Македонски народни приказни
Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби. Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 70-ти, па сè до 90-тите година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вкличувајќи ги новите епизоди.
Актерска екипа
Како дел од старата актерска екипа се следните актери:
- Ѓорѓи Колозов †
- Шенка Колозова
- Гоце Тодоровски
- Ванчо Петрушевски
- Анче Џамбазова †
- Лазар Бараков
- Гоце Влахов
Нови сезони
Нова сезона во продукција на МТВ
На 7 октомври 2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова. Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се базирани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков[1]. Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски актери. Актерската екипа е[2]:
Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ.Останатите епизоди ќе се снимаат во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добридол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.