Бугарски пасош - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Бугарски пасош - да, но само доколку сум роден на територија на Бугарија или имам бугарски корени. А јас сум роден во СРМ, СФРЈ така да по однос на раѓање немам право на бугарски пасош. Бугарски корени немам. Така да, тоа отпаѓа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Бугарски пасош - да доколку имате бизнис па сакате да го проширите во Бугарија и таму да отворите фирма.Нема да ми биде гајле што зборат „патриотите“ тука кои што воопшто не ни размислуваат за бизнис и за тоа да пркнат малку туку само кукаат зошто нема пари.
Бугарски пасош - не само заради да си купам кола.Кога бев во Пловдив и околни места можев да земам бмв 525д 2005/6 година за 10.000 евра ако бев бугарин ама не земав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
35
Скопје
Бугарски пасош ? Нема шанси! Која е причината за која би го зел? Поефтини коли ? Подобар живот , а кој подобар живот? Работа некаде по 16 саати на ден? Епа господа пари на дрво никаде не растат наместо да живеете во инлузија дека некаде таму ќе отидеш и ќе заработиш добро ако освен за храна и кирија немаш други трошоци бидејќи рмбаш по цел ден и спиеш остатокот од него? Кога таму можеш да работиш толку работи и тука де па ќе си спечалиш! Сеа ќе речете повеќе плаќаат абе луѓе цените на храната таму се поскапи од кај нас двојно што значи пак ќе се сведеш на речиси истиот приход , а нема да си дома и најважно од се ќе се направиш нешто што не си за бадијала! БУГАРСКИ ПАСОШ НЕ БЛАГОДАРАМ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN