Љубовна поезија

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Зимска ноќ
Јас залутана низ виулиците на гревовите
После полноќ
Нова надеж, нова љубов
А звезда да ми го раскежеше претстојното
Немаше да те заведам
Со танцот на воздишките
Ќе бев ладна како мраз
Но со првиот непознат бакнеж
Ја разруши мермерната скулуптура
Која некој ја изградил
Како симбол на моето патешествие
Навикнав на дождовливи утра
Но не се надевав дека следниот ден
Дождовни капки ќе ме заспијат
Благодарам на потсетницата за страдање
За љубов невозвратена
За ноќи без сон
Те Сакам
Од тука, до вечноста на заборавот.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Замина...

Замина тивко, и пустош остави,
зад него непробоен ѕид постави.
Роза подарена, искина на две,
реши таа да стави крај на се’.

Со солзи ја пратеше, и убиствен молк,
а во него владееше глад како на волк.
Сакаше да се стрча, да ја гушне силно,
да ја погали по образот, да ја бакне милно.

А сепак таа продолжи, не гледајќи назад,
а него само продолжија морници да го лазат.
Ќе се врати ли таа некогаш сакаше да знае,
ил го остави вечно за минатото да се кае...
247581_2055384179908_1103674617_32475218_761604_n.jpg

@ Nighty
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Замина...

Замина тивко, и пустош остави,
зад него непробоен ѕид постави.
Роза подарена, искина на две,
реши таа да стави крај на се’.

Со солзи ја пратеше, и убиствен молк,
а во него владееше глад како на волк.
Сакаше да се стрча, да ја гушне силно,
да ја погали по образот, да ја бакне милно.

А сепак таа продолжи, не гледајќи назад,
а него само продолжија морници да го лазат.
Ќе се врати ли таа некогаш сакаше да знае,
ил го остави вечно за минатото да се кае...
247581_2055384179908_1103674617_32475218_761604_n.jpg

@Nighty
Импресивно од машка страна!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Nighty

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Занес...

Се појави без глас, од никаде...
А веќе си во мене, насекаде...
Во глава, во мисли, во спомен,
во слатки моменти од секој домен.

Ми остави насмевка налик принцеза,
и кроток поглед од кој се ежам.
Допир од кој искрена стремеж блеска,
во дневни мечти и вечерна треска.

Направи и во магија да верувам,
во слаткоречивоста твоја да поверувам,
да се надевам на довековна идила,
и кристална љубов од бајки со крила.

Овој силен занес кон тебе ме носи,
пркосејќи и' на реалноста, ја коси.
Го наоѓа патот кој води кон тебе,
зашто само таму се пронаоѓам себе.

267707_2131872452067_1103674617_32540430_3446751_n.jpg
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Занес...

Се појави без глас, од никаде...
А веќе си во мене, насекаде...
Во глава, во мисли, во спомен,
во слатки моменти од секој домен.

Ми остави насмевка налик принцеза,
и кроток поглед од кој се ежам.
Допир од кој искрена стремеж блеска,
во дневни мечти и вечерна треска.

Направи и во магија да верувам,
во слаткоречивоста твоја да поверувам,
да се надевам на довековна идила,
и кристална љубов од бајки со крила.

Овој силен занес кон тебе ме носи,
пркосејќи и' на реалноста, ја коси.
Го наоѓа патот кој води кон тебе,
зашто само таму се пронаоѓам себе.

267707_2131872452067_1103674617_32540430_3446751_n.jpg
офф, беее... Ова е за во Поеми: Те сакам!
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
обично, така

наречи ме детинеста
зашто сеуште цртам сонца во десното ќоше од листот
наречи ме будалеста
зашто сеуште со прстот пишувам букви врз облаците
наречи ме насмеана, расплакана, бушава, дотерана
наречи ме сосема обична,
обично така,
наречи ме твоја
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас сеуште го љубам моето „ ах “
сплетено од воздишки и прсти мокри..
Јас сеуште го барам тој одраз од мастилна крв,
истурен врз сребро и контраст, што со сомот го покри.

Го протнувам зглобот крцкав и модар,
низ решетки сковани од злато и пот,
низ одаја со реа од исколван дроб.
Молчам.

Кукавица ли слушнав?
Канделабрите со темјанушки ги гребе и рие,
чувај ја затворена,во замокот од коски најубаво ќе спие,
Јас немоќно главата одамна ја мушнав.


Наквасив перо и потпишав,
Фаус е среќен.

Толкувам ѕвезди, свирепи истрели
симбиоза да створам, а нејќе.
Ќе поминам мувлосани даски, од прозорот над кујната ќе извијам врат,
И врисок и шепот и се измеѓу нив, ќе ме пречека со аскер на прашливиот пат.
Немоќност!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Baronessa

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Вечер...
Ти удобно седнат во фотеља.
Лизга и последиот коњак.

Таа во улога на љубовник, силна како песочна бура.

Рече:
Сеуште не разбирам.
Секоја наредна средба е се почудна.
Набере негде заедно, тотално одалечени.

Каде?
Меѓусебе или од светот?
Во колевка или надвор од неа?
Во душа или во срце?
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
девојка со оган во косата

Вчера помина, покрај мене, девојка со оган во косата.
Насмеана, горда, со малку подигнат нос.
Ја гледав долго, предолго за да не приметат другите.
Тие, да, ме приметија, а таа не.

Денес ја сонував девојката со оган во косата.
Поминав покрај неа, насмеан, горд, со малку повеќе подигнат нос.
Сите ја приметија, оти ме гледаше долго, толку долго,
колку што трае еден сон.

Утре ќе ја најдам девојката со оган во косата.
Ќе поминеме покрај сите, насмеани, горди со носеви нагоре.
Никој нема да не‘ примети.
Кој приметува лудаци, кои гледаат кон небото?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and lady_blue