Јавни запросувања | Црнобело Форум

Јавни запросувања

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
кога ке дојде време јас да запросувам ке го направам јавно или не се женам :)


ова ми е фејворит и типот на плоштат што и подготвил сеа у брзо време што го имаше по нет
 

Lorejn

Полноправен Член
15 февруари 2012
68
82
18
Не сум толку по романтичниве работи и ова тапа ми е. Не сакам јас вака, нека биде насамо и без многу драма, плачки. :D
 

The Countess

Полноправен Член
15 февруари 2012
43
53
18
Elean Donan Castle
... = фалење! О да. Храброст треба во секој случај, и шанса за дечкото (оти обично тие запросуваат нели) освен очигледно expressing love да си се покаже себе си колку е одлучер, романтичен, иновативен тирековмирече... Да не ги хејтам многу овие чинови, има интересни јавни запросувања ама се работи сепак за запросување... што лично сметам дека треба да биде интимно а така романтиката може да биде поромантична, само треба добра реализација на една уште подобра креативна идеја. <3
А ако веќе толку многу некој сака да си ја share љубовта кон партнерот/ката, наместо за просидба нека и/му подготви јавно изненадува по друг повод пр: роденден...
ПС: Ако ме запросуваат јавно, нека биде нешто невидено инаку не прифаќам. :p
 

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Уф несакам јавно, некако тој момент сакам да биде интимен само во 4 очи. Плус ако се расплачам (а ретко плачам) бар нема да ме гледаат :trepka
Фино што им стана тренд јавно да запросуваат, алал да им е на храброста, плус и доста креативни се....ама јас не би сакала такво нешто.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
јавно и што ако му речам не.. цел живот ќе се кае, а нема ни можност са објаснување... така да, сами во 4 очи, на крај на светот... за да можам да му кажам зошто сум одбила и да докажам зошто сум прифатила
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Не уништија америчките филмови и шпанските серии... А нашиве пак не се нешто да видат на ТВ, мора одма да го применат. Превише ми е фалбаџиско тоа јавното запросување, демек ај да видиме кој повеке може да напраи. Тоа е интимен момент за двајцата не мора да биде споделено со цел свет. Али јбг во такво време живееме, ако не собереш доволно лајкови не си напраил ништо.