Не ги привеле од кејф сигурно
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Поготово не во ваква осетлива ситуација, кога секое следно делење на националности има предиспозиции да направи хаос во државава.
Не дека сега цветаат ружи, ама во тој хаос ќе бидат вклучени фикс идеи за територијални „конечни“ поделби, невини жртви...
И ај малку да оладиме од она клише дека времето ќе покаже се.
Поминаа 20 години скоро од атентат на Претседател, па времето баш и не е наклонето за разоткривање и запечатување на тој случај.
Значи треба да се работи, да се засукаат ракавите и да се работи.
Не сум јас Господ па да знам кој е крив кој е прав.
Ама ако доказите го кажуваат тоа, во најмала рака треба да ги обесат на мудата на Букефал.
Ама пошто живееме во демократија, ќе им се суди како што е ред.
А, болката, изгубената младост, исечените крилја....никој нема да направи да исчезнат. Невозможно е!