Ваша поезија

девојкатаовен

Полноправен Член
12 јуни 2012
50
50
18
29
Мрза ме фатила
нејќе да ме пуште
од мене само бара
да лежам уште

По цел ден
во телевизор гледам
филмови и серии
јас следам

Некоја чудна сила
кон компјутерот ме влече
„Стани и зачисти“
мама преска ми рече

Но еве јас
уште тука седам
и на овој форум
стихови редам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and parvati

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Остави ме.
Заборави ме.
Заобиколи ме.
Не приметувај ме.
Јас не сум јас повеке.
За тебе,не сум,за прв пат прифати ме.
f8o75acfgpe.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Gemini

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ми недостига еден дел од Тебе.
Ми недостига старата Јас.
Времето кога имав трпение и желба да ти верувам.
Колку само ми недостига.
Трошката надеж,
големиот копнеж,
желбата да бидеш мој.
Ми недостига немирот во душата,
страста во телото.
Ми недостига првата мисла во денот посветена на тебе.
Вербата во чудата.

525504_360323124006661_1121479165_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and JaMi

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Lifeless

Каде ти е храброста?
Каде ти е смелоста и самоконтролата?
А, себе си?
Се заборави? -викаше внатрешниот глас, длабоко од дупката, таму каде што се испреплетуваат цревата од стомакот -
да бидам појасна - сопствениот глас.
Преколнуваше и врескаше: НЕ СЕ ЗАБОРАВАЈ СЕБЕ СИ!
И навистина, беше во право..
Всушност и не знам кога сум се знаела себе си доволно..
However, гласот одекнуваше и понатаму, но кој го слуша?
Свеста повторно си нижи непотребни работи на линијата на животот, си додава случки и,
мисли дека така искуството се зголемува.
Не бе, глупа свест! НЕ. Не иде тоа така.
Кој те тераше да стануваш повторно зависна од некој кога и самата знаеш дека така стануваш неподнослива?
Aaaaaaand again, self-destruct.
Убава ти беше слободата, зошто мораше да ја уништиш за толку кратко време?
Ја замота во шамивче и ја фрли позади тебе..ајде, врати се, ЗЕМИ ЈА!
Каде ти е храброста?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Пробав се.
Пробав да избегам,
пробав да не ти зборувам,
пробав да не те гледам,
пробав да те мразам,
пробав да не те сакам...
Не успеав...
Секој стих боли,
секоја минута без тебе полека ме убива...
Знам дека не се враќаш,
среќен си со некоја друга...
А ми вети.
Вети дека тука ќе бидеш секогаш, а не си.
Се враќаш на минута или две,
колку само да го разгориш огнот кој тлее во мене.
Да, уште те сакам.
Посилно од секогаш.
Не знам, не можам и не сакам да ти речам не.
Не можам да си дозволам да те изгубам засекогаш.
Ти ќе останеш тука до мене, макар и како пријател.
А во мене?
Во мене секогаш ќе постоиш...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не е болка радоста.
Не е радост лагата.
Не е лага потребата.
Не е потреба копнежот.
Ти ја предизвикуваш солзата,
само таа ме допира.
Не ми зборувај за суровоста,
таа од секогаш е присутна.
Не ме радува твојата тага,
не ја сакам твојата осаменост.
Предизвикувај ја солзата,
само така ке го осетам допирот.
Таа ке ми биде доволна.
h5sUt.jpg
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Низ капките дожд барам призрак светлина -
да ме утеши, да ме погали.
Низ пламенот кој разгорува во срцево -
барам место за да се скријам.
Копнежот и стравот се еднакво силни.
Го барам твојот допир и твојата насмевка,
а од зад аголот ми се смешка стравот
и ми шепоти дека ќе те изгубам.
И копнежот е тука некаде,
ме разорува посочувајќи ми колку ми требаш.
Чекам, а стихијата продолжува . . .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Во сонот твој...

Вечерва легни на твојата постела мека
Знаеш и самата, во сонот те чекам
Таму кај што фантазијата реалност би била
Знаеш дека зборувам за мене и тебе, мила.

А таму, твоите прсти со секој допир ме ежат
Како низ телово мое да плетат љубовна мрежа
А твоите усни, со тивок шепот ме галат
Најдлабоки, скриени мечти во мене палат.

Твојата глава потпрена на градите мои
Како секое биење на моево срце да го брои
А пак срцево, со твоето бијат како едно
И ја попречуваат тишината со секое следно.

А во тишината нашите погледи се љубат
Играат како пијани, од контрола се губат
Како љубовен нектар, екстаза што контролира
А доколку ја немаме, не би не’ оставила на мира...

Романтика и страсти во една љубовна идила
Се надополнуваат, летаат на волшебни крила
А јас и ти во прегратка, како заеднички плен
Се препуштаме, уживаме во тој љубовен крем.

Еј, разбуди се мила, нов ден полека се раѓа
И секоја вечерна фантазија во вода како да паѓа
Сите моменти кај што бевме заедно ќе ги снема
Но следната вечер пак ќе дојдат, по истата шема. =)

cuddling.jpg
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
И од оваа болка има поголема.
И од оваа празнина има поголеми отвори.
И оваа самотија не е потполна.
Постои поголема.
Ја имам среката,знам како да ја створам.
Го имам задоволството,знам каде да го барам.
Засекогаш ке постои рагањето,ке постои и смрта.
Се рага,се ужива,се стишува,исчезнува,делумно се заборава.
И ова ке помине,и од ова ке ке го извлечам она што можам.
И од ова ке научам,но основата нема да ја сменам.
И ова ке го платам,можам,нека оди на мојата отворена сметка.
Колку повеке плакам тоа ме прави побогата.
Знам дека можам.
389057_303110619700318_1280760026_n.jpg
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Чии се овие раце?
Толку безвредни а сепак ме поседуваат?
Како се разбудив во нив?
Зарем е толку лесен патот до безвредноста?
А што е вредност?
Смеев ли тоа да си го дозволам?
Можев ли?
Сакав ли?
Зошто порано не сфатив,колку побезвредно толку полесно?
А сфатив ли?
Ахх,зарем има што да се сфати?
179994_384125481635788_977425594_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena