Ваша поезија

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Нечија а сама.
Мирна а бесна.
Тивка а сепак толку гласна...
Толку многу гласна што дури и ти пак ме слушна..
Час ме допираш час си одиш..
Чиниш оваа кукла од памук ќе впива вечно но..
Се лажеш..
Памукот веќе ништо не собира..
Солза море претвара,
Оган жар ствара ..
Гори, а капка по капка солзите течат.
Памукот исчезнува,
полека го губиш..
Гледаш, а не веруваш
хах.. ако успееш да го изгасниш огнот тој памук потполно да не изгори..
Твоја сум!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Дејви

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Два тиха, написана стиха...

Цело тело..
Стомакот, градите нозете, усните... Сѐ!
Сето е твое.. Сето од тебе е испишано,
истетовирано..
Така нежно,
а сепак диво.
Толку тивко
а сепак гласно,
сакам, љубам..
шепотам
"допирни ме случајно, кад без даха останем!"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Дејви

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Посакувам,
толку многу посакувам,
барем една ѕвездена ноќ полна насмевки
некаде далеку од сето ова сивило околу мене,
далеку од сите тие празни погледи
и лица безлични,
сокриени под безброј слоеви маски,
одамна изгубени низ годините под нив,
туѓи се на самите себе,
туѓа сум и јас,
иста во нивните очи,
безбојна и претопена во мртвилото,
не живеејќи свој миг во денот,
дишам нечии туѓи воздишки
од кои градиве се гушат,
го одам полека патот со туѓи чевли,
додека нозете ми крварат во нив,
не трагајќи по ничија вистина,
најмалку по својата,
неа месечината ми ја носи секоја ноќ,
смеејќи се слатко на мојата немоќ
да ја променам,
да ја напишам поинаку мојата приказна,
додека треперат рацете од желби и копнежи,
а срцето со својот шепот ги везе една по една страниците,
во кои можам и среќата во очите да си ја видам,
и насмевката да си ја слушнам,
онаа што ден за ден ми ја црташ на лицево,
толку ново за мене,
го милуваш со прстите твои,
а со зборовите душава,
калемејќи среќа врз тагата,
љубов врз љубов,
те љубам.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Посакав пак ноќва
улици празни и тивки,
во кои само шепотот на твоето срце ќе го слушнам,
а место него само џагор нем за моите уши,
jaс нема пред нив,
те барав некаде меѓу сите тие странци,
со поглед замаглен те пронајдов на миг,
под уличните светилки ја гледав твојата силуета,
како чекори кон мене,
подадов рака да ја земеш во твојата,
те снема,
се изгуби во димот од мојата цигара,
се изгубив јас во реалноста,
барајќи ја назад илузијата,
болката малку да ми ја ублажи,
што воздишките ми ги претвара во борба за здив,
потешки од сета таа темнина што ноќта ја закитила,
со дарови оплакани од боговите,
во кои ние себично уживаме,
сквернавејќи ја сегашноста,
слепи за жртвата веќе дадена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and existence

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Колку посакувања толку умирања,
недоглед во бескрајот од желби и копнежи,
само мисли преполни со тебе и твои зборови,
а толку празен универзум во очиве,
ништавило во ноќта,
а јас не умеам против сето тоа,
не се борам веќе,
не се смеам,
ја фрлам маската од себе,
ги предавам тагата и солзите,
капејќи се во осаменоста што ја нудат,
посакувајќи да бидам само една ѕвезда,
падната во ноќта,
што не ќе го дочека следното зајдисонце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and existence

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Главниот на подземјето ковал нов план,
како потполно да направи да страдам,
размислувал и ме проколнал
душата моја тебе да ти ја дадам.
Најмногу боли невозвратената љубов,
рече во себе и продолжи да ме следи.
Беше сведок на најубавата ноќ,
зошто се сокри во очите светли,
ме намами во прегратката твоја.
Како ли ти ги направи усните врели,
како ме проколна жртва да бидам,
на болка, на тага, на солзи,
прашувајќи се дали повторно ќе те видам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Подарок за нов перформанс

И повторно ги убив цвеќињата априлски,
да те пронајдам тебе во мене,
осветлувајќи те со жедни светулки од модро платно оживеани,
повторно твоите контури од божури,
заспиваат опиени до моите,
јас убиец,
ти цут од пролетен сексипил,
романтично налеан со бурбон повеќе и помалку живот,
од нашите кожи маскирни,
врело железна пот,
се растргнала врз нас во шарен коктел од ситни минути пред полноќ,
на непозната адреса и добро позната коса,
во таа ѕвездена прашина,
има доволно љубов да се биде нечиј,
колку е само убаво тоа припаѓање,
така одамна,
во нашата пронајдена приказна,
која гледа со истиве очи поинаква светлина што се пресликува во нас,
слушајќи ја ноќта која воздивнува во тишина,
заводливо како лавица,
во неа ти помлада за неколку животи,
а јас поголем и потивок на дождот кој не постои,
ги пружам прстиве да те насликам,
со поинакви зборови да го запишам оганот наш од тиркизна ткаенина,
која го покрива градот каде сонцето заоѓа,
да му го покаже истокот врз неговото лице,
каде секогаш џез љубовен одѕвонува,
тој џез и ти,
во мелодијата негова земи го телово со твоето и протекувај низ двете,
создавај една крв,
измешана со чиста солза од гламур и височина,
нечистата заборави ја,
остави ја непозната,
се точи сега во некоја друга крв,
во некоја друга стара таверна на која името и го заборавив,
заробена со златни клучеви,
доволно долго со туѓи тела испреплетени,
да ја заборавам и јас и изгорам во неа сета тага испиена,
која трепери на некое друго небо и пробува да се додворува во ноќта несебично,
но залудно,
сокриен сум во твоите светли облаци,
прегратки на кои се потпирам,
ги вдишувам и допирам нескршени,
отворајќи врати од нови хоризонти,
ордите ќе јаваат врз мугрите со нив обоени,
а јас и ти заспани во еден сон,
ги лијам во моите илјадници,
тие вистини во кои толку пати умирав,
а сега ранет се родив,
ги извадив сите маски,
заривајќи ги рацете до лакти во себе,
ги откорнав сите зла и невозможни сенки од таа црна земја која ме покриваше,
да се измијам со поинаква убавина,
таа што секогаш ја препознаваше во мене,
каква што отсекогаш била,
со бакнеж од небесно мастило да ти ја подарам повторно таква,
да ја препознаеш,
да не биде уште една лага и туѓ кармин на преполна чаша,
да биде тоа подарок за мене и мојот нов перформанс,
само за тебе,
да го чувствуваш нашето постоење,
и поветерецот низ крилјава,
кои не се повеќе дланки,
ти ги претвори,
со нив те допирам прв пат после толку пати,
во твоето невреме кое допрва доаѓа,
се видов во него и те разбудив со една молња поинаква,
низ неа ме погледна и се насмевна,
се насмевнав и јас,
помислив имаме исти очи,
зарем е важна бојата,
со нив ме обожуваш,
сосем доволно да ме спасиш од себе и самотијата на боговите,
една си му на срцево и соѕвездието кое заедно го создадовме,
секогаш си била ти,
секогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Љубов,
знаеш не те барам во него.
Ниту пак во неговите очи те наоѓам.
Само зборови,
напишани,
навезени поеми на бел лист,
создадени во неговото срце
те опишуваат.
Ме опишуваат мене.
....како љубов.
Но како?
Како сум јас љубов,
кога љубовта во себе ја барам?
Тоа неговата љубов твори.
Кон мене,
што ја чува во себе.
Далечна од себе сум,
како да бидам блиску до него?
Галаксии и созвездија измеѓу нас.
А стоиме еден до друг.
Сонуваме еден за друг.
Исти соништа,
исти желби,
исти стравови,
гаиме.
Мактуб!
...ми рече.
Пишано е.
Зарем?
Сами пишуваме,љубов.
Сами создаваме.
Како и оваа приказна што ја создадовме.
Јас и ти.
Љубов,ах љубов.
Јас и ти не си припаѓаме,
не сме еден за друг,
не постоиме заедно..
Не сега.
Не овде.
Погрешно време.
Погрешно место.
Ме нема во очите твои насликана,
те нема во очите мои опеан.
Само желбата за љубов,
во нас гори.
Твори љубов твори..
Но не вели,мактуб.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Дојдете поети и писатели
дојдете и кажете ми
вистина ли е дека кога неможеш да заспиеш
се будиш во нечив друг сон.

Интересно е како мојата приказна останува недокажана но ми се чини дека вие веке ги знаете зборовите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and misterija