Кога би можел,
да ти дојдам ноќва,
како во прастара песна,
од некаде далеку од срцево,
во приказна ненапишана врз дабови лисја недогорена,
во која толку си ми потребна,
по не знам кој пат завеана од мракот,
сопатник мој и твој,
напиен од студот плачен,
и во очиве кристални некршливи,
заспиени со трепки од дождови снежни,
ми го ништи погледот среќен,
и не бега од мене и себе и тебе,
толку си ми потребна,
да ме најдеш,
да те најдам,
да ме фатиш за рака и ги прекрстиш прстиве со твоите,
усниве со твоите,
во една молитва наша,
неизустена,
во која ќе лутаме ноќва со една крв,
и една тајна на брчкиве напишана,
обоена од есенското вино,
да би не месечината сокриена во ковчег од рози,
проголтала во мугрите од нежности,
без милост и страдања,
во црвена смрт,
на градите од некоја планина.
да ти дојдам ноќва,
како во прастара песна,
од некаде далеку од срцево,
во приказна ненапишана врз дабови лисја недогорена,
во која толку си ми потребна,
по не знам кој пат завеана од мракот,
сопатник мој и твој,
напиен од студот плачен,
и во очиве кристални некршливи,
заспиени со трепки од дождови снежни,
ми го ништи погледот среќен,
и не бега од мене и себе и тебе,
толку си ми потребна,
да ме најдеш,
да те најдам,
да ме фатиш за рака и ги прекрстиш прстиве со твоите,
усниве со твоите,
во една молитва наша,
неизустена,
во која ќе лутаме ноќва со една крв,
и една тајна на брчкиве напишана,
обоена од есенското вино,
да би не месечината сокриена во ковчег од рози,
проголтала во мугрите од нежности,
без милост и страдања,
во црвена смрт,
на градите од некоја планина.
Последна промена: