1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовна поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    778
    Допаѓања:
    1,317
    Топла, леплива, црвенее
    крвта нејзина на неговите усни,
    гори, пече, траги остава
    жедта негова за неа,
    за едно лутање блиско
    под месечината далечна,
    една месечина
    два погледи спојува,
    два света,
    два животи,
    родени заедно
    за да се разделат негде патем
    проколнувајќи ја судбината,
    и не ќе пресушат солзите
    капка радост што им носат,
    огледувајќи се еден друг во нив,
    плетејќи приказни од нејзината коса,
    не ќе замине тој никогаш
    од срцето нејзино,
    од жедта за нејзината сирова крв,
    и не ќе остави таа
    дур очите живот и пијат
    да помине ни еден ден
    без љубов за него,
    ниту после смртта која разделува,
    барем за миг.
     
    На Xenia и İncognito им се допаѓа ова.
  2. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,485
    Допаѓања:
    3,760
    Моја си светлина,
    која не запира,
    со неа го погледнав светот во вистински бои и знам,
    се ќе мине,
    и душава ќе згасне,
    еден цвет да се роди,
    да го погледнеш ти,
    со твоите најубави очи,
    мои,
    ѕвезди што паѓаат,
    врз росата од сите дни без тебе,
    ќе остават тие траги на моите образи,
    неразбудени во утрото,
    од сонот мој,
    со крвта истечен,
    за тебе.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,485
    Допаѓања:
    3,760
    Знаеш,
    ние имаме дом,
    сокриен во една мудра убавина,
    на тремот негов се раѓа квечерината,
    и висат фенери кои се палат со точните зборови што ги премолчуваме во денот,
    и сонат со разиграните ноти во грлата на птиците,
    молејќи не уште еднаш,
    да го разбудиме огнот во глувата месечина,
    да пламне таа врз реверот на небото,
    чиј костум никогаш не е ист,
    ми се чини толку ли е сѐ сиво на него како сега или само се огледуваат очиве гледајќи го,
    знаеш,
    ќе потемнат тие со твоите во него,
    пред прагот на уште една дива ноќ како оваа,
    разулавена во зеленилото на моите лисја,
    од дамариве израснати и узреани,
    што такви не се даваат да паднат врз земјата,
    да изгнијат во трагите кои не разминуваат.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,485
    Допаѓања:
    3,760
    Мириса липата расцутена,
    во тој глув лелек на изморената пролет,
    и во неа таква се соочувам со демоните во себе,
    далеку од тебе,
    го правам тоа со секој изгниен ден во маката од ровка земја и не ги победувам,
    а толку е се пастелно заводливо,
    со скршена роза невино обоено,
    но признавам,
    можам и си посакувам добра ноќ и ја испивам последната чаша џејмисон со нив,
    во мовта од бунилото мое и нивно,
    на стеблото осамено што јачи за капка од небото сино,
    без да посакам прошка,
    со крвта заледена,
    таму малку повисоко од чекорот кој ме води до тебе,
    поблиску до твоите раце што знаат да ме прегрнат како ниедни,
    и не ќе те стасам,
    ниту тие ќе ме прегрнат,
    зошто знам,
    не ќе те најдам,
    таму каде вирее светлината од месечината алегорична,
    чии зеници се раѓаат во твоите,
    да изутрат со моите,
    можам и посакувам до недоглед,
    до слепост,
    парајќи ја свилата на тишината со моите изгубени зборови,
    со кои те заспивам секоја ноќ,
    без да знаеш,
    робувајќи ти со моите тажни пијанства,
    зошто во тебе ја видов ставата на љубовта,
    и смртната воздишка без неа,
    длабоко закопана во свеста.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    778
    Допаѓања:
    1,317
    Се кријам зад оваа насмевка поинаква
    со нежната полусенка
    оваа тегобност дребна што ја пронижува,
    и оваа сенка на патот пред мене,
    но ти знаеш каде можеш секогаш да ме најдеш,
    од денот кога ти ја отворив душава,
    дојди ми љубов,
    како ѕвезда што не ќе згасне во рацеве мои,
    знаеш дека можеш да ме достигнеш,
    само треба да го спуштиш штитот.
    Не сум до тебе,
    не сум ни горе,
    ниту се чувствувам способна да бидам,
    не сама,
    јас сум таму долу,
    се борам за нас,
    против тебе,
    против демоните,
    мои и твои,
    дојди ми, да љубам или да умрам,
    те гледам се насмевнуваш
    па ти се грчи лицето.
    Боли?
    Не мора многу да се веднеш,
    само погледни и пружи рака,
    долу на градите што спијат
    и почувствувај ја топлината уште што се задржува,
    или фрли земја и покри ме брзо,
    да не ми го заборавиш гласот,
    зошто јас уште ќе ти зборувам,
    научи да го разликуваш бакнежот мој од јазикот на демоните,
    и не го бркај облакот
    што жали над осаменото стебло,
    зошто стеблото е моето тело,
    а облакот единственото што го чекаат усниве мои.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  6. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,485
    Допаѓања:
    3,760
    Песна под сонцето

    Колку светлина може да собере една зеница,
    колку радост знаат да однесат два ириса,
    уште колку ли крв златна ќе истече од ранава што ја сокривам длабоко во градиве,
    туркајќи ги ребрава сребрени,
    подалеку од неа,
    со секој мокар здив од летниот дожд украден,
    за мене,
    таа е сѐ што имам,
    тоа сме јас и ти,
    една певлива песна под сонцето,
    прогонета од усните на љубовта.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    778
    Допаѓања:
    1,317
    Бесконечна недореченост раѓа прашања,
    без одговори,
    бура од размислувања,
    облаците во рикверц ги притискаат во ќош,
    никакви кочници не можат да ги запрат,
    бие во градите,
    како крвоток на врапче,
    демнејќи трошки среќа,
    залуден обид да се спротивставам на ноќта.
    Молња...
    Ја сече тагата на два дела,
    на бело и среќа.
    Дожд...
    Ја замајува глувоста на темнината,
    боејќи ја со еднобојно виножито,
    сѐ е зелено,
    не ми е потребен чадор,
    сакам дожд,
    сакам зелено,
    мириса на јасмин и мошус,
    сонцето заспало во колевка,
    сѐ повеќе го задржувам здивот,
    а уште сѐ пламти во мене.
     
    На Prashina и İncognito им се допаѓа ова.
  8. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,485
    Допаѓања:
    3,760
    Ти ме научи да го кротам лошиот волк во мене,
    да бидам брутално искрен и да го стоплам со здив ножот кој пресекува темнина,
    на дното од душава да пронајдам трошка светлина,
    од лузните корави да сторам брегови и измеѓу нив река од ѕвездена прашина,
    врз солзите од небото запишана.
    Јас ти подарив дом во моите очи,
    да се изгубиш во нив,
    со љубов што смирува,
    во неа ти ги бакнувам стапалата пастелни и ти го предавам срцево,
    затоа што си мое божество,
    пред кое горам,
    дур крвта бие и темјани во него,
    и ништо повеќе не ќе се смени,
    ќе останеме неми,
    јас по тебе и ти по мене,
    дур не згасне последната канделабра пред утрото.
     
    #148 İncognito, 11 август 2018
    Последна промена: 11 август 2018
    На Prashina и Iris* им се допаѓа ова.
  9. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    778
    Допаѓања:
    1,317
    Молчиш,
    како чинар расцутен во април..
    Ѕвездо,
    далечна и постојана,
    ти возвраќам со тишина,
    во нашата соба,
    полна корења и светлина,
    ме читаш без да прозборам,
    без да напишам,
    со мастило ги покриваш деновите,
    а моите зборови се само далечни бродови,
    кои се повлекуваат во морето,
    разбранувано без судбина,
    само воздишка ќе излезе ноќва,
    од усните благо отворени,
    а ти напиши..
    Напиши ми песна,
    за копнежот и спокојот што го смирува,
    за жеддта и изворот што ја гаси,
    за гладта... ќе дојде ли ден да се засити?
    Не пишувај за пролетта,
    ни за сонот,
    за солзите и болката на ноќта,
    пишувај ми за среќата,
    за мене,
    за тебе,
    гушни ме со ветрот,
    бакни ме со далечината,
    погледни ме со месечината,
    додека мракот се пробива низ ребрата на ѕвездите,
    напиши ми песна,
    длабока и среќна,
    оживеј вулкани,
    растопи гејзери,
    љуби ме со стихови ноќва,
    нека се стиши бесот во мене.
     
    На Prashina и İncognito им се допаѓа ова.
  10. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,485
    Допаѓања:
    3,760
    Бела роза што му згасна на дланките,
    имаше тој,
    бела роза што му ја однесе Септември и ја направи ветва.
    Во пазувите негови ја создаде есента,
    исткајана врз лицето негово,
    жигосано со вообразениот поет,
    кој талка во ноќта несреќен и изгубен,
    залутан тој немаше зборови,
    само воздишка тешка,
    што не ја лечат ниту камбаните од неколку лета.
    Така се златни лисјата под небото ноќно,
    задишано над неговата глава,
    и неговото чело испотено и уморно,
    а неговиот поглед умираше во месечината сребрена,
    со разумот,
    кој со розови приказни некакви се тешеше,
    приказни кои шепотеа пијано,
    заборави,
    а врел беше плачот кој извираше од очите негови,
    липаа градите негови за чекорите нејзини кои заминаа,
    зад кои свесно умираше тој,
    и никому не ги спомна,
    ниту спомна,
    колку е нејзин и колку е негова,
    и не сакаше да погледне во часовникот,
    зошто времето со неа немаше сказалки за него, за неа, за нив,
    немаа срце,
    допрено во полноќта,
    имаа само крв која истекува од неговата рана, од нејзината,
    две рани,
    во една безвремена.
     
    На Prashina и Iris* им се допаѓа ова.

Сподели: