Ваша поезија

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се борам со капките бисери.
Како зрнца песок слободно ме испушти од твоите раце.
Од прв ден го имав чуството како се тркалам надолу.
Како ронка прашина безмилосно се држев на секоја станица при падот.
Ооо височино,никогаш не те видов одблизу.
Сакав за миг бар да зирнам во длабочините на твојата душа.
Колку само вешто беше ја затворил.
Зарем мислеше дека не ја насетувам твојата празнина?
Замислена статуа неможе да ги придвижува нештата.
Замислена статуа со туг веке однапред замислен лик.
Замислена статуа од која се бараше само нејзиното присуство.
Замислена статуа која претставуваше само нечие продолжение.
Статуа направена од прашина на ветрот.
543073_313931965360522_454997893_n.jpg
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
О височино
Ти владееш со мене.
Ти постоиш само за мене.
Ти си изворот на мојата убавина.
На сите мои парчиња,што од одамна веке не им го знаев местото
ти им го пронајде.
Сега пак се едно.
Повторно заедно ја вршат истата функција,како никогаш да не престанале.
Ти височино,
ти го претвараш невозможното во хармонија.
За мене не постои разлика помегу мракот и светлината.
Во мене не постои стравот.
Постоиш само ти.
tumblr_lnipx2oA881qefrmxo1_500.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Gemini

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
222440_219933374687907_164709013543677_1015789_7583364_n.jpg

Јас сум она што ке посакаш ти.
Сонце во прегратките на снегот.
Жар кој ја бакнува водата.
Непресушно море на сред пустина.
Лекот за сите болести.
Јас сум елексир за твојата бесмртност.
Зрнце прашинка во твоите очи.
Цвеке што вирее без капка вода.
Срекна булка на сибирски мраз.
Јас сум она што го создаваш ти.
Бела роза низ вулканска лава.
Детски сон на изнемоштен старец.
Приспивна песна на денот што се буди.
Јас сум она што ги спојува денот и нокта.
Јас сум она што го скротуваш ти.
Прегладнет волк кој спие мегу јагнињата.
Златна рипка која безгрижно плива низ медот.
Зрно ориз низ пченкарен клас.


(не љубам да ставам наслови)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
...И станавме странци,
со ладен поглед,
не прашувајќи се како.
На балкон,
со поглед закован за дрвото во соседниот двор,
чекам ветер.
Да ги мрдне лисјата,
да ја олади душата.
Чекам есен...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ф(р)ази

Идиот

Во спомените замина тивко
шепнувајќи ми едно „Те сакам“
А јас испаднав глупав
што ти го подарив срцето мое



Безгрижност

Спомените ми ги подари заедно
со еден грст ветувања
сега тие се тука единствени
да ме потсетуваат колку сум среќен


Болка

Како бран од студениот ветер
повторно ја чекам да ме допре
болката во која за прв пат
дознав дека сум само смртник


Враќање

Не, не враќај го погледот назад
не буди го она што некогаш беше
за оној кој некогашн сонувал
А сега веќе е буден.


Заборав
Соништата умираат во мигот
кога ќе допре новата зора
Јас те заборавив тебе откога
ненадејно ја препознав неа.

01. 06. 2012.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Со рацеве го создавам и она што рацете го немат.
Срцево низ карпа и челик го сеам.
Низ воздухот пливам,низ водата летам..

Одамна веке,така не е,само ке се сетам
aspbratt-00394-480x433.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
316377_194629277281979_115132155231692_422961_150489246_n.jpg


За кого?
Пак е тишина.
За кого?
Се разлева секавањето..
Разлевајки се,секнува.
Ме прашува за кого?
Конците разврзани,
одвај се познава нивната употреба.
За кого е секавањето,допирот?
Не постои ниту еден момент.
За кого би постоел?
Расплетени мисли со прекини.
Празна длабочина без основа.
За кого постои надежта?
Зарем постои мислата?
За кого е реалноста?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кога сонувам,пушти ме
тој свет е за мене.
Кога пагам,дигни ме,
со зборови бар охрабри ме.
Не е потребно ништо повеке,
доволно е и она малку,само мисли подари ми.
Само толку,колку да мислам дека не ти е сеедно.
Дозволи ми да се надевам,
единствено од тоа живеам.
Дозволи ми да плачам,
единствено така можам само да зборувам.
Солзите се мои зборови,за други не знам.
Тоа е моето срце.
Тоа сум јас.
Храбра.
Еве пак ти признавам,знаеш...те чувствувам.

8457dk5ru4iw3.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Gemini and WomanInRed