Истиот пат,
истата улица,
по не знам кој пат мината,
со својот товар,
веќе претежок,
ја чекорев пак и вечерва,
впивајќи го мирисот
од јоргованите,
за миг застанав,
затворив очи
и замижав
земајќи воздух
длабоко,
како што одамна не бев,
еднаш,
двапати,
трипати...
дишев поинаку...како некогаш..
насмевка се исцрта
на моето лице,
прекриено со прамени
од црната коса,
милувајќи ме со неа по усните,
бришејќи траги
останати од нељубов и бол
и будејќи копнежи
за еден допир,
на зајдисонце роден,
тогаш
тивко
наслушнав,
звуци,
мелодија,
познати ноти
од ветрот отсвирени,
ги препознав,
во шумот на тополите,
го слушнав твоето име,
го шепотеа
заедно со мене,
во оваа чудна ноќ
и мала како срп месечинка,
за прв пат го почувствував
мирисот на тебе и пролетта,
ве посакав.
истата улица,
по не знам кој пат мината,
со својот товар,
веќе претежок,
ја чекорев пак и вечерва,
впивајќи го мирисот
од јоргованите,
за миг застанав,
затворив очи
и замижав
земајќи воздух
длабоко,
како што одамна не бев,
еднаш,
двапати,
трипати...
дишев поинаку...како некогаш..
насмевка се исцрта
на моето лице,
прекриено со прамени
од црната коса,
милувајќи ме со неа по усните,
бришејќи траги
останати од нељубов и бол
и будејќи копнежи
за еден допир,
на зајдисонце роден,
тогаш
тивко
наслушнав,
звуци,
мелодија,
познати ноти
од ветрот отсвирени,
ги препознав,
во шумот на тополите,
го слушнав твоето име,
го шепотеа
заедно со мене,
во оваа чудна ноќ
и мала како срп месечинка,
за прв пат го почувствував
мирисот на тебе и пролетта,
ве посакав.
Последна промена: