За утре закажан протест за поддршка на осомничените убијци
Интернет порталот на албански јазик Порталб за утре најави мирни протести под наслов „Стоп на монтираните случаи“.
![getImageThumbnail.axd](http://www.kanal5.com.mk/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/portalbpovik.jpg&imgSize=600&cropH=400)
Порталот пренесува иницијатива промовирана на социјалната мрежа Фејсбук во која се бара државата да прекине со случаи во кои Албанците се наводни невини жртви.
Во најавите се повикуваат и сите граѓани на Македонија да ги поддржат уапсените, кои од МВР се обвинети за верски тероризам. Меѓу оние кои што повикуваат на протести за поддршка на обвинетите за тероризам и убиство на петтемина кај Смиљковското езеро има и вработени во државни институции, еден од нив работи во Антикорупциската комисија.
Протестот зад кој најверојатно стојат неколку верски групации, треба да се одржи по петочната молитва при што демонстрантите ќе маршираат од Јахја Паша џамијата до Основниот суд Скопје еден.
Јахја паша џамијата во јавноста е позната како еден од трите верски објекти кои неколку години не се под контрола на исламската верска заедница, а во неа своја молитва одржувале дел од уапсените за велигденскиот масакр. Протестот не е најавен во министерството за внатрешни работи. /www.kanal5.com.mk

03.05.2012, 18:26