Ваша поезија

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Нова година, навидум среќна,
а толкава тежина од старата носи,
мирис на мелахонија во воздухот се осеќа,
додава брчки на лицето износено,
мое или твое ,
сеедно е,
знам едно е,
низ него,
мозаик од чувства,
недовршен,
од твоите прсти навезен,
добро порабен,
со малку лаги, помалку вистини,
никому освен мене важни,
оваа новогодишна ноќ,
која не ветува ништо поинакво,
освен бол и само бол,
и да не ја сакам,
моја е за навек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Еве пак јас,
пишувам за нас,
шепотам гласно,
творам страсно за тебе..Љубов.
Одамна ме има
на оваа животна сцена со
луѓе и стории разни,
и тие моментите
со тебе се се друго освен обични,
се друго освен празни.
Скапи се и
незаборавни,
стојат како фотографии на срцево заковани,
за некогаш на стари години
насмевка да створат на усните закоравени.
Уште недела дена со тебе имам,
не ми давај подарок за последен пат нема го да примам,
не сакам ни да те видам,
иако копнеж срцево го кине,
остануваш ти,
а тој глупавиот копнеж
знам,
знам јас ќе мине..
Еден ден,
кога на црешите
розеви цветови
ќе цутат
ќе седам покрај прозорот во идилична атмосфера,
летајќи во утопична хемисфера,
пишувајќи ти писмо..тебе љубов.
Сакајќи да ти го оживеам камениот сон,
ќе ти нацртам и црвен слон,
да се насмееш,
да останеш жив,
да знаеш дека на тебе мислам,
и во себе твоето име го вриштам.
Наутро првата ми мисла,
навечер последната ми искра.
Уште недела дена,
години две без тебе ќе сум јас,
пред тебе сум кул,
се зезам,
се смеам..
А во себе?
Не прашувај..
Плачам без глас.
Fuck.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти подадов рака да те оживеам

Качувајќи се на последната скала,
од новата зора,
пред да ја допрам светлината од новото утро,
погледнав надолу и ги видов твоите очи обесени во темнината,
и ти подадов рака да те оживеам,
не да те вовлечам во моето срце,
да ти ја покажам твојата порта,
со која беше заклучена,
да ја видиш со други очи,
без решетки и ноќи непреспиени,
во твојот несон ја слушнав твојата молитва,
од таму ми беше позната,
доволна да се свртам,
за да те гледам сега како живееш поинаку,
како што ти сакаш,
а не како што мораш,
подеднакво е посебно тоа што гори и гасне во мене,
знајќи дека постоиш некаде,
далеку од мене.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Овој живот

Што ли значи ова постоење,
или е само привидение во нечиј сон,
овој живот што се нарекува,
како да е туѓ и личен,
на мене сличен,
од никаде овде некаде во телото создаден,
и оваа тишина која толку многу говори во мене,
после години толку во кои не се навикнав на себе,
а камоли некому,
како да сум создаден за прашања и талкања,
без толкувања,
кои ми го заматуваат умот од нулта до бескрај,
во овој обичен ден кој не е толку посебен,
барајќи одговори во него до самрак,
што во зорите го правам последен,
како да мора таков да биде,
да е запишан на последната страница од нечија приказна,
пред да заспијам што ја затворам занесен,
никому потребен,
врз нежна харфа,
од нежни прсти,
погребан.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Koj си ти,
старец ли во детски очи претопен,
кои солзат некаде во длабочините на океанот,
и разбрануваат,
вистини длабоко под карпите сокриени,
oд истите потешки,
делиш од нив парче некому,
и солза и насмевка,
малку тага, малку празнина,
дел од својата темнина,
која и во денот ја носиш,
а телото ти станува претесно
за толку копнежи,
сомнежи и прашања,
но ти само тивко уживаш во
превртувањето при несоницата,
обликувајќи соништа од пластелин
во шарени бои,
посакувајќи допир во сегашноса,
без галење на стари спомени
во гнило отсуство,
без зборови,
без насмевки,
без тага,
заробени во една празнина,
што не ти припаѓа веќе тебе,
остави ја како сениште во ноќта,
заедно со сите свои пијани ѓаволи,
нека пијат туѓи вина,
и гледај го утрото со сонце во очите,
без планетарни маглини околу себе,
поинакво ќе биде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ритам на снегот

Телово ми е толку смрзнато во оваа жешка јануарска ноќ,
во градиве да сакаш нож да ми зариеш,
не ќе можеш,
прсти ќе скршиш,
во неа,
си недостигам самиот на себе,
и се прашувам колку ли тебе,
се насмеав,
знам без да ми кажеш,
чекорам само во еден правец,
подалеку од тебе,
во ритам на снегот кој се топи од солзите твои,
тоа е дождот што врне и е само твој,
без да знаат другите,
а улиците влажни само мои,
без да знаеш ти,
тие не се мојот жаргон,
ти тоа најдобро го знаеш,
го украдов од најблискиот бар под ова небо,
измеѓу димот од цигари и ефтини чаши,
лизгајќи се со високите потпетици од шевињон,
кои ме потсетија на бакнежот со тебе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Цветови неотворени

Мудрости поета,
се губам во твоето хулиганство,
кршејќи го со стихови сето она што живот значи,
затворајќи ги очиве без љубов,
во дланкиве држам цветови неотворени,
зарем е тоа моја судбина,
спакувана во подарок,
кој ме теши во ноќ од сенки,
да не помнам кога имав одраз на лицето,
на тоа лице од камен,
опсипано со ѕвезди искрени,
давајќи му лажен сјај,
на тоа лице,
погледнато со толку бакнежи,
да од него заврне дожд во рамноденица,
носејќи ги моите години,
таму некаде длабоко во таа рамница од самотија,
врз која газат неразделните.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ќе остане како празник на календарот

Те научив да мразиш,
најдобриот начин да бидеш несреќна,
и не само таква и да заминеш од нашата прегратка,
од сите места каде двајцата стоевме без зборови долго во нашата приказна,
во која сега сеедно ми е каква ќе те видам,
за да не се свртиш повторно,
да ми дадеш прошка никогаш да не се вратам повеќе,
во твоите очи тажни,
дај ми ја на овие дланки просјачки,
ослободи ме со сите цвеќиња од устава,
од чии трња усните ти крварат,
прошка за сите тие чувства гласни,
во кои пронајде една нема,
која ќе остане како празник на календарот,
запишана во денот кој стана последен од мигот во мојот живот кој недостигаше,
но мојот живот не е една година,
не е ниту минатото од неа,
исто како невремето кое одминува покрај мене да би се случила пролетта,
за да изгубиме дел од нас,
нешто недоречено во секоја поема што љубовта ја прикажува,
нанижана низ стихови,
со кои ти дарував љубов да ти ја излечам болката од друга љубов несреќна,
само бог знае зошто,
како што сега знаеш и ти,
не заборави да бидеш среќна,
не чекај некој среќата да ти ја подари,
верувај дека никогаш не ќе се сретнеме повторно,
како што човекот лесно знае да ја изгуби вербата.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina