Предлози за книги - Со кратка рецензија

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
И јас си ја купив од саемот, а не ги земав другите делови. Си реков да видам ако е добра ќе си ги докупам.
Ја прочитав до пола ќе ја прочитав и целата, ама учам за испит и немам време.

Мене книгата ми е многу интересна.
И јас ради то не си ги зедов али згрешив. Сега сигурно ќе се поскапи вака да ги земиш од книжара-.-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Барам идеја за книга (новела, роман) поврзана со социологија и општество. Примери: Animal Farm и A Clockwork Orange. Може некој да ми помогне?
Можеби Белата долина , Последните селани имаш таму доста такви аспекти
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Eva

Староседелец
19 февруари 2012
107
100
1,043
па....сега на саем кога бев ја купив Пефректна Хемија. Кога почнав да ја читам малку ми беше чудно затоа што дечкото во кој ќе се заљуби девојкава е Мексиканец, во банда е, а таа е едноставно принцеза. Ќе се грози од него ќе го мрази ама подоцна кога ќе бидат партнери на хемија, таа ќе го види вистинскиот Алекс. Интересна е. Има многу чуства при читање. Едно време ќе плачеш, едно време ќе се смееш. Оној кој сака да чита ваков тип на книги предлагам да си ја купи. :)

http://sakamknigi.mk/index.php?opti...=2821:перфектна-хемија-симон-елкелс&Itemid=70

Исто така ја купив и Рајот може да почека и таа е интересна. Девојкава треба да прави свадба. И денот пред свадбата ќе се на таван и ќе падне. Ќе го скрши вратот и ќе умре. Меѓутоа горе ќе има две опции. Да оди во рајот и да се види со своите родители и таму да остане засекогаш или да изврши мисија која ќе и е зададена и да стане дух. Таа секако одбира да изврши мисија. Мисијата ќе биде да ја пронајде вистинската љубов на тотално непознат човек. Ии ќе оди во куќата на духови и ќе запознае двајца кои вршат мисија исто така. Едниот е маж кој мириса ужасно :giggle а другата е девојче на 18 години кое многу е злобно. Ќе ја навредува и се така. Ии ќе им помогне и нив за извршување на мисиите и нејзината ќе успее да ја изврши. И не коментирам повеќе прочитајте ја сами. :)

Сега незнам шо книга да си купам..Пааа некој предлози? (talk)
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
„Ми припаѓаш мене“ Карен Роуз.
Нема да сакате да ја оставите од раце доколку сакате трилери.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Сакам да ја прочитам Бадем...од кога ја мислам, морам да одам овие денови да ја купам..Како што читав кога излезе пред две три години, била ептен добра, во неа бил опишан тајниот живот на муслиманките жени....Ај кога ќе ја прочитам, ќе раскажам.
badem_mala.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and melpomena

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Предлог книга: Во лов по Хари Винстон - Лорин Вајсбергер

Три најдобри другарки. Две решенија. Една година да се изведе сето тоа.

ЕМИ тукушто стана сингл. Отсекогаш сонувала за плановите околу венчавката, а сега купува храна за носење за еден.

АДРИАНА само што не наполнила триесет. Дали деновите на забава и` истекуваат. Тогаш зошто не е возбудена околу нејзиниот совршен живот?

ЛИА има прекрасно момче и одлична работа. Тогаш зошто не е многу возбудена околу нејзиниот совршен живот?
predlog-kniga-vo-lov-po-hari-vinston.jpg
Трите најдобри другарки, една вечер, пиејќи мохито со малини, прават договор оваа година се` да сменат во нивните животи. Еми ќе си најде по еден маж на секој континент за забава без обврски. Адриана дава заклетва дека ќе добие петкаратен дијамантски прстен од Хари Винстон на четвртиот прст. А Лиа не може да смисли што треба да промени - се` додека буквално лошото момче Џеси Чепмен не почне да и` се пика под кожа.
Станува збор за роман од авторката на Ѓаволот носи Прада - книга која пред неколку години беше екранизирана.

Сакате да ја добиете оваа книга на подарок?
Испратете ја вашата предлог книга со краток опис зошто ја препорачувате.
Во петок (15.06.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
Предлозите за книги оставајте ги во продолжение на оваа тема.
Напомена: Колку вашата препорака е поубаво напишана, толку се поголеми шансите да ја добиете книгата на подарок.
 

AnaJakimovska

Нов член
11 јуни 2012
1
0
1
51
Мојот предлог е книгата "Дали ме чекаш" од Гијом Мисо.

Младиот лекар Елиот никогаш не се помири со смртта на Илејна, жената која ја сакаше повеќе од се, но која умре пред 30 години. Под специфични околности,земајќи една од "магичните" капсули кои му ги даде еден стар Камбоџанец, тој се сретнува со еден млад човек, кој беше, од пред 30 години. Тој се врати во одлучувачкиот миг, каде со еден негов потег можеше да ја спаси Илејна...
Преубава, потресна љубовна приказна, неизвесност, напнатост која може да го запре здивот...