Ваша поезија

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Седам во кафич на крајот на светот и го гледам
животот пред себе.
Ах живот.
Па ете го,
пред мене се растегнал надалеку,
небаре гледам долгометражен филм.
Во секој момент проникнати
идеали
создаваат уметност.
Зарем не ги гледаш?
Секое вдишување нова визија,
предизвик за понатаму.
Каде?
Таму негде,којзнае каде.
Приземјување.
Секоја работа,
изделкано сопствено уметничко дело,
пот,
смрдеа,
и непроспиени ноќи.
Успех.
Секој проблем,
можност за
ново искуство,
оптимистички гледано..
Ќе биде..Кога не било?
Лани..
Заборави.
Прошло,идемо даље.
Живот,
како рингишпил.
ама не тркалезелен.
Шарен правоаголен.
на него луѓе со дечиња во себе.
Тонам во магијата на соништата,
па се будам во реалноста со лошо ефтино кафе.
Време е.
Паралела од два света,
испреплетени еден во друг.
Ете ја границата,скоро невидлива.
Само до тука,понатаму не.
Одекнува смеа.
Се сепнувам,се сетив на
среќен крај.
Зошто крај?
Ајде повторно.
Почеток без запирка.
Ах живот.
Вљубена во тебе.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се уште се трудам,
уста на уста,
збор во збор,
поетски,
да не украдам,
да не вдишам,
и искажам,
божествен аромат да не предадам,
да не сквернавам,
убавина,
од чувства,
кои мамат,
во полноќта која доаѓа,
за живи и мртви,
осветлени со месечината,
во летово кое пролетта ја бараат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Те нема,неприсутен си.
Не чувствувам копнеж,
сосем чудно е.
Те нема,не постоиш ни
во мисливе.
Не е пусто мирна сум.
Те нема во мене љубов.
Да се радувам?
Или да тагувам?
Те повикувам во себе,
чувствувам железни ѕидови,
па се откажувам.
И повторно те барам околу.
Секоја кола,
секој лик,
можност да си ти.
Се надевам дека ќе те сретнам некаде,сосем случајно.
Се надевам ќе го разбудиш немирот во мене од неброени фасети на чувства.
Те нема.
А толку те има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не можам ноќва буден да бидам,
јас сношти умрев во сонот твој,
ти знаеш јас љубовта никому не ја подарив,
ја сокрив во димот од сенката,
на човекот кој самува покрај твојот прозорец,
и чека,
подолго од вечноста,
те опсипува со бисери небесни,
дарува чувства,
но тој не сум јас,
тој не е тој,
мојот бол,
гавран потемен од твоите очи,
со крилја кревки од млади цветови,
и заоѓа во зората,
без сонце,
без молење,
со усни од трња,
кои го параат твоето лице,
чекајќи го неговиот молк,
и сите зборови залудни над него,
од него,
тој кој те погуби,
во мојот сон,
во нашите сни.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lena

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Се кријам под илјада маски,
во овој животен карневал,
само една знаеш,
која ја носам пред тебе,
а всушност сум гола вистина,
родена во твоите очи,
сина,
препознаена во пепелта,
згасната.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Немеам ноќва,
под нејзината светлина,
посакувајќи зборови,
твои допири,
присутни се,
ветров го милува
лицево со нив,
те чувствувам во секој негов залет,
здивот твој во крвта пулсира,
уште една бура која остава трага,
подабока од секоја претходна,
рие низ телово,
немоќно,
незнаејќи
кое минато да одбере
без иднина,
да прооди,
во песок жив,
ќе зачекори,
ќе те пронајде.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Тапа
Пред тебе суша
по тебе потоп -иста катастрофа,
пред тебе будење, по тебе умирање
или обратно, сеедно
со тебе и поеми извираа,
по тебе зборовите занемеа,
и батали ја душата која не пее,
ни еден стих не пишува...
само мачнина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Добро е човек да се сврти,
да се погледне како поединец во толпа,
како чекори,
низ убави сцени кои самиот си ги креирал,
газејќи низ дождовни улици,
на челото избраздени сончеви мигови,
од кои се ројат воздишки,
вдишани длабоко во сегашноста запрена,
навраќајки се на сите фантастични зборови,
за љубовта немо искажани,
за животот и неговата блескава енергија,
која ја пронаоѓаш во сите тие лица планети,
и те инспирира да создаваш нови филмови,
краткометражни и вредни,
повторно и повторно,
во бесконечна ротација,
капејќи се во окото на хуманоста,
заборавајќи на сите стихови,
тоа не е поема и поеми,
тоа се само очи широко отворени,
налик на твоите,
гледајќи во едно минато,
во толку неискажани емоции,
сини бисери сокриени во глаголи,
ноќи срамежливи,
отчукувања на срцето,
часовникот,
радости,
солзи,
таги одминати,
во сржта погодени,
уникатност во илјадници,
најдоброто во мене,
тебе,
него,
неа,
едно сонце во илјадници соѕвездија,
наоколу,
година,
во век,
од него вечност,
од неа крв,
живот,
во кој нема враќање,
а сепак дел,
од нечија иднина.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ноќва душава е само патник,
просјак осамен меѓу смртниците,
туѓи раце милува,
туѓо тело чувствува,
згрчено во безживотна утроба,
без раѓање,без смрт,
се разминува со него во полноќта,
како часовник без стрелки,
чекајќи да се поклопат,
да се пронајдат,
не сфаќајќи дека таму некаде,
слободата ги оставила сите окови,
животот сите умирачки,
и тежината сите наши тежини,
таму каде се допираат светлината и мракот,
во зората чие изгрејсонце ти ја буди сенката,
и зениците изгубени во тоа зеленило,
заспана со сонцето во сонот ја барам,
во кој можам се што на јаве не можам,
а на јаве се би било како на сон,
илузијата би се рапрскала во реалноста,
а реалноста би била наша утопија,
совршена,
нанижана со пролетни цветови,
со корења до звездите распослани,
поросени со небесни и земски дождови,
без молњи и бури овојпат,
безвременска идила,
потопена во виножито од насмевки,
само наша,
подарена или украдена,
сеедно,
и повеќе од доволно е сето ова,
да се искажам,да ти кажам,
мислите веќе ми бегаат од зборот,
а зборовите пак на крајот кај тебе,
за тебе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Го обожувам оној поветерец,
кој ликот ми го милува со твоите прсти,
низ мисливе распламтува,
чувства опојни,
во кандило сокриени,
над незнаен гроб,
што душа лекуваат,
и успокојуваат чекор,
два во еден,
покрај реката,
што тивки приказни раскажува,
од самата утроба на земјата,
навраќајки се понекогаш во ноќта,
да ме потсетат на живата ти во мене,
да прогледам што ме одминува и заминува,
и сега,
ги гледам,
и канделабрите,
и цветовите,
и насмеаните,
световите околу мене,
ништо не е незабележано,
од очиве таговни,
сега се е толку живо и бучно околу мене,
а во мене молк,
чемер и пепел расеани,
од една ноќ замината,
недостижна,
за навек,
како оној поветерец,
кој пред малку помина покрај мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon