Уште малку ќе се разбуди
новиот ден.
Ете тој во доцното лето.
Првиот.
Уште малку,
ќе се вивнам на небото,
со брзина на светлината
само така да не го заборавам тлото под нозете.
Уште само малку
ќе протече благословот
на животот
низ мене како отров.
Уште малку,
па ќе почуствувам како душава
пригушена и тажна
брза да навлезе низ сите вени
и пори на телово
да ти се покаже тебе.
Уште малку.
Полноќ е.
Месечината ги сече
сенките на ноќта,
гледам низ прозорот,
досадна убавица.
Уште малку..
Срцево одскокнува
како жаба на жешкиот асфалт во јули.
новиот ден.
Ете тој во доцното лето.
Првиот.
Уште малку,
ќе се вивнам на небото,
со брзина на светлината
само така да не го заборавам тлото под нозете.
Уште само малку
ќе протече благословот
на животот
низ мене како отров.
Уште малку,
па ќе почуствувам како душава
пригушена и тажна
брза да навлезе низ сите вени
и пори на телово
да ти се покаже тебе.
Уште малку.
Полноќ е.
Месечината ги сече
сенките на ноќта,
гледам низ прозорот,
досадна убавица.
Уште малку..
Срцево одскокнува
како жаба на жешкиот асфалт во јули.