Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Но тоа сум јас

Зборовите доаѓаат и си одат,
како патници на небото,
застанати на земјата,
кои присуствуваат на раѓање и погреб,
како што мисливе патуваат со ветерот,
кој не допира ничие лице,
некогаш бев човек,
сега сум волк,
размислувам дали да бидам пијан или да се убијам,
во животот ме притискаат стиховите како куче притиснато до ѕидот,
знам дека е само мој,
како име,
човекот ме запраша,
јас немав одговор,
пеколот е осамено место,
помислив,
таму не постои изгрејсонце,
а јас сум дете создадено да отвора врати,
со сончеви зраци,
и не сум воодушевен од тоа,
но тоа сум јас,
не прозивај ме,
и ќе те почитувам,
со сета гордост и молитви,
на кои немам одговор.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Велат :Сонувај!
Велат:Обои го животот во боите на соништата.
Велат :Соништата се говорот на срцето.
Јас велам :
Соништата се лоши за добрите девојки.
Јас велам:
Летав,
ги допрев ѕвездите и подалеку од нив.
Стигнав до границите на универзумот кој се шири.
Се шири.
Се ширеше до бескрајот.
Се изгубив во магла,
створена од ѕвезден прав.
Велам :
Седев горе,
набљудувајќи го светот,
губејќи се во внатрешноста на мојот мал мини космос,
сонував,
верував,
се надевав.
Велам:
Сонував за белиот принц,
кој ќе ме разбуди од сонот,
со бакнеж на усниве.
Велам:
Сонував,
плетејќи сопствени приказни за еден поубав свет..
Велам:
Сонував.
Сонував.
Сонував.
И дојде принцот,
жаба која требаше да ја бакнам,
да ги види убавините на светот.
Постана принц,
ми го скрши огледалото,
па едвај некако го залепив,
делче за делче,
срча за срце,
ене сеуште стои,
мозаик од спомени.
Сонував.
Љубов.
Па се изгубив во шаренилото,
еве рани по срцево.
Сонував.
Надеж.
Па паѓам постојано,
додека стојам исправено и гордо,
без да го тргнам погледот од волјата.
Сонував:
Вера.
Па го спуштам штитот пред странци,
незнајници,
верувајќи на мудроста која не ја разбирам,
па ете лузни по душава.
Велат:Сонувај!
Велам:
Соништата се лоши за добрите девојки,
ги учат да се разбудат,
рано,
рано наутро,
па внимателно
да учат од животот.
 
Последна промена:

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
28
Сакав да се обидам малку со хаику поезија (знам дека можно е да имам некои грешки, ова е прв пат шо се обидувам), па еве го резултатот:
Се сеќаваш ли
на моментите наши
кога цветавме?

Се сеќаваш ли
на времето кога се
забавувавме?

Се сеќаваш ли
на нас пред се да биди
прекрасно - фино?

Те сакам како
првиот ден кога те
видов таму сам.

Јас сум најсреќна
во твојата прегратка,
силно ме стега.

Јас сум најсреќна
покрај тебе кога сум,
те сакам душо.

Се поделив на
две половинки или
пак се соединив јас.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ноќ..
Мирна а бесна..
Темна а светла..
Топла а студена..
Оваа ноќ..
Последна ноќ..
Се предавам..
Спокојно а несигурно..
Тивко а гласно..
Мирно а диво..
Како некој ѓавол кога го опседнал човечкиот ум..
Се смеам хистерично во себе но..
Поразено!
Ме боли..
Ме пече, а од око солза не тече..
Не оди
Тапка во едно место, само кружи..
Вид замаглува, ослепува...
Ќе ослепам, а ќе те гледам ..
Ќе оглувам, а ќе те слушам..
Зошто само тебе сум те гледала и слушала како никој никого до сега...
Зошто ти..
Само ти си оној кој ме исправи..
И оној кој во бел фустан во ковчег ме затвори!
А пак ме облече.. во бел фустан ме дотера..
Засекогаш да ти бидам убава..
Вечна..
Во спомени претворена..
Мала.. мала принцеза
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И спокојни очи

Сите трчаат некаде,
бркајќи го времето омалаксано,
а пролетта е толку далеку,
брзаат како брзаци на асфалт,
без кајак,
мислиш ќе ја стигнат светлината,
а на крајот од денот само уште една ноќ,
без лента на градите,
и наутро пак се од почеток,
без будење,
а толку убави нешта пропуштаат од прстите,
ко вода низ шолјата,
до немајкаде,
но не онаа со кафе и муабет,
со дланка на дланка,
и спокојни очи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Мижам
и го чувствувам секој твој допир по лицево,
мижам
и трепетот ми ја разбранува душава,
мижам
и се насмевнувам од длабочините на срцево,
каде твојата рака пробува да допре,
и напипува зацелени рани,
ме милува нежно по нив,
бришејќи ги сите лузни
од почетокот на моето постоење,
оставајќи го така чисто,
а сепак толку кревко,
како солза на новороденче,
во која јас се капев толку ноќи,
кои веќе ги оставив во минатото,
и наросив пепел врз него,
а сегашноста е поинаква,
секој ден со радости обоена,
во неа дланките не треперат од студ
туку од возбуда,
а очите не маглат од тага,
туку од среќа,
пресликана е на нашите лица,
едно до друго навалени,
две силуети во цврста прегратка споени,
со раце во коси разбушавени,
чии сенки неуморно танцуваат во тишината,
а месечината никогаш не згаснала,
и никогаш посилно не светела.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ме пронајде
како тонам во жив песок полека,
а ти без да знаеш ми подаде рака,
и ме извлече од таму,
каде смртта си ја видов,
претворајќи ја
во моја лоша имагинација,
а ти убава реалност
што ја препознав во огледалце
направено од последното
скршено стакленце
во душава,
другите дел по дел
ги залепи со твоите раце,
ден за ден
ги состави со твојот збор,
целосна ми ја врати назад.

Те пронајдов
од темнината на ноќите проголтан,
самотник покрај толку луѓе,
осамен во својата тажна приказна,
а толку посебен во своето постоење,
од раѓање,
те препознаа моиве очи
во тој облик,
кој не ти прилега тебе,
и ти подарив збор,
ти подадов рака,
и небо ти најдов,
со многу сонца во него,
кои полека ти ја голтаат темнината,
која никогаш и не ти припаѓаше,
со зборовите ја пополнив
твојата празнина што упорно ја пиеше,
а жедтта само ти се зголемуваше од неа,
и загатките на твојот ум пробував да ги решам,
со рацете ти го сопрев провевот во срцето,
и лечев сето она што можев да го излечам,
за на крај твојата гласна насмевка,
да биде моја награда,
и среќа моја.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Но таа ќе ме обои во клот

Распрскан сум на парчиња,
без да знам што со сите нив,
да сум само тоа јас,
но и сенката моја е разделена од мене,
не мислам на никого,
иако почетокот на ноќта мириса познато,
а јас не се ни трудам да се соберам,
во непознатото би го нашол спасот и таков,
натопен врз телово со капки од свеќа,
која гори во тебе,
но не сакам да се борам,
не сакам ни што ме има таму некаде,
каде што си ти,
да имам солзи би ги преточил во еден извор,
и би се напил да се услишам без ефект,
но имам флаша џејмисон,
а ти ќе кажеш дека ништо немам,
но таа ќе ме обои во клот,
со кој ќе го покријам утрото,
а дали ќе ме собере,
па кој би можел да предвиди,
како што ти не знаеш дали утре ќе облечеш краток фустан,
за да ме испровоцираш со твоите нозе убави.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Несовршен/на како што си и ти

Да зборуваш за поезијата,
е нешто налик на иднината,
во која верувам,
одобрена од бога,
без рај и пекол,
како што оганот се уште гори,
за да стопли или изгори,
после милион години,
и го одзема погледот за миг од толку сегашности,
присутни како свежа роса на сказалките од часовникот,
во кои постоиме,
во кои живееме и не живееме,
со прашања и неодговорени одговори,
знам,
да молчиш е повеќе од зборови,
со толку страни испишани некаде,
каде ли сето тоа заминува,
се прашувам,
љубопитен/на,
што ме оправдува како човек/жена,
несовршен/на како што си и ти.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти благодарам

Благодарам за сите погледи,
и скриени тајни,
кои беа лечебни
без да се исповедам на твоите дланки,
а толку сум среќен,
душава ми знае,
виолетовата тече низ крвта,
не сум осамен засекогаш,
и сум нежен како што небото е сино
кога срцево ќе застане,
знам,
ќе продолжи со твоето,
и тоа нема никој да го знае,
и не жали за мене
помисли на се што имавме,
реки кои течеа во длабочина,
каде застанаа времето и нашите усни на полноќ преклопени,
ти благодарам.
 
Последна промена: