1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовта на мајката е најсилна

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од Ivona Kicevo, 15 јуни 2012.

  1. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Зошто мислам дека оваа последнава реченица е плагијат? Може ме лажат очите, ама нема врска.
    Таткото го спомна цитирам: Постојат и татковци.
    Тоа највероватно се однесува на онаа моја реченица за пожртвуваноста на мајката. Демек постојат и такви татковци.
    Но, да не анализирам, да ставам крај на она што ми беше на ум:
    Тоа што во реалноста сте имале прилика(или можеби неприлика) да се сретнете со мајки, од оној тип што го наведе maja-maja не значи дека буквално сите(или поголемиот дел од нив) имаат фаворити меѓу своите дечиња.
    Тоа го зборам, врз основа на тоа што, мајка ми никогаш не не делела, не сум слушнал никој од блиските(читај: најблиските) да се пожали на таква запоставеност.
    Можеби тоа било во она време кога машките деца биле над женските и можеби сѐ уште тоа го има во такви заостанати семејства, но тие семејства не го сочинуваат колективитетот.
     
  2. Lillian

    Lillian Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 април 2013
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    263
    Плагијат ако е чекам тужба во најмала рака,а јас ќе се справам со неа.
    Тоа дека те лажат очите е веќе плагијат си го препишал од Саша Матич.
    Твојот пример е твој што не значи дека е кај сите семејства така.
    Темиве се ставени за дискусија и не се буткај одма со раменици барем научи се да стоиш во ред и да дискутираш.
    Од твоето кажано научивме дека има и вакви и такви Мајки и дека не се сите идеални како што не учеле на училиште?
     
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Сама одговори на твоето прашање.
    Ти на почетокот генерализираше, а јас ти кажувам дека не можеш да генерализираш - ако немаш поинаков аргумент освен арогантно однесување кое воопшто не ти прилега, тогаш ова ќе биде моја последна реплика.

    Љубовта на онаа мајка која што е доволно свесна дека она што го родила зависи од неа можеби и цел живот секогаш ќе биде безусловна.
    Другите не заслужуваат да се наречат мајки.
     
  4. Lillian

    Lillian Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 април 2013
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    263
    Јас се си мислев дека самиот наслов на темата генерализира.
     
  5. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    :patos:patos
    Океј, тогаш добро... ајде ќе изгенерализираме и ќе останеме на твоето. Мајката има свој фаворит помеѓу децата.

    Само да се прашувам... Кое дете е фаворизираното од овие две дечиња што ќе ги наведам во примерот:
    Една мајка има близнаци. Нема пари да им купи облека, ама има доволно материјал за да им сошие пантолончиња. Прво ги шие пантолончињата за машкото затоа што му се скинале на ноџето да не му дува сабајлето кога ќе тргне за во училиште, а другиот ден шие за девојчето.
    Девојчето можеби во моментот ќе помисли „мама го сака бате повеќе од мене“ и ќе отиде да запише на форум дека мајката не ја фаворизира, ама нема да помисли дека можеби во истиот миг женичката едвај ги собира солзите оти нема време за да сошие во ист ден за двајцата.

    Сите постапки на родителот - оној вистинскиот, имаат објаснување. Само што некогаш љубомората не дозволува на човек да види два метра пред него.
     
    На MoonFairy и existence им се допаѓа ова.
  6. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,320
    Допаѓања:
    3,003
    Обично во семејства каде има машки и женски деца , по некое непишано правило се прави помала или поголема разлика меѓу нив. Ќе станете свесни во моментот кога сакате нешто матерјално да поделите.
    Тогаш , традицијата ќе се појави, и наследникот во семејството ќе го заземе тронот...Зар нема никој слушнато женското е за друга стреа. Балкан е овде
    Или ако некое дете е физички или психички послабо, или знае да манипулира со родителите, тогаш вниманието е свртено кон него..
    Сепак се сложувам дека мајчинската љубов е најсилна, но не подеднаква кон сите деца.
     
  7. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    Во се’ има исклучоци, па има и во мајчинството...
    Познавам многу случаеви каде мајката е жртвен јарец за своите чеда (една од нив е и мајка ми) и би жртвувале се’ ама апсолутно се’ за доброто на своите деца...но, како што реков има и исклучоци, така да познавам и неколку случаеви каде мајката ги напуштила своите деца (дали бебиња или тинејџери сеедно) заради свои себични причини и не се свртила назад...
    Значи има секакви...
    Мислам дека не треба да се генерализира, секој човек е индивидуа и приказна за себе, така и секоја мајка е приказна за себе...некоја крева паника ако детето крене температура и трча во болница, друга пак му дава сируп смирено, го масира со алкохол и го легнува да спие...не значи дека втората ако не кренала паники е помалку добра мајка од првата...секој има свој начин на сакање и свој начин на покажување на љубовта...
    И дефинитивно мислам дека ни една мајка не ги дели своите деца, или има различен третман и различна доза на љубов кон своите деца...Љубовта на една мајка кон своите деца не може да се стави на вага па да се мери кого го сака повеќе...тоа е апсурдно...
    Ги сака исто, можеби на поинаков начин...Можеби она кое е поосетливо, понеснаодливо, поспоро секогаш ќе и биде слабост и ќе го форсира него, ама она другото, пргавото, итрото, снаодливото, ќе го сака исто, нема да го форсира и да се труди околу него, ама ќе биде горда што родила такво дете и ќе биде благодарна што не и е терет...
     
    На Licno taa, Аркантос и Outrider им се допаѓа ова.
  8. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Не е само дека љубовта на мајката е најсилна. Туку мајката е и најсилна, барем мојата. Таа после се што преживеа, остана со крената глава само за мене. Прави се за мене. Многу работи кои ги направила во животот, биле за да мене ми биде подобро, и за тоа какво мислење ќе остави кај другите, пак за мене. Иако, многу пробувале да ја бутнат, да не направат расипани, само затоа што све две женски сами, никогаш ама никогаш не дозволила тоа да им се исполни. Имаме и ние кавги и расправии, епитети, плачки и драчки. Ама се поминува.....
     
    На Licno taa и Prashina им се допаѓа ова.
  9. Licno taa

    Licno taa Староседелец

    Зачленет на:
    28 јануари 2013
    Мислења:
    59
    Допаѓања:
    50
    Ова прашање постави си го кога ќе имаш деца. Мајката неможе да сака едно дете повеќе од друго. :cool:
     
    #29 Licno taa, 10 февруари 2015
    Последна промена: 10 февруари 2015
  10. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,320
    Допаѓања:
    3,003
    Твоето тврдење го базираш на сопствено искуство како мајка?
    Ќе зборуваме кога ќе се отворат картите на маса и кога ќе има поделба на имот или помош во чување на твоите деца или подршка во некои ситуации кои животот ги носи и кога е потребно повеќе од вербална комуникација.
    Животот ќе ти потврди или одрече тоа што го тврдиш.
     
    На Pica pica му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: