Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога ќе умрам,
ќе се роди млада поезија без зборови во љубов нечија,
во неа нека ме оплакаат твоите најубави очи што некогаш ги видов,
нека биде пијана среќа,
а јас ќе бидам тивок и најубав покојник,
украсен со шарите од твоите зеници,
не бакнувај ме тогаш,
не прегрнувај ме тогаш,
не ќе осетиш љубов,
остави да бидам само слика во тебе од оној што го љубеше,
кога ќе можам да плачам,
ти биди тивка и спокојна,
во овој свет наш кој е рамноденица во душата,
ќе ти го покажам тоа некогаш поинаку,
таму каде земјата не е земја и небото не е сино,
без афалти и ноќни светилки низ кои сега лутаме,
таму ќе те допрам и претворам во ѕвезда која не паѓа со последниот здив на патникот,
само тогаш ќе разбереш,
се што ми значеше,
патувајќи низ светлината на космосот со мене,
далеку од сонцето,
нешто,
што одсекогаш го посакуваше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се уште сум преполн со надеж,
иако е таа само солза која се претвора во лузна,
толку книги се изгорени и повторно напишани,
од човек за човек,
а сега толку луѓе горат,
можат ли од пепелта повторно да се родат,
времето немилосрдно го направивме и само години носи,
со помалку љубов и насмевки,
може ли тоа да се преболи,
или е пресилна таа светлина темна,
која ја дишеме со сета нејзина празнина,
сето ова го помислив додека те чекав да се појавиш,
те стиснав со прсти испреплетени и не спомнав ништо,
само во душава го запишав,
и кому е тоа важно,
што во маглата не се гледа,
дали нешто цвета или венее.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Κога ќе го повлечеш оρозот настρадуваат двајца..
*Едниот умиρа.. Му згаснува животот, не може веќе да саκа, да љуби..
Κуρшумот κога в сρце место ќе си најде, тогаш душава ќе згасне.
Тогаш телово κе смρзне, нема да дишам веќе, нема веќе да чувствувам..
Тогаш ќе ме допиρаш ли. Знам деκа ќе ме допρеш. Ρаκа на сρце ќе ставиш, топли усни на студени, ќе ми затвоρиш очи шиρоκо отвоρени..
Но тие очи нема да гледаат ништо. Тогаш тие шиρоκо отвоρени очи ќе бидат само бисеρи κои вечно ќе ги памтиш.
Бисеρи κои се навезани на сρцето твое. Душата, велат вечно живее . Но мојава душа тогаш ќе згасне. Заедно со κуρшумот.. Ќе замρзне и ќе те чеκа неκаде.
-А дρугиот настρадан...
*Дρугиот настρадан ќе бидеш ТИ!
Затвоρениκ! Лишен од слобода да љуби, да сонува со жената κоја ја љуби, да ја усρеќува, да ја натажува..
Затвоρот во твојата душа κоја ќе пρодолжи да живее ќе те донесе до мене еден ден..
Тој ден, јас ќе ја отκлучам вρатата од таа темна зандана и ќе те земам во пρегρатκа.. Паκ ќе те љубам, ветувам!
Веρувај ми и не тагувај, паκ ќе бидеме заедно да знаеш ...
До смρт и по неа
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Сама сум,
ѕвезда без соѕведие под бетонскава месечина,
чија светлина се губи наутро во маглата,
и таложи иње врз очиве,
грубо тргајќи ја пајажината од нив,
и те буди покрај мене со насмевка оросена,
откривајќи ме повторно пред сите тие странци,
живи и мртви кои одат по земјата,
различни само во љубовта,
тука е и нашиот чекор,
кој пролетта го расцуте,
елиптична орбита под нашите нозе,
во која се изгубивме,
ротирајќи некаде помеѓу реалноста и желбите,
станавме само две сенки во неа,
кои немеат во полноќна поема,
чекајќи го првиот снег да ги завее,
во неа спокојот да го пронајдат,
од дождови априлски повторно погубен.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Повторно на прагот е полноќен маскенбал,
со кловновски лица и насмевки нацртани на нив,
а погледи празни и мртви,
на усни по некој залутан стих и неотсвирени ноти,
од кои и покојник би заплакал
и би се измил во своите солзи,
неутешни во ноќта,
која крие толку многу од нас,
а толку малку не има,
доволно да би се претвориле во мисла,
поголема и од космосот,
која не пронаоѓа во далечината,
сокриени во дрвореди од чувства безимени,
талкачи по вистината,
а таа налева надежи во виното,
и огнот кој се посилно разгорува во каминот,
без пепел,
кој ниедна солза не може да го згасне,
ниту твојата темнина може да го засени,
а ти само сети се на сето ова,
кога ќе го празнуваш денот на мртвите,
со моето име на усните,
и ќе кренеш чаша да наздравиш за нас,
со рацете во црниве коси,
кои за навек ми ги предаде.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Уморни се зборовите,
расфрлени врз постела сама,
нежна од вистина,
спуштени се завесите,
груби од лага,
дишам и оганот го тешам,
потешки стануваат мислите железни,
крварат таму раните,
низ нив истекуваат,
среќата,
тагата,
желбите,
одразот станува сениште,
без страв и емоциии,
ја трчам последната строфа,
во пресрет на ѕвездата која паѓа,
овој пат без воскрес,
да би земјата плодна станала.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ветувам,
дека ќе продадам една година од својот живот,
да отпатувам за миг далеку,
таму да заборавам една носталгија за неа,
една елегија градиве што ги распламтува,
и во неа догорува црнобела фотографија,
фрлена врз недопрени денови невини,
пред уште една зима,
во која го празнуваме нејзиниот последен танц,
како да е вила виножитна,
а јас уморен и упростен,
го барам ликот твој изморен и совршен и зборот твој вистинит,
знам ли,
дека се твое мене ми припаѓа,
немајќи се себе со тебе,
чекорот ме враќа назад и вели заборави,
тоа е круг бескраен,
низ него подадени прсти сончеви се тркалаат
и ловат прстен неподарен,
љубовен,
искован од тишина бескрајна која заматува стакла со воздишки
и се капе во тиркиз од ноти плишани,
одамна запишани,
во убавината која ја немам,
ниту себе си среќен,
само поглед квечерински од кој извира и тече живот,
несебично крадејќи стихови лажни,
за други очи помамни,
во приказна залудна
што ниедни усни
не сакаат за неа да говорат,
колнејќи се самата себе и се околу мене,
дур стигне царството поетно на друм фрлено,
да душа со душа во прашина се пронајде и од светлина не се раздели,
со стихови без хирови,
рани и украсни во уште една година стара,
со писма без чувства,
да би само редот прошол и заминал во уште еден сон таму далеку последен,
поетичен и таа,
длабочина и висина доволно голема во срцево да ги собере сите солзи и дождови,
за векот следен,
и една година негова што ќе го направи вечен.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Друмови

Друмовите на срцево,
мои бесони ноќи,
од нив ти го подарив најубавото парче небо,
што некогаш на земјата го виде,
мораат некогаш да застанат,
уморни од себе,
сити се од глад и вино,
заглавени во запчаници од ситните часови,
во зимава исткаени,
се заледуваат во кристални чаши,
тие усни кои не ќе се вратат со ластовиците на пролет,
да го растопат твоето златно срце,
да најават расцутен балсам врз твоето туѓо тело.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Разделба

Сите се разделуваат со еден или една,
а некои и со двојка,
ред е и чесно е,
годинава со сите нас,
нејзе или нему,
знам ти е најтешко,
признајте беше тешка,
и тоа ја чини разделбата лесна,
во шега ќе речам,
ако успеам да го излажам векот,
можеби случајно ќе се сретнеме повторно,
само следната да не ти биде брат или сестра,
ќе наздравам за тоа,
збогум.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Поромантичен од темјан

Секој жив човек е поет,
кој не е,
мртов ја посакува таа ѕвезда која се држи цврсто за небото,
како животот да е се,
а тој боли и само боли,
зар е важен тој кој ти го даде,
како да е свет,
посветол од свеќа,
поромантичен од темјан,
трезен да си ќе посакаш да си пијан,
пред божиќ и после него,
постои ноќ,
но ти не ќе се вратиш во неа,
само мисливе патуваат по рамницата на твоето срце,
кое не знае колку си ми потребна без светлината и вино од ѕвездите.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon