Алергија на антибиотици

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Немам вовед никаков. Само прашање
Дали некој од вас или пак некој ваш близок е алергичен на антибиотик?
И шо поточно значи тоа?
Син ми пиеше амоксиклав, не му е прв пат, но прват му се јави реакција - исип по лицето.
Го однесовме на болница, му ставија инекција и исипот го снема.
Сега спие, а јас дремам на штрек и чекам да се раздени.
Па си реков да прашам....
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Добро е ако е осип и избива на површина,општо за сите алергии е така,лошо е ако алергиската реакција е внатрешна. Има мн луѓе што се жалеа од тој бугарскиот Амоксиклав,ако го користиш тој,фрли го најубаво. Мислам дека би требало да му одредат режим на исхрана еден период,ќе исфрлат неколку продукти,и ќе биде добро. Не е ништо страшно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
не, не е бугарски, словенски е, од Лек
инаку да, ни рекоа строга диета 2 дена
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Епа тогаш нека ја пројде диетата,и избегнувај премногу антибиотици,нека си стекне само имунитет,пробај со бабинските лекови,ем се попрактични,ем се подобри за организмот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јас сум, или барем ко мала бев, алергична на линкоцин и пеницилин што се демонстрираше со високи температури и големи модро-виолетови пликови по грбот. Дури едвај и се сеќавам. Бидејќи првин не знаеле што е, ме однеле на тестирање, најубаво однеси си го синчето да го тестираат на што поточно е алергично, зошто јас на крај, освен на двата гореспоменати, испаднав алергична и на сувомеснати производи. Не е болно, но малку е гадно тестирањето, зошто (зборам за пред 15 години минимум) те сецкаат по рацете ставајќи разни антибиотици врз секоја раничка, за да тестираат која ќе даде реакција, но сега мислам дека е со инјектирање и дава многу поточни резултати од тогаш. Штом препорачале и диета, можно е да е и некоја храна.
Ќе мине, еве јас сега комотно можам сувомеснато да јадам, што значи или минала алергијата или никогаш не сум ја имала.
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871

FYI лани правев и јас алерготест .. и беше исто вака (Со 12 глупости таму) со игличка ^_^
Не се осеќа ни малце де ти па :D
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
јас сум алергична на антибиотици.
Гледам различни бои кога ги пијам,и чувствувам како да ми лази нешто по телото..
не земам повеке, само во болница добивам инфузија,ако веке треба под надглед.
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Алергиски реакции на антибиотици се јавуваат од различни причини.
Можеби во скоро време синчето ти пиело антибиотик па сега повторно пие и како одговор на имуниот систем кој сеуште не закрепнал се јавува алергиска реакција.
Тоа не значи дека ќе продолжи да се случува и понатака.
Од друга страна, детето не мора да било алергично на антибиотици порано може во одреден степен од својот развој да стекне алергичност и тоа да продолжи и понатака.
Во секој случај не е ништо страшно. Не се грижи, едноставно, како што веќе ти споменаа и другите членови, ќе го однесеш на клиника ќе му направат алерготестови и ќе видат дали и на кои антибиотици е алергичен и зошто.
Понатака ќе прима терапија од соодветна група антибиотици на кои не е алергичен и тоа е тоа.
 
Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Јас сум алергична, не само на Амоксиклав туку и на Пеницилин, Линкоцин и други антибиотици. Уште како мала, јас не се ни сеќавам на тоа, ми се јавила алергија на Амоксиклав така што ќе сум се угушела и кога ми го направиле тој алерго-тест утврдиле дека сум алергична на многу од антибиотиците. Единствено што смеам да примам е Гарамицин од страна на инекции и тој сирупот Лидаприм кој често ми го заменуваат со апчиња Тримоксазол. Ако не дај Боже се случи да сум страшно болна ме лечат со системи, друго чаре нема. Среќа досега само два пати сум завршила со систем.