Зошто мислам дека оваа последнава реченица е плагијат? Може ме лажат очите, ама нема врска.Темата е ЉУБОВТА НА МАЈКАТА Е НАЈСИЛНА.
Одговорот мој е НЕ,НЕ Е НАЈСИЛНА (ТАТКОТО НЕ ГО СПОМНУВАМ ДЕКА Е ЗА ДРУГА ТЕМА)
Завод за статистика не работи фатил продолжен викенд.
Таткото го спомна цитирам: Постојат и татковци.
Тоа највероватно се однесува на онаа моја реченица за пожртвуваноста на мајката. Демек постојат и такви татковци.
Но, да не анализирам, да ставам крај на она што ми беше на ум:
Тоа што во реалноста сте имале прилика(или можеби неприлика) да се сретнете со мајки, од оној тип што го наведе maja-maja не значи дека буквално сите(или поголемиот дел од нив) имаат фаворити меѓу своите дечиња.
Тоа го зборам, врз основа на тоа што, мајка ми никогаш не не делела, не сум слушнал никој од блиските(читај: најблиските) да се пожали на таква запоставеност.
Можеби тоа било во она време кога машките деца биле над женските и можеби сѐ уште тоа го има во такви заостанати семејства, но тие семејства не го сочинуваат колективитетот.