Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Вчерашниот ден замина,
но јас знам каде е сокриен,
замина и ти,
ми остави зборови недоречени,
од твоите очи,
што со ноќта срцево го гаснат,
како последната канделабра,
што во утрината се гаси,
расеана во илјада бои и една капка,
од твојата солза нерасонета,
која стрела во срцево,
што минути брои,
во ритам на часовникот застанат,
за допирот твој кој не постои,
запишан на туѓо небо,
од груби раце,
што низ облаци те рони,
а ти,
ја натопуваш душата моја,
со твојата,
да го навадиш нежно немирот,
спокој да никне од него,
како дар,
за далечините,
со кои сме родени,
и поделени,
во една ѕвезда,
што на небото самува,
со нас и засекогаш,
заречена.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Traviesa and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Како сонце си ми, светлина со која ми започнува денот.
Како река си ми, течеш низ вениве со слапови и правиш прескоци во срцево.
Како воздух си ми, не те гледам но те чувствувам во секој здив.
Како сон си ми, толку потребен и недосонуван.
Како небо си ми, ни почеток ни крај немаш.
Бесконечен.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти имаш душа што изобилува со љубов,
и најубаво виножито кога ќе заврне во твоите очи,
во нив сакам да го капам ова ветво срце,
ова дотрајано биење,
што личи на дланки кои се подаваат радосно да го отварат небото на мојата крв,
боејќи го со неа твоето зреење да срасне со моето,
ги крадам со грабежи мудри нашите мугри разделени,
напишани од едно мастило,
и сите распеани ѕвезди додека плаче ноќта за нашите прокоцкани дни,
од судбината исковани,
за да ја исполнам празнината на сите брегови откинати од мојата длабочина,
до твојата убавина,
затоа што таа ме гони,
барајќи во неа причина,
да сум жив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ми го одземаш здивот,
и на небото стихот,
сокриена во меката постела на темјанот,
откриена во божурот,
ме заспиваш со нежноста на полноќта и ме будиш со свилата на утрото,
ти си мое чудо и помош,
да од мене болката напластена врз ѕидовите на крвта истекува,
срцево што го лекува,
и го поттурнуваш сонцето во зенитот да се насмее над мојата глава наведната,
и го избрише сето темно минато во мене запишано,
кое мислев не ќе стивне никогаш,
мојот живот пред тебе беше книга со скинати страници,
без наслов и амин,
без крик кој одекнува во космосот,
мојот живот беше се само не и на светот една убавина,
пред да се заљубам во тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Светлина во ноќта врз тело без душа,
душа која лебди како магла
над земјата која издишува и моли
за само зрак од истата таа светлина.
Ти небо мое насмеано
мој си мир и мој немир,
како сон влезе во мојот живот,
со еден допир
до темел ги сруши сите мои ѕидови,
ми подари живот,
ми подари свет,
поинаков,
поубав,
само наш.
Ја напуштив веќе таа темнина со која се покривав,
ги испратив со твојата на дното на морето,
да се изгубат низ песокот
на милион години,
да ја исперат од себе сета црнина и болка од минатите животи.
И еве ме, стојам откриена пред тебе,
орбита сум која се губи
во две очи како два длабоки сона,
во зеници како лисја отворени,
и сонам,
сонам за нивната топлина
тукушто разбудена,
за само уште еднаш да ги почувствувам
твоите раце во мојата коса,
твојот здив крај моите усни,
твоето срце притиснато до моето.
Да, Те сакам како што никогаш не сум сакала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Јас сум ти,
а ти си вистинското лице на љубовта,
јас сум ти,
а ти си едноставноста на животот,
јас сум ти,
а ти си слободата на ветрот,
јас сум,
се што си ти и нека бидам ти,
засекогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Моите и твоите песни,
таа река од мисли
од душа што извира
и тече мирно крај пољани цветни,
еден свет на два дели,
еден е наш,
другиот неважен,
полека забрзува низ падините,
водоскоци за усните на жедните,
се до долината
веќе собрала сила и камења крши,
па се смирува,
блеска под сонцето,
во коритата на очите,
но сјајот не е за секого.
Сите мои песни
тебе ти ги дарувам,
и никому никогаш нема да ги прочитам,
нека молчат усниве,
а ракава нека запишува,
она што ми е важно
само твоето срце да го разбере.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Боговите играат во вечноста,
луѓето ја празнуваат празнината во смртноста,
а јас,
јас сум таму некаде залутан во твојот поглед,
и се издигам од пепелта на сонцето,
да ги оживеам ѕвездите,
и ги истурам од дланкиве,
ко цветови од љубовта набрани,
врз твоето тело,
и се мое во него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Тага

Празнина блиска,
без имиња, без глас,
само тела и срца угнетени.
Скршени сеќавања на самите себе,
ноќи кадифени,
потемни од мастилото што ги пишува.

Љубов

Зборот топлина стана,
руменило свежо во утра светли,
мелодија блага,
кревкост,
како дождот предаден на ветрот,
блескотење на ѕвездите и спокоен сон.

Копнеж

Гори во градите, пламен,
недопрен, неизречен,
исчекување како за вечен спокој,
не знам, не можам,
не сакам да знам,
како без твојте очи.

Страст

Шепот на ветрот,
мириса земјата од пареата после дождот.
Треперење,
усните топлина носат
наспроти свежината на утрото,
врз кожата твоја зборови или бакнежи,
и таму усните мои.
Дишам со тебе,
дишеш во мене,
твоја сум,
мој си,
тоа останува.

Среќа

Еве ја, се роди!
Чиста,
зграби го занесот,
впиј го животот.
Љубам.
Љуби.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти напишав стих,
во едно меѓувреме песокливо,
со крвта божја дарувано,
во кое сонцето се отпаруваше од @Iris* -от на твојте очи и со восочни конци ја топеше аурата на моето постоење,
завртено со четрите прсти на светот,
за да го допрам лицево насмеано,
со небото во посветла нијанса,
која некогаш одамна,
темна ја сонував.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*