Ваша поезија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
делата се отприлика поделени по теми
за детали и појаснување контактирајте ја модераторката Baronessa
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
време без тебе

и ако без тебе имам се‘
се‘ без тебе е ништо
ништо имам, а ми велат- имаш се‘
се‘ што имам , растурам и губам

губам се‘, а не ми смета
а ми смета се‘
велам имам се‘ што ми смета
само тебе не

губам се‘ и се губам
во времето без тебе
кога велам дека се смеам
а несмеам да лажам

но ќе се лажам за се‘
велат-кој лаже тој и краде
се надевам дека кје ми го украдат
моето време без тебе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and lady_blue

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.
Трагедијата на човечкиот избор


Секогаш било се до ИЗБОРОТ..
Во џебовите имаме илјада маски
и секогаш имаме избор со некоја од нив
да си го прекриеме лицето,
a никогаш не избираме да бидеме НИЕ..
Пријателството се претвора во натпревар на лицимери..
Љубовта во некоја отровна игра во која секако се губи...
Простувањето во сосема нешто непознато..
Успехот.. Нешто на кое што се завидува..
Искреноста.. Нешто што не се издржува..
Насмевката.. Нешто што никогаш не е доволно...
Среќата.. Нешто што повеќе го нема отколку што го има..
А ЗОШТО ЛИ ЛУЃЕТО ИЗБИРААТ ДА БИДЕ ТАКА ? ..
Препочитаат да бидат затворени за светот..
Од љубовта бегаат како да е таа заразен вирус..
Брзо се лутат, уште побрзо пламнуваат, а најлесно умеат да повредат..
Премногу уништуваат, а премалку градат..
Премногу зборуваат, а премалку размислуваат
А најстрашно..
Премногу мразат..
Да, забораваат и да сакаат..
И не само другите, туку и себеси..
Во такви времиња живееме.
Секој е нечија марионетка , и секој со маска на лицето шета низ светот..
Зошто пред светот не можеш да останеш свој на своето..
Зошто не можеш да сонуваш за слобода кога те држат во синџири..
Зошто на светот никогаш не му е доволно кога ќе дадеш се од себе..
Зошто на луѓето им е тешко да бидат едноставни..
И уште милион други зошто..
И сеуште сите гледаат бледо во своето огледало..
Го гледаат својот одраз.. А не продираат во својата душа..
Не знаат дека се моќни, доволно моќни да бидат сила која го движи универзумот..
Туку бираат да бидат просечни .. Од нејасни причини..
Живееме во време каде ќе почне и искрената прегратка и топлиот збор да бидат луксуз..
Во срцата на луѓето е ладна зима..
Од срце до срце..
Од човек до човек..
Целиот свет смрзнува..
Трагично..зар не ?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
по некојаси случајност, денеска, го сретнав вчерашниот ден
можеби беше и завчерашен, или некој од памтивек
велат сите случајности се контролирани од некој моќен центар
ама, што па нив би ги интересирала баш мојата случајност
а да се вратиме на почеток?
по некојаси случајност сретнав минато
помина покрај мене со булки во косата
замислете, во минатото јас би напишал оган во косата
но тоа минато поминало покрај мене а случајно не ме примети
сепак мора да е контролирано, инаку зошто би било така
минатото во секој случај ја гради иднината, макар во монументот на сечија маленкост
тогаш се почувствував дека сум темната страна на Месечината. шо би рекол тој Гилмоур
иако е глупост , темна страна секако не постои, постои моментално неосветлена и неможно видлива
и осветлена но сепак за нас невидлива другата половина
денес го сретнав минатото и бев моментално неосветлена страна на Месечината
која некогаш беше толку видлива што повеќемина помислуваа дека не сум од тука
и минатото мислеше исто така, седодека бевме луди на планината
за кои секое утро беше ново утро и хоризонтот беше на тотално спротивна страна
.
еден ден во минатото се разбудивме
ама тој ден не е тој што го сретнав
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Љубовта...
Воздишки од треперења,
растреперен пулс,
немирно срце,
скокотлива радост...
Таква е љубовта...
Нежни прегратки,
беспрекорни допири,
безгрешни удоволовувања,
љубовна искра што тлее...
Таква е љубовта...
Детска солзаа
исплакана врз растурена постела.
Нем крик во рано утро,
толку чиста и невина...
Таква е љубовта...
Безконечни апстракции
со конкретна моќ,
со силина и душа
како чувствата во мене...
Е таква е љубовта...
И само сакам...
Само сакам да остане како таква...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jasmina-Jase

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Проклето ми требаш....пак


Еден тон харизматични насмевки,
Дланки полни наивност и искреност,
Прилив од удобни прегратки,
Зрак чудно чувство на убавост...

Взаемно позамување на допирите
по нашите треперливи тела,
волшебната колминација
доживувајќи ја
над неговата нетрпелива снага...
Неодоливиот копнеж
по нешто ново,
по уште,
и уште,
и уште...

Нема уште...

Проклето неизразување чувства
Проклети недокажани зборови,
Проклет ТИ,
Проклета ЈАС
Проклето исчекување...
Проклето појави се,
Проклето....ми требаш.

За НАЈПРОКЛЕТО уште...
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
таа доминира
.
.
.
кога нешто ќе заврши
никогаш не е важен последниот ден
последното писмо
последниот збор
тоа е само романтичен сон
дека последниот ден
последното писмо
последниот збор
нешто значат
Не значат
ништо
ниту на тој што го изустил
ниту на оној што го слушнал
а смислата на крајот не е во денот
во писмото
во последниот збор
смислата на крајот е во одлуката
ТАА ДОМИНИРА
.
А краен ден, писмо и збор
е ненадежен обид
да нема крај
.
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
таа доминира
.
.
кога нешто ќе заврши
никогаш не е важен последниот ден
последното писмо
последниот збор
тоа е само романтичен сон
дека последниот ден
последното писмо
последниот збор
нешто значат
Не значат
ништо
ниту на тој што го изустил
ниту на оној што го слушнал
а смислата на крајот не е во денот
во писмото
во последниот збор
смислата на крајот е во одлуката
ТАА ДОМИНИРА
.
А краен ден, писмо и збор
е ненадежен обид
да нема крај
.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Magdalenne

Видов девојка магична
на росна трева послана,
нејзината убавина во мисла ми остана.
Мислев не ќе се најде
некој да срце ми скроти,
се појави таа,ко врел оган мраз го растопи.
И го чекам моментот,
горам за да ја видам,
да и кажам што чувствувам,
сакам со неа да бидам...
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
PLAY the GAME

SuperStock_1560R-2057058.jpg

Пази ситуација
јас и ти
во комбинација
ќе сонуваме игра.

Пази, притиснав ENTER
јас и ти
на прво ниво
стоиме еден наспротив друг.

Пази, во мени одбравме оружје.
Јас одбрав љубов.
Ти зема убавина.
Напаѓајќи те со љубов, ти стануваш се поубава.

Пази, одиме на ниво второ.
Ти одбра љубов.
За мене остана страст.
Напаѓајки ме со љубов, јас сум се‘ пострасен.

Пази, стигнавме до финалето.
Ти ме одбра мене,
а ти мене ми припадна.
Во ваква игра секогаш е нерешено.

END GAME, не вреди да играме.
Ајде,пак вистински да се сакаме.
И на јаве е нерешено,
кога ги користиме нашите оружја.