Редовна војска

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
и онака се укина редовната војска, па мислам наместо пак да ја вратат ( знам дека нема шанси да ја вратат) подобро да земат неколку деца и да ги направат нинџи - :ninja ке бидеме најаки (muscle) :D

шала на страна - абе каква војска каков ред, што зборите ? - војската служи за водење војни ... за ништо друго !
а јас не сакам војни, верувам и 99% од населението во светот не сакаат - во војните профитираат само луге кој немааат грижа на совеста - баталете војска .!. дајте музика :wavespin
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Па јас не зборам дали бега или не бега.
Нема потреба од задолжителна војска, глупо размислување е дека без војска ,,мажите не се мажи,,. Таман ги поднаучивме да не глумат мачовци, нема потреба да им се гради карактер преку војска.
Си има професионална војска, кој сака, може да оди.

Не секој може да биде војник, и тоа не е мала работа, уште подискриминирачки е ,,само за мажи,,. Е ако се воведе редовна војска, и мажи и жени треба да одат, зошто би се жртвувале само мажите во војна?
се согласувам,но од друга страна служењето војска си влече и свои квалитети во усмерување во животот понатака
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Ако тие луѓе ти го нападнат домот, со голи раце ќе ги убиваш :)
За безбедноста на граѓаните во Македонија треба да се грижи државата за тоа што ние плаќаме данок. Па ако треба и на секоја улица да има по неколку војници (секако, ако дојде до војна, ама не верувам). :)
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Toа е работа на професионалните војници, и глупаво е да се тера некого со сила да оди во војска.
И ниту една војна не е рамноправна, колку и да се спремни нашите војници, ако од надвор сакаат да ,изгубиме, тоа и ќе се случи, како што беше во 2001, на пример.
И сеуште не сфатив какви се тие ,,прави мажи,,? Ако знае да пука е ,,прав маж,,?

Тоа е обука од неколку месеци не е војна.
Кога ќе дојде војна, после неа сите професионални војници треба да уживаат во бенефиции под државна капа, затоа што се избориле за нив!
Таков беше случајот со "браќата", имаа војници, направија војна и дојдоа до права. Тоа што нас не ни оди во прилог е наш проблем што мирољубиво го избегнуваме.
Не е логично еден да седи на пц и да има исти бенефиции со другиот кој војува кога е загрозено правото да се биде граѓанин од прв ред, нели?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
па затоа дискутираме дали треба да се воведе пак редовната војска,за да не се деси ова
иначе јас не се мешам дали треба да се врати редовната или не,сметам дека си има компетентни лица околу тоа прашање и тие ке решат дали треба или не
ако се прашувам јас дај боже да не затребат никакви војници никогаш,ни редовни ни платени
а околу морањето тоа го напишав пошто прееска дискутиравме што ако државата законски обврзува секој маж да оди војска,тогаш ако се воведе законски ке се мора
И да се случи тоа законско обврзување за да мора да се оди во војска, мислиш дека нема да можам да извадам лекарско уверение дека сум фалинка во мозокот? Дека имам слабо срце или нешто слично?
Не би сакал да гинам за мојата „татковина“ кога знам дека од цела таа војна некој само ќе профитира и ќе полни каси а невин народ кој се мачел цел живот за мала платичка да загине „храбро“ за својата држава.Булшит.

Не, подобро ќе се самоубијам, отколку некој со сила да ме натера да убивам други луѓе. :x

Се работи за патриотизам.Да си го одбраниш тоа што е свое.Па ако треба и со крв.
Е сега, ме мрзи да се повторувам прочитај што и пишав на женскава погоре.