Моторно масло
Многу сопственици на возила не се свесни колку проблеми можат да предизвикаат користење на масло со неодговарачки квалитет. Често се жртви на предрасуди и незнаење. Преку следните неколку точки ќе се разјаснат неколку битни работи за моторните масла.
Предрасуда 1:
Мислам дека моторното масло кое го користам е доволно добро, затоа што досега не сум имал никакви проблеми со моторот. Затоа сметам дека нема потреба да трошам дополнителни пари за масло со поголем квалитет.
Факт 1:
Во краток период не е лесно да се види директно влијание на моторното масло на подмачкувањето и заштитата од трошење на виталните делови на моторот, иако лошо моторно масло веднаш предизвикува проблеми со корозија, создавање талог, трошење... Иако на почетокот, а понекогаш и подолго, не се гледаат симптоми на проблемите предизвикани