Е стварно не ја сфаќам Македонштината и потребата се’ да сметаме за теорија на заговор.
![Се мисли :^) :^)](/images/emoji/wonder_animated.png)
Не се враќаат убиениве што не се враќаат, ама да дадеме еднаш шанса да се реши нешто без шпекулации.
Кога беа убиени секакви приказни имаше. Знаевме сите потајно кои се способни за вакви работи, ама ај, молчевме дури не се покаже на дело. Е сега кога се покажува на дело, одма идеме на теорија на заговор против Македончето #2 т.е. „Не се тие, ама само ни перат мозок.“ Да бре, а ние најпаметните само седиме и инстинктивно ја знаеме вистината.
Да, ни перат мозок на големо, ама не верувам дотолку за вакво нешто, ќе им текне па ајдее, ќе најдеме љунги со оружје, ќе им влеземе дома и ќе кажеме тие се. ДНК не е невозможно да се најде, посебно ако ја има во колата и се совпадне, а сигурно ја има со оглед на тоа што не постои љунга што не плука низ заби кога дрнда, воланот, седиштата, се’ содржи ДНК, сигурно не го измиле возилото пред да го остават таму. Ќе тестираат и чаури и мал милион други работи.
Плус УЧК се како што се гледа на сликите, ништо не ме чуди од таквите.