Италијанска кујна

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Не се водам многу по рецепти, еве ќе ви го кажам еден од моите омилени сосови или што и да е, кој е одличен во комбинација со шпагети.

Кога ќе бидат сварени и исцедени шпагетите, ставете им вегета, црн бибер и ставете им две туни ( на парчиња ) со се маслото за да се добие убава симбиозна структура.
Претходно исецкани маслинки по желба нели, јас преферирам околу 200 гр. од зелените со пиперче внатре исто ги ставате во шпагетите.

На рингла претходно се спрема сос од домати ситно исецкани, кои како вријат се пасираат нели и се додава томатело ради густина, сол малку и босилек и малку оригано. Овој сос ладен нормално се додава на претходно приготвените шпагети.
За оние кои сакаат пикантни работи, може да исецкате ситно две три феферончиња во сосот.


Бон апетит!
( Ова сама сум си го измислила иначе да си знаете :smug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Rikardo

Нов член
25 февруари 2012
1
2
3
46
Како вие ја подготвувате пицата?? Јас пробувам на различни начини да го подготвам тестото, но никако неможам да ја погодам... В
Со многу експериментирање дојдов до следнава успешна рецепта:
За три средно големи пици: 400 гр. брашно (пекарско или тип 00), 250мл вода (млака), 1/3 свеж квасец (сувиот остава чуден вкус), 1/2 лажичка шеќер, 1 1/2 лажичка сол, 2 лажици маслинов зејтин.
Водата, квасецот, шеќерот и 150 гр од брашното се замешуваат и се оставаат да постојат 20 мин.
Остатокот од брашното се става во длабок сад, се прави дупка на средина и се става солта и маслото. Се додава смесата од квасецот и се меша со дрвена лажица (2-3 мин.) Целата смеса се префрла на малку набрашнета површина и се меси 10 минути. Притоа, брашно се додава само колку да не се лепи тестото по површината (најдобро е да се набрашнуваат рацете, а да не се посипува тестото со брашно). Тестото се формира во топка и се става во намастена длабока чинија. Се намастува и површината на топката. Се покрива со кујнска крпа (или најлонска кеса) и се остава да стои на собна температура 1 час.
Потоа, тестото се притиска со тупаница неколку пати (да излезе воздухот), се става на малку набрашнета површина и се дели на три дела. Се формираат 3 топки и се ставаат во малку намастени најлонски кеси. Тестото треба да се стави во фрижидер и да стои 12 часа.
По 12 часа, топките се вадат од фрижидер да постојат на собна температура околу 20 мин.
На рамна површина се посипува брашно (јас користам 50% пченкарно брашно и 50% обично), топките се набрашнуваат и горе и доле, внимателно се формираат витките (не смее да се гмечат), и тестото се тапка со прсти од средина кон витките (за да се растегне), без да се тапка во самиот центар. Потоа, тестото се става на горниот дел од дланките и се растегнува постојано вртејќи го. Така растегнатата основа за пица се става на намастена тепсија, се реди со што сакате и се пече во претходно загреана рерна на максимална температура.
Оваа рецепта е малку покомплицирана, но крајниот резултат е супер тенка пица што е истовремено мека и крцкава. Овие брзиве со млеко и многу квасец не ги признавам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Luckky

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Пица со крем
-готово тесто
-крем
-овошје/јаткасти плодови (по желба)

Прво го печете тестото, кога ќе биде испечено го мачкате со крем и додавате овошје/јаткастиплодови.

Многу е вкусно, прсти да си изедеш. Еве слика од моја пица со крем, од лани летото е. Ја прикачив на tinypic бидејќи беше многи голема.

jqqsgo.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lepaa

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Изобилството на производи и гастрономското наследство ја вбројуваат италијанската кујна меѓу најпопуларните во светот. Карактеристично за италијанската кујна е што секој регион има свои особености. Географските промени од северот кон југот резултирале со мноштво разновидна храна, но историското влијание одиграло важна улога. Така на пример сицилијанската кујна и денес го задржала влијанието на арапската кујна, а унгарскиот гулаш може да се проба и во Трст.

Италијанската трпеза е секогаш богата со разновидна храна, но тоа што секогаш е присутно е регионалната посебност, високиот квалитет на производите и чувството за традиција. На почеток на оброкот се служи предјадње кое обично има пет дела, потоа следува првото јадење со избор на разни јадења од тестенини или ориз, а по тоа следува второто јадење во кое има месо или риба со прилог од зеленчук; следува сирењето и на крајот десерт и кафе еспресо. Предјадењето може да се состои само од пршута или маслинки со леб или од петнаесетина вкусни залаци чии состојки варираат од регион до регион. Месните преработки како мортаделата, светски познатата париска пршута и разните салами се неизоставен дел на предјадењето, а може да се сервираат сами или со свежо овошје.
Рибата и морските плодови особено се популарни како предјадења во приморските краеви. Во салатите од морски плодови најчесто се користи октопод и разни видови на школки.
Зеленчукот може да се служи свеж (во салатите) или варен и зачинет со маслиново масло и свежи ароматизирани растенија.
Неколкуте предјадења може да претставуваат самостоен оброк, кој се надополнува со крцкав леб или палента. Се продолжува со свежо овошје и сирење и на крај се заокружува со јако кафе еспресо.

КАФЕ
Во Италија еспресото се пие за појадок, но и во текот на целиот ден. Доброто еспресо мора да се пие топло од загрена чаша и обично со многу шеќер. Светлокафеавата боја на пената е знак дека апаратот за кафе е наместен на оптимална температура и притисок.

ДОМАТ
Доматот е омилениот зеленчук на Италијаните и се јаде секој ден, независно од годишното време. Тој може да биде составен дел на сосот за тестенини, една од состојките на салатата, полнет или печен- италијанските готвачи секогаш ќе смислат нешто ново.

ПИЦА
Пицата влече корени уште од времето на старите Римјани. Но најголема популарност добива во 19- иот век кога италијанските емигранти и ја претставуваат на американската јавност. Во шеесетите години на 20 - иот век пицата станува популарна и во Европа, додека во Италија сеуште е непозната освен на територијата околу Неапол. Дури во 80-ите години на 20- иот век пицата станува популарна во Италија.

ТЕСТЕНИНИ
Секој регион во Италија има своја приказна за тестенините. Иако има повеќе верзии од кога потекнуваат тестенините и кој ги донел во Италија, едно е сигурно: денес тестенините се јавуваат во повеќе од 300 форми и се едно од најомилените јадења.

ПАРМЕЗАН
Пармезанот е сирење кое се произведува од обрано кравјо млеко. Пармезанот е жолт со грануласта структура и има пикантен вкус. Познат е во Парма уште во 13- иот век, иако потекнува од Тоскана во 11- иот век. Од 14- иот век се користи за наросување на тестенините. За да не се изгуби вкусот на пармезанот, треба да се изренда непосредно пред употребувањето.

ОРИЗ
За појавувањето на оризот во Италија постојат ралични теории. Едни тврдат дека за оризот знаеле и старите Римјани, додека други сметаат дека оризот на Сицилија го донеле Арапите. Одгледувањето на ориз во долината на реката По датира од 15- иот век.

ТИРАМИСУ
Тирамису што во превод значи ,,земи ме“ има статус на култен колач во Италија. Главни состојки се пишкотите натопени со црно кафе, (во кои може да се додаде малку коњак, или рум) и сирење маскарпне кое на колачот му дава кремаста структура.
Храната во Италија претставува вистинско уживање кое секојдневно се слави како гозба за сите сетила: во друштво на семејството или пријателите, дома или во добар ресторан.
Секогаш кога е тоа можно храната во Италија се јаде во друштво.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Ко ќе ми стаса времето да рипнам во тавче,услов за женење ќе ми биде да знае да прави одлични лазањи.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Пица ми е омилено странско јадење, инаку италијанската храна не ја сакам затоа што 90% е комбинирана со тестенини а јас тестенини не јадам. Инаку знам многу често да си направам пица дома и многу едноставно ја правам. Си купувам само готово пица тесто , го премачкувам со доматно пире , ставам кулен и кашкавал оти така најубава ми е , додавам маслинки оти печурки нејкам и некој свеж лист босилек од црепот на тераса.)). 10 минути се пече во рерна и готова е за јадење. Комбинирајте со црвено лесно вино или јогурт ако е пред пладне. И на крај(smoke) .))
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Пилешко качаторе

Овој италијански рецепт качаторе е многу познат во Северна Италија. Традиционално се подготвува со пилешко месо, но може да се подготви и со зајачко. Ова јадење е карактеристично по тоа што изобилува со многу зеленчук, а бабурите се главната ѕвезда меѓу нив. Одличен избор е за фамилијарен ручек затоа што самото јадење изгледа прекрасно, вкусот му е одличен, а кога ќе го сервирате на сварени тестенини и ќе го прелиете со сосот во кој се готвело месото, сите ќе мислат дека сте поминале многу време подготвувајќи го. Еве како да го направите:
Потребно е:
8 парчиња пилешки поткопани (може да употребите и пилешки гради)
1 пакување тестенини (макарони, шпагети, јуфки...)
сол, бибер
120 гр брашно
4 лажици маслиново масло
2 коцки путер
1 главица кромид, ситно исечкана
2 црвени бабури, исечкани на листови
5 чешниња лук, ситно исечкани
200 гр свежи шампињони, исечкани на четвртинки
зачини: мајчина душичка, к*ркума, буковец
пола чаша бело вино
400 мл пелати
пола китка ситно сечкан магдонос
рендан пармезан, по желба за декорација
Подготовка: Рерната загрејте ја 250 целзиусови степени. Местото зачинете го со сол и бибер и обложете ги со брашното. Во тава на оган ставете ги маслото и путерот да се растопат. Ставете ги парчињата месо и оставете да се пропржат од сите страни. Извадете ги од тавата.Во истата тава ставете 1 лажица масло и ставете ги зеленчуците (кромидот, лукот, пиперките) и ставете ги печурките.Оставете да се динстаат 2 минути и тогаш додадете ги зачините. Измешајте и зачинете со сол и многу бибер. Кога зеленчукот ќе омекне, ставете го виното.
Оставете да испари алкохолот и ставете ги пелатите заедно со нивниот сос. Промешајте.
Ставете ги парчињата месо во тавата , затворете со капак и целото тенџере ставете го загреаната рерна да се потпече околу 20 до 25 минути. На крај ставете го ситно сечканиот магдонос. Сервирајте го јадењето на претходно сварени тестенини така што врз тестенините ќе ставите прво од зеленчукот па врз нив две парчиња месо.Од горе прелијте со сосот од тавата. Од горе ставете малку рендан пармезан, по желба.

МАКАРОНИ СО СИРЕЊЕ И СПАНАЌ
Состојки:
- 3 лажици путер
- ½ филџан исечкан кромид
- 1/3 филџан брашно
- 4 филџани млеко
- сол и бибер по вкус
- 4 филџани лисја од спанаќ, исечени во ленти
- 1 филџан изрендан тврд кашкавал
- 2/3 филџан изрендано помеко димено сирење
- 1/3 филџан издробено козјо сирење
- макарони, сварени точно според инструкциите и времето назначено на пакувањето (да бидат „ал денте“)
Подготовка:
Во големо тавче за пржење истопете путер на среден оган. Додадете го кромидот и пропржете го додека не омекне, околу 5 минути. Додадете го брашното, мешајте додека не зарумени, а потоа ставете го млекото, континуирано мешајќи. Зголемете ја температурата на ринглата и почекајте да зоврие. Мешајте континуирано додека не се згусне, односно додека не добиете сос. Додадете сол и бибер.Во сосот додадете го спанаќот, малку промешајте и веднаш ставете ги и сирењата. Мешајте на тивок оган додека не се истопат, а потоа додадете ги претходно сварените макарони.