Ме потсети темава на филмот Семоќниот Брус, каде Брус се замени со Бог, ги доби сите негови моќи, ама немаше право да ги користи за лични задоволства...
Сега, јас верувам дека се е со некоја причина, секоја случка, секоја непогода и погода е дел од една голема домино игра, а јас како Бог сигурно дека нема да се дрзнам да тргнам парче домино т.е да се плеткам во големи работи, да уништувам земји, да спречувам спорови или такви работи...
Јас како јас, ќе помогнам на стари изнемоштени луѓе, на болни, на животни, онаму каде претекува ќе земам за да дадам онаму каде што фали... На никој помалце на никој повеќе.
Исто и ќе ги соберам сите forever alone машки и forever alone женски и ете ти forever together
И после сите тие добри работи, ќе ги соберам пријателите, малце да се позезаме свирејќи на харфа на седмо небо..
Се зезам, ваљда ќе тераме сеир, зезајќи ги оние што не оставиле или навредиле некогаш.. Ќе им затварам отварам врата, ќе им гасам светло, чисто онака за забава, пошто била и Бог јас сум си тоа, едно несозреано дете