Оганот ќе гори и за години
Се смеам без глас,
затоа што ноќва не сум сам,
ми значи тоа,
премногу од толку многу,
затоа што земјата се врти со сите нас,
со сите ѕвезди кои сјаат и не сјаат,
за да красат,
се што помислам и се што постои,
во очиве што гледаат,
за низ водата се да замине,
и дојде повторно од небото со дожд,
со убави зборови и крв што ветува,
таму,
каде не морам да љубам,
за да бидам среќен,
само да живеам од раѓање,
со збогувања и средби,
во кои,
некој ќе живее после мене,
можеби ти и јас,
за да потсети на нас,
како што ние сега потсеќаме на нив,
така е тоа во ова време безвремено,
во кое,
оганот ќе гори и за години,
во таа вечна игра на кругот,
од будењето до сонот,
без враќање назад,
како што после смртта,
никој не се враќа.
Се смеам без глас,
затоа што ноќва не сум сам,
ми значи тоа,
премногу од толку многу,
затоа што земјата се врти со сите нас,
со сите ѕвезди кои сјаат и не сјаат,
за да красат,
се што помислам и се што постои,
во очиве што гледаат,
за низ водата се да замине,
и дојде повторно од небото со дожд,
со убави зборови и крв што ветува,
таму,
каде не морам да љубам,
за да бидам среќен,
само да живеам од раѓање,
со збогувања и средби,
во кои,
некој ќе живее после мене,
можеби ти и јас,
за да потсети на нас,
како што ние сега потсеќаме на нив,
така е тоа во ова време безвремено,
во кое,
оганот ќе гори и за години,
во таа вечна игра на кругот,
од будењето до сонот,
без враќање назад,
како што после смртта,
никој не се враќа.
Последна промена: