани.