Ваша поезија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
….пишував солзи, таги, болки
среќата никогаш не успевав да ја запишам
раскажував соништа, мечти,посакувања,
живењето никогаш не умеев да го прераскажам
се вовлекував во зборовите за да чувствувам живот
сега молчејќи, живеам чувства….
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Saturnia and Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
знаеш како ми е?
.
замисли – прегласна музика
наеднаш, без најава, неочекувано трешти се` околу тебе
а ти не успеваш да сфатиш кај си
ни што точно се случува,
па се вртиш наоколу обидувајќи се да распознаеш
да видиш,
да рабереш зошто, како, од каде
ама прегласна е
толку гласна што ниедно друго сетило не ти функционира
и ништо не гледаш
и ништо не распознаваш
и никако не успеваш да разбереш
ни зошто, ни како, ни од каде
а ритамот беснее
навлегува полека во тебе
лази прво по кожата за да си најде пукнатина
и да се пробие се` до с`ржта,
го чувствуваш
а не можеш да се спротивставиш,
ни да избегаш,
ни милиметар да се помрднеш
и се` што мислиш е дека сакаш да престане
да се стиши
да се смири
и разумот се буни, се бори
но, срцето,
срцето те издава…
кога мислиш дека ќе се распрсне на илјадници парчиња
се запрепастуваш
сфаќаш дека тоа се препушта
полека го прифаќа ритамот
се навикнува
па почнува и само да збеснува
и
ужива!
ужива!
како границата на чувствувањето да се изместила
па она што во почетокот било премногу
наеднаш станува само нормално,
некако обично,
иако знаеш дека не е,
дека треба да најдеш начин како да ја стишиш музиката,
да и` го промениш некако ритамот
оти разумот не го прифаќа лудилото на срцето,
па на крајот успеваш
и се` е како што треба да биде
смирено,
нежно,
тивко,
а сепак не е така како што сакаш
зашто границата на чувствувањето веќе се изместила
и не можеш да ја вратиш назад
и не успеваш да чуеш ништо
или слушаш сосема, сосема тивко…
и
иако знаеш
дека има музика,
не ти е доволна
на срцето твое не му е доволна
тоа како воопшто да не ја чувствува
како да не чувствува ништо
не слуша ништо
ништо
па почнува да се гуши зашто го нема тој луд ритам
поради кој беснеело
и знаело дека е вистински живо
живо…
на крајот сфаќаш
дека се` што сакаш
е само да најдеш начин да си докажеш себеси
дека срцето сеуште ти е живо
дека сеуште може да беснее
дека може да чувствува…
се` што сакаш е
ти
да се почувствуваш така
како тогаш
кога срцето уживало
во лудиот ритам на таа премногу
премногу гласна музика…
.
ете
така некако
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Време е...

За ново изгрејсонце, за сончев ден,
За животна песна, но со различен рефрен,
За топли прегратки кои вечно ќе траат,
За искрени насмевки кои од срце сјаат.

За простено минато, а иднина светла,
За лечење на душата, ранета и кревка,
За цврсти чекори, без вртење назад,
За подавање рака на оние кои се мразат.

Но пред се’ е време за љубовта да воскресне,
И нејзиниот стар сјај, повторно да блесне,
За бакнеж кој не’ возбудува ко дете,
И ги руши бариерите кон нашиот пат цветен.

work.2862044.3.flat,550x550,075,f.a-new-dawn.jpg
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Патетика
Животот-гоооолем лавиринт
Лавиринт во сложувалка
каде е почетокот,
а каде крајот?

Портрет од емоции,
побарај го...
Ќе го пронајдеш
во најблиската соба од животот.

Безпросторни илузии,
душата моја-илузионист
Насекаде...
само љубопитни сенки.
Љубомората-пакост на твојот ум...

Гледаш ли?
Дете кое сонува пат од облаци...
до тебе...
Слушаш ли?
Ехо од биењето на едно тажно срце...
за тебе...
Мирисаш ли?
Крв...тапа болка во душата...
поради тебе...
Вкусуваш ли?
Туѓи усни со горчлив вкус...
поради мене...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and The_Mayor

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Судбина?
...Воздухот е студен,
небото натрупано со облаци
нивните пространи слапови минуваат еден преку друг,
ме постетува на...
да, да...
на зимско топење на мраз во некоја река.
Полумесечината се кандилка помеѓу облаците
личи на некоја лаѓа,
опкружена со тие воздушни санти...
А каде сме јас и ти во овој приказ?
Аххх....
мислам дека немора сите да знаат...
Само ќе им напоменам...
дека сум подготвена,
само за тебе...вечерва...
треперам...
како да ми е прв пат...
а не ми е,
те знам од неодамна,
но се чувствувам како цел живот да сум била со тебе...
Ахххх...
Само пробај...
Осети ја мојата гладна потреба за тебе...
Само пробај...
Препушти се...
Ахххх...
Доволно е тоа да го знаат,
другото е само наше...
...Прашина од минатото...
зрно од сеќавања...
плод од судбина...
Онаа судбина што не спои...
И во која можеби не треба...
Но сепак, верувам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and The_Mayor

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Има денови кога емоциите ви навираат како планинска река и кога единственото нешто што можете да го направите е да ги запишете на 'парче хартија'... поттикнати од многу нешта,понекогаш од возбуда,занес,заљубеност,среќа,разочарување,тага,жал,каење...
Нека биде ова простор и наше заедничко катче за споделување на емоциите и чувствата :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and Marchisio

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Заслепена од светлината која ми надоаѓа од отворенто ковчеже кое го отворив пред кратко време,сеуште неможам да си објаснам некои работи...
Но,сепак таа светлина ми дава исполнетост но истовремено празнина ,ми дава радост но истовремено страв од непознатото... понекогаш некои работи не можам ни да ги видам од што е силана светлината...но,ќе биде се во ред ...
Понекогаш посакувам да сум дете кое неуморно си игра во зелените полјани кинејќи бели цветчиња и правејќи убав венец,кој како украс и симбол на убавина и спокојство би ја красел мојата коса како конец од свила...
Единствено враќање кон моето детсво е преку моите мисли ... но да бидам искрена задоволна сум и со тоа.Убаво ми е на душава кога ќе се вратам во тоа време на безгрижност... :)
(Сликава ми беше главен поттик ...) 403437_394816243908941_1521594822_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Marchisio

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Шо не ме бива на искажување емоции со зборови,за да можев да ти ја испоштувам темава.
Немора да биде долго нели?
Можам на пример да напишам и цитат? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Шо не ме бива на искажување емоции со зборови,за да можев да ти ја испоштувам темава.
Немора да биде долго нели?
Можам на пример да напишам и цитат? :)
може...и знам дека те бива (hug)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
може...и знам дека те бива (hug)
Епа ај оди сега па нешто не напиши :rolleyes:

Копнеж

Копнежот е минато
Во мене горат гаволски огнови,толку силно распламтени што допираат до мојата душа.
Ја прават погана.
Мирисот на изгорено го чувствувам.
Ма не постои пожарот,тоа е само имагинација на мојата непроспиена нок.
Секогаш ке копнеам,ако не по тебе,по она што сакав да бидеш.


продолжува...