Те чекам на патиштата каде нема да поминеш,
но јас сепак те чекам да ти ја сочувам сенката од ветрот,
те гледам во хоризонтот , се појавуваш, исчезнуваш,
знам овде нема да се појавиш,
те бркам од сонот,
ти зборувам тивко, небаре ќе чуеш,
а што можеш освен лелек со река солзи,
те успивам со љубов како новороденче,
те хранам со живот секојдневно,
заспивам и се будам,
во лудилото на вистината ,
таа вистина која сама ја создадов
во која те извајав ,
и од мојата воздишка те оживеав,
за да заспијам со тебе.
но јас сепак те чекам да ти ја сочувам сенката од ветрот,
те гледам во хоризонтот , се појавуваш, исчезнуваш,
знам овде нема да се појавиш,
те бркам од сонот,
ти зборувам тивко, небаре ќе чуеш,
а што можеш освен лелек со река солзи,
те успивам со љубов како новороденче,
те хранам со живот секојдневно,
заспивам и се будам,
во лудилото на вистината ,
таа вистина која сама ја создадов
во која те извајав ,
и од мојата воздишка те оживеав,
за да заспијам со тебе.