Сите знаеме да свариме макарони. Сеа штосот е во сосот (хаику)
.
Еве еден интересен рецепт за сос
Pesto genovese кој го има и по продавниците но не е лошо ни по дома да си праите - поефтино ќе ви се фати.
Потребни состојки за 4 души
половина канче од кисело млеко
босилек
некои 50-70 грама рендан
кашкавал (со цврста структура како мешан, рибанац, пармезан, не гауда)
2-3 дробени чешниња лук
четвртина канче мелено јаткасто овошје (оригинално
пињоли -
оревчиња од бор, супституција за нив
ореви, бадеми)
маслиново масло 1 дл маслиново масло.
Сол.
Се додаваат прво сувите состојки и се мешаат. После тоа се додава кашкавалот и лукот за на крај се налее маслиновото масло и се меша додека смесата не се соедини.
Сол се додава по вкус.