Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Од каде

Од каде твојот лелек,
јачи во мојата крв,
од каде твојата бистра вода,
во моите очи,
од каде твоите крилја,
на моите раце,
од каде твоите години,
што во моето срце вијат,
од каде снагата твоја кревка,
во моите железни чекори,
од каде твојот скапоцен дар,
пред кој стојам бесцелно и немо,
од каде се раѓа твоето невозможно,
што го оградив со илјада ѕвезди,
од каде твојата љубов,
што не знам да ја скротам,
од каде твоето стебло,
во мојата ровка земја,
од каде твојата бела тага,
во изворот на мојата темна песна,
песна невина,
песна што осамнува,
како вечен копнеж,
за нашата небиднина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ти ја отворам душава немирна
како волшебна кутија
во која настануваат зборови
што ги шепотиш пред сонот
Обоен од мојата љубов.
Ти ја отворам душава немирна
како стара книга
од која излегуваат
сите страдања и копнежи,
шушкаат како пожолтени лисја
пред да изгорат
од светлиот пламен на недогорената свеќа.
Ти ја отворам душава немирна
со нежност преполна,
од љубов оросена,
дојди прегрни ја
наслади се и оди
како и тој пред тебе
или остани во неа
како пролетна надеж
и молчејќи изгази го немирот
душава што ја пара
ко војнички чизми
тревата во ноќта што ја газат,
па награди се со мене
додека невозможното
станува возможно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,063
1,133
Ako ne si ti ne sum ni jas
Ako ne si ti i ochive so taga se nadvisnati,
Ako ne si , zar mozam ljubov da se vikam,
Ako ne si ti , samo zgasnati sonca na chelo sto spijat
Ako ne si , nema ni prichina za nov den, nitu za kvecherina.
Ako ne si ti , ne disham , ne mislam, ne sonuvam, ne kopneam
Ako ne si, ako ne sum
Pak isto sonce gree i ista mesechina
isti lelek na dushi pokojni,
Ako ne sme , ako ne sme samo zvezdi sme pregrnati.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
За тебе напишав песна
ко молитва на небото ја пратив
да се сетиш на мене
кога сеќавањата ќе избледат,
заледени од солзи
за некоја друга,
која и не знае како љубиш во сонот,
и додека нови сонови бараш
во нив мене да ме најдеш,
проколнувајќи се себеси
што не можам ништо да ти пружам
ни поглед,
ни допир,
ни глас,
само љубов чиста
неразблажена,
од ѕвездите потреперлива,
од месечината посјајна,
посилна од невремето
што во градите го носиш,
да те љубам
како сонцето дождот,
сивилото да го обојам во виножито,
што на заборавената калдрма
својот отсјај го растура,
за да ти го осветли патот
до бистрата вода
каде капе љубовта моја
и се излева во песна за тебе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Сонце радосно има,
мене во денот што ми недостига,
свиен сум во жал,
а ти од мене роса бараш,
барем една,
што ќе наточи очи отворени,
во свила преточени,
да прогледаат во ноќта,
ѕвездени,
и не молат,
само болат,
во самракот,
со каракамен на душава,
во љубов исткаена од темнина,
која никогаш не ја изреков,
ја премолчив,
да не ја грубам твојата нежност невина,
која те заспива,
во сонот кој не изгрева,
со златни бранови,
што душата ја лечат,
и печат,
течејќи милно низ срцево,
едно што за две чука,
и болува до век,
за себе,
за тебе,
за нашата небиднина,
за смртта вечна,
неиспишана,
во животот што не писка,
да трае,
во крвта што клети,
и не дава мир,
во младоста,
која заоѓа ефтино,
врз нашите крилја,
од сето твое и мое,
на небото запишано.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Сакам да ти кажам

Добро те најдов,
не е толку несредено во твоите мисли,
извини што ќе ти направам вистински хаос,
Кога веќе тапкаш врз нив,
прави го тоа врз грозје,
а јас ќе се напијам од тоа што ќе истече од него,
Остави го минатото зад нас,
обиди се иднината да не стане минато,
Ја имаш сега главната улога,
Те сакам премалку ли е за твоето срце кое го слушам толку далеку,
како ехо на моето,
