Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И ќе биде една ноќ,
реков за да се покае утрото крваво,
без да се вратам од лулката на небото,
презреан и осамнат ко вечна роса,
се разбудив и се погледнав низ солзно стакло,
една мисла шепна,
бог ми подари ум,
да капе и дождот го засака без плач,
силен и непокорен,
а јас го претворив во поглед пеплосан,
што ниеден сон не може да го разгори повторно,
бог му подари срце на човекот што живее во мене,
а тој љуби со него и изгори лесно,
во некое пристаниште далечно,
под една ѕвезда на пола поделена засекогаш,
во која сказалките се преклопиле само еднаш,
каде се котват немирот и болот,
чекорат и никако да тргнат,
еден со друг во танц и крик од молк,
без проштевање со самиот од себе,
за тебе,
себично е запишав на писмо непокајно,
без стисок од чувства на дланки отворени,
кои го заборавија твојот допир одамна,
избраздени од желбата за едрење низ твојата коса ноктурна,
чиј мирис ме потсети на есента од која замина без збогум,
и нанижа пластови над ореолот,
кој го милувам со стихови,
да не би се распрснал овој живот,
толку одамна прокоцкан.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Се додека си страсен
и блуден
те посакувам,
Додека ја пијам
последната голтка вино
те посакувам,
Додека те нарекувам
ГреШка
те посакувам.
И боли допирот на свила
во самотија,
копнее моето тело
за сладок одмор и мир,
но мисла врела
ме фрла
во раце десподски,
господару на моето тело,
сета моја нежност
е твоја,
а сега
влегуваШ во градина
за која никој не знае
изговарајки го моето име,
треперам како кроШна од бреза
Месечино
сама сум,
истроШена од копнеж,
а толку близу до среќа.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ова е една строфа,
која рефрен нема,
во неа само усни ти барам,
без пораз и срам,
во неа нашите тела се вечни,
лепат ко вино на усни,
со неа нека ноќта е најдолга,
да и зората не ја препознае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Iris*

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Κаκо зρаκ од светлина κој се пρодиρа длабоκо во бистρата вода.
Κаκо κамен κој блесκа што дуρи и ослепува..
Таκа јас ослепев од тебе!
Од љубовта.
Гρижата
Стρаста
Нежноста..
Слепа, ништо не гледам
Глува, ништо не слушам..
Κρвави солзи пρолеав,
На свила тρаги оставав,
Ама сепаκ те задρжав..
Те сонував и сеуште те сонувам..
Те саκав и сеуште те саκам..
Таа свила еден ден κе не поκρие ..
Тој ден, пρиκазна љубовна κе напише.
За нас, за нашиот спас!
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ќе ти подарам насмев
да ти ги бакнува очите
и да биде лажлив
како врело лето,
да те носи на пат
каде мислите изчезнуваат,
па не си ни овде ни таму
И не!
Не сакам само бакнеж,
не сакам дел од небото
го сакам цело.
Сакам насмев,
сакам солза,
стисок благ и цврст,
да ме љубиш,
да ме водиш,
а зората да не скрие
од маглата што својата свила ја расурила
врз денот што зазорува.
Задоволна тивко патува
несвесна за тајната која ја носи.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ќе остане ли нешто
кога ќе замолкнеме во тишината,
или само фасада од чувства
избледена од сонцето?
Усни суви и распукани ќе красат
нечиј туѓ образ,
својот избразден од спомени,
зар ќе го допре нечија рака,
или солза ќе го измие?
Кое срце ќе препукне прво,
сокриено во дамарите на тагата?
Чии коски сонцето ќе ги растопи
во својата зандана,
и од жал око ќе нароси
виножито ќе исплете,
длабоко во песокот љубовта ќе ја закопа,
твојата осека да не ја повлече,
од нејзиното пристаниште.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Само дамка сум во ноќва,
од маглата невидлива,
налик ѕвездана што најслабо свети во неа,
и се губи во универзумот,
како јас во твоите прегратки,
во тој парфем од зборови,
кој се послабо го чувствувам,
како здивот свој,
и се прашувам
дали сетилата ме издаваат,
или каде припаѓам ме водат.
Немам одговор,
се е само изговор,
како и моето присуство,
како и твоето отсуство,
како и отсјајот на месечината,
и сонцето кое ќе се крие утре позади облаците,
да ни втера во коските уште една доза зимска мелахонија,
небаре сето студенило во срцата е премалку,
а ние упорно бегаме од еден пекол во друг,
да би се родиле пак во нечиј сон, во нечија страст,
за миг зеница раширена во нечии очи,
таму огледало и одраз,
таму повторно колапс на љубовта.
 
Последна промена:

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ете си велам..
Еден ден можеби непозната личност κе ме сρетне на улица и κе пρаша:
-Κоја си ти, чија си?
А мене очите κе ми светнат κо ρефлеκтоρ κој ја облеκува балеρината во ρазни бои..
Живее, танцува, ужива..
Сρеќна е таа балеρина во моиве очи..
Толκу е боρбена, саκа да успее. Се тρуди.. Κаде застанавме.. аха да..
Тρебаше κултуρно да одговоρам нели..:
-Κоја сум јас? Хах
Јас сум една мала балеρина κоја танцува тајно и е невидлива за овој свет. Балеρина κоја лета по светлината од ρефлеκтоρот κаκо мала птица κоја што туκу научила да лета.. Сρеќно..
А чија сум?!
Од тие очи, тие нежни ρаце.. Јас сум дел од таа душа κоја пее тивκа пρиспивна песна. Човеκ κој ме заспива и ме буди,во мисливе.
Ете пρашај го, најди го во салата.
Ете таа сала на аголот, една балеρина таму танцува со сета волја за него, тој κој седи на петтиот ρед.
Κе видиш, тој е единствена публиκа во цела сала.
Ете тој човеκ. Тој може да ти κаже јас чија сум, што сум и κоја сум..

*гуд најт (hug)
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Денот наговестува штама,
еден поинаков спокој на полноќ нека не подели,
во еден тмурен мир,
празнуван ко недела празна,
сокриен во нашите воздишки клети,
украдени од небесното синило,
да се заковаат во градите,
за да не усмртат на самото дно од таа слика небесна,
тој спокој зариен од меч љубовен,
унаказен,
да не му се знае ниту ден,
ниту име,
погребан во иње од тишина,
заробена во онаа наша квечерина кога се запознавме со еден допир и еден насмев подраг од драг,
поигрува сонцето таму,
гасне надеж,
со заби ја растргнува мислава и те збогува од мене и себе,
скапоценото мора да биде такво,
отсекогаш загубено,
но не плаши се да траеш еднаш во мојот свет,
тој е лузна брза ко река,
обоена од контрасти и страсти,
поинаку не умеам,
со зборови божествени,
од демони прозвани,
за навек последни,
со тебе и без тебе,
фрлени во заборав,
без убавина и страдање,
само умор во крвта тече и чезнеење во некаков магичен круг,
во него со прстен од мугри те обљубувам,
повторно и повторно,
како к***а и светица,
во сон кој не старее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И повторно сам,
повторно сама знам,
измеѓу луѓе ничии,
во град обоен од светла,
година нова иде,
иде и не застанува,
тука сме сега ние,
сами,
а некаде се сите тие,
каде сме,
јас и ти во сето тоа шаренило,
во таа оаза од кич и мраз во чаша,
можеби во црното вино исто,
кое ни ја пие љубовта ноќва,
замисли желба,
не мора да падне ѕвезда,
во полноќна беседа,
таму сме,
светиме измеѓу два хоризонта,
и повторно над неа и нас, само надеж и година нова,
иде ли иде,
иде нов јануар,
стоиме навезени врз излитено палто на плеќите,
бледо и износено во декември,
од мене и од тебе,
во тајна од сеќавања,
и свечени погледи во меќава,
од срца студени со маски покриени,
врз бел снег од ангели,
никогаш цели,
дојди со мене,
скрши ја самотијава од судбината,
заљуби се пак без солзи,
од другата страна на небото,
и не мисли на денот потоа,
само замисли.
 
Последна промена: