Патриот само од корист кај нас.
Ретки се оние кои навистина можат да се наречат себеси патриоти.
Не си патриот ако плукаш по други националности, ни ако ја пееш „Македонија цела да е, секој да ја знае“ и најјак аргумент ти е „Александар е наш!“ Во никој случај ако мафташ наоколу со знаменце дури игра репрезентацијата за чии играчи првпат слушаш, а после for the sake of irony пушташ српски турбо-фолк и се веселиш на победата ко Бугарка на чорапогашта.
До некој степен ок не викам дека не е љубов кон татковината, но не е тоа ни патриотизам, тоа е само чукање у груда во моменти на национален занес, кој прераснува во политички/спортски експертизам кога Македонија ќе ја укака работата.
Патриоти биле Гоце, Даме, Питу и луѓе кои и ден денес би застанале во први редови да ја одбранат државава, макар и по цена на сопствениот живот, оние кои се гордеат да кажат од каде се и кои се, без трошка стравопочит и срам, оние што ако им се понуди бугарски пасош, би го зеле само задникот да го избришат со него пред претпоставената Б`лгарска раја, оние што ќе се залагаат за подобро утре на својот народ, а не на својот џеб, за по неколку години да се вели „Е, тоа беше патриот!“
Нас по што ќе не запомнат? По новиот мерцедес купен од Бугарија или по оној на Г.Г.Стефан? По денот на дрвото? My ass...