Индиго небо меѓу прстиве обоено од твоите,
златници од љубовни зборови,
премолчани
извајани низ времето,
родени во оваа есенска ноќ,
наши се поету,
мои и твои светови,
наши вселени и космоси,
полноќни соѕвездија,
закитени со вечност,
колку радосна повеќе таговна,
смртна или бесмртна,
од земјата потешка е,
ќе ја пронајдеме некогаш во работ на вистината
таа наша последна станица,
за толку соништа неисонувани,
копнежи премолчани,
од бурата на животот осакатени,
таму е нашето прибежиште,
во тие пролетни дождови безвременски,
во безброј стихови и ноти неиспишани,
море од мастило некогаш
се ќе раскаже,
во иднината ќе не живее.
златници од љубовни зборови,
премолчани
извајани низ времето,
родени во оваа есенска ноќ,
наши се поету,
мои и твои светови,
наши вселени и космоси,
полноќни соѕвездија,
закитени со вечност,
колку радосна повеќе таговна,
смртна или бесмртна,
од земјата потешка е,
ќе ја пронајдеме некогаш во работ на вистината
таа наша последна станица,
за толку соништа неисонувани,
копнежи премолчани,
од бурата на животот осакатени,
таму е нашето прибежиште,
во тие пролетни дождови безвременски,
во безброј стихови и ноти неиспишани,
море од мастило некогаш
се ќе раскаже,
во иднината ќе не живее.
Последна промена: