Меѓународен ден на трудот - 1ви Мај

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Невработен сум, ама сепак ќе го славам денот на трудот. :D
Иначе утре ќе одам на еден манастир во Прилепец (прилепско село) со друштво. Во план ми беше да одам во Солун преку една туристичка агенција, ама не ми се оствати тоа пошо повеќето од друштвото сакале за 1 мај да одат во природа.. Тоа е. :)
прилепец е убаво место ... бев еднаш иако работно сепак имав време да го разгледам местото...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Јас на кајсија. :|

Мене у главно ме нервираат овие контрадикторни дембелски ствари.
Славиме Ден на трудот, истегнати под некоја ладовина, додека золва ти пафта над ражничите, а пивцето се лади во реката.
Озбилно? :^)

Ко да нема друг ден да си се собереш со блиски луѓе на пикник, баш на овој ден сите се понесени и прават гужва ко у 16 саат на раскрсница у Пекинг.
А нередот кој го оставаат после нив, дополнително ја велича општата култура на оваа радничка класа.
Како и да е, со дечко ми се договоривме да пешачиме до Водно...да го искористиме убавото и слободно заедничко време.

Контрадикторен е овој датум во Македонија.
Кога ќе ја погледнеме ситуацијата во Македонија, работници физикалци работат по 6 или 7 дена во неделата за мизерни пари.Тој во недела попладне гледа да си ги види децата и жената и да има семеен ручек и да легне да отспие за во понеделник да има сила за уште една недела.
Втора работа која е многу битна е што живееме во држава каде што владее полицијата и законот на појакиот.Кој ќе се буни за права на работници? Самите работници кои што гледаат да молчат и со наведната глава да земат минималец за цел месец што рмбале како робови?
Младината треба да излезе, тие што не работат за да кога почнат да работат им биде натаманета работата.Тие што имаат слободно време за шетање низ улици и расправање со специјалци кои немаат грам мозок.

Го оправдувам дебмелскиов према тебе ден затоа што тој ден, заедно со втори август и велигден се неработни за експлоатираните работници.
Епа ако треба ќе стискам пари цел месец ама за први мај ќе шетам, легачам, ќе се пијанчам ќе правам што ми е кејф на душава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and melpomena

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Ајде дечки раскажувајте кој како си поминавте,каде бевте,ви одговараше ли времето?Со кого бевте? итн итн.. :sreken
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
ко дете му се радував на први мај.....сега му се радував зашто не бев на работа и не станав во 5 наутро......
Има разлика од први Мај до први мај.......доколку некој знае што значи први мај

who-gives-a-shit-meme-generator-mayday-picnic-who-gives-a-fuck-2f4d16.jpg
 

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Тука си многу во право,се согласувам со тебе ! 1ви мај стана денот на скарата,а не денот на трудот така да..тоа е тоа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
најтрезен 1ви мај во мојата првомајска кариера (drunk) :D
времето бомба, друштвото супер ... само криво ми е што не се наспав денес ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum