Уффф вака сеа...Стварно ми треба совет. Веќе некое време сум заљубен во една моја колешка од факултет, малку е постара од мене. Таа пред неколку месеци раскина со бившиот и на нејзиниот ФБ профил пишува дека е слободна. Јас бев страшливец и од некоја причина се плашев да ја викнам на состанок. Пред неколку дена конечно го надминав стравот и ја викнав да излеземе некаде на кафе. Арно ама, таа после ми рече дека била во врска со некој друг. Сега сум сосема збунет, дали е тоа вистина или не? Таа ми вели дека е во врска, а на профилот пишува дека е слободна. Се знаеме долго време и таа ме смета за добар, фин и љубезен дечко, што и сум. Има многу знаци кои сугерираат дека не е во врска, како на пример: 1. Повеќе од една година нема објавено слика на ФБ на која е заедно со некој дечко. 2. Двајцата имаме навика да седиме до доцна навечер (дури и до 6 сабајле) и да разговараме за разни работи на чет, а таа ако имаше дечко немаше да зборува толку долго со мене. Не сакам да ја навредам и да ја обвинувам дека лаже бидејќи ја сакам. Но, не знам на кој начин да дознаам дали тоа што ми го рече е вистина. Нејзиниот дечко ја има оставено поради друга, па можеби се плаши дека и јас сум таков, иако не сум. Или можеби едноставно не е спремна за нова врска, па затоа така ми рекла. Јас многу ја сакам, и тоа премногу, воопшто не можам без неа. Како да постапам?
Има многу пречки кои треба да ги надминеш, една од нив е постојаниот контакт на фејсбук во случај ако е возможен контакт лице во лице. Ти посекако батали ги информациите што таа ги пласира. Никогаш ама апсолутно никогаш нема да знаеш на што точно се наоѓа нејзината релација со вистинскиот свет а тука спаѓаат дечковците.
Тоа што таа ти го има спомнато дека е во врска со друг може да значи се`. Може да биде слободна ама пошто те гледа фин си, културен, не сака да те откачи грубо, па и таа на фин начин ти спомнува дека не сака да има нешто со тебе. Може и е слободна, може и не е. Ти како што се поставуваш пред неа, по се изгледа ќе те смета како добар пријател. Тоа е тој проблем со вечното поставување како рамо за плачење уште од самиот старт. Не и` се поставувај така, туку повеќе покажи ги своите намери.
И батали со четот и онлајн комуникација, туку повеќе биди достапен во живо. И муабетите повеќе сврти ги кон флерт а не кон сослушување на нејзините проблеми. Ако упорно пробува таа да го свртува муабетот обратно, жалам - штотуку имаш добиено добра другарка. Што и не е толку страшно, може доста работи индиректно за женскиот свет да дознаеш од неа. Но неа нема да ја имаш.