Кога тишината негова ќе стане неподнослива,
слушни го срцево во ѕвецкањето на твоите потпетици и осети го небото под нозете,
Знаеш баш сме како листови на ветер,
само гранката чива е,
моја или твоја,
утре ќе имаш доволно време без мене да одговориш,
Еден ден ќе се сокријам во твојот молк,
а и ти во мојот,
ќе постоиме секогаш насмеани во таа нашата тишина единствена,
дур не го допреме ковчегот на времето,
Те љубам проклето,
поинаку не знам,
Се распослал копнежот во птиците разлетани на небото,
така е се сино измешано со златно и тука нема ништо љубовно,
ниту пак јас сум романтичен,
само градиве се полнат со поинаков воздух,
Утрово ме разбуди зрак низ прозорецот,
ги отворив очиве и со рацеве можев да го допрам плафонот од собата,
толку ли те посакав во сонот,
Мојата покорност ти е желба или потреба,
какво е чувството да ја имаш мојата машкост заробена во твоите женски дланки,
се прашувам,
не одговори ми,
Не кради ми го времето,
твое е,
помогни ми да разберам зошто толкав немир и глад во него,
а не би да се наситам,
На полноќ кога истекува срцево со бистра вода од два извора,
И еден волк кој вие некаде меѓу редовите,
на сето кажано и неискажано.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Кажи ми
што е тоа што ме привлекува кај тебе,
од каде ти во воздухот околу мене.
Кажи ми
која сум и од каде овој стих
како прав врз твоите стихови паѓа.
Те откривам секој ден,
силно постоиш во мислите,
душата ми расте со тебе
а не ти знам ни име.
Да можам
за миг да те украдам од животот,
а ти да ме украдеш мене,
кога би смеела
да ја предизвикам судбината
наместо да ја свртам страната,
да ја затворам книгата,
почнувајќи нова
со тебе крај мене.
Кога би смеела
не би бил копнеж без име.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Тебе,
што душата со усни од ѕвезди,
ти расте со мене,
а мојата не ја собира ни во кафез од небото искован,
твоите стихови не се прашина,
туку уште една дождовница,
за посветли утра,
во кои ќе се разбудиш поинаква,
ако ме откриеш целосно,
ќе пронајдеш феникс во очите,
кој може да те заслепи,
да прогледаш од другата страна на срцето,
каде ќе самееш во тишината на боговите,
ако ја предизвикаш судбината,
таа нема да биде ниту моја,
ниту твоја,
ќе биде само крв и месо,
во времето застаната,
во неа,
ќе останеш без мене,
во мене,
под корицата,
која се затвора себично,
пред зреењето на пролетта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Еден дожд кој доаѓа од далеку,
да ме допре,
ќе измие улици и лица,
кои ги газам и носам во темнината,
за мене и за тебе.
Еден дожд ќе натопи и избрише,
се што боли во мене и тебе.
Ние не сме еден за друг во светлината,
која во други очи жари,
со истиот црвен сјај,
што во телата самотни ни гори.
Еден дожд носи убавина што почива во илјада бои,
над хоризонтот од облаци,
кои сонцето по него,
низ тиркиз ќе ги изгори,
за сето неискажано,
во ноќта што молчи,
и од себе откинува,
мугра,
како награда,
за новиот ден,
што во малку среќа постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ако некогаш се сретнеме
во некоја друга приказна
од сонувачите раскажана,
не ме прашувај како сум,
ни зошто не нема,
ни кога завршивме,
ова нашево нема време.
Ако некогаш се сретнеме
на некоја зафрлена постојка,
ти свртен кон сонцето, збрчкан во лицето,
а јас уште млада,
немој да ме тешиш што немав смелост,
а јас нема да ти признаам
дека ми фали твојата зрелост.
Ако некогаш се сретнеме
на некоја пуста улица
во еден од двата града,
ќе ме препознаеш
не по лицето восочно
туку по тагата во очите
и бледата насмевка на усните,
а јас ќе те препознаам по железните чекори
и осаменоста што дише од тебе.
Ако некогаш се сретнеме
под згаснатото небо од светлина рането
наместо збогум
тивко ќе ти го кажам она за што живееме,
а залудно е.....Те љубам...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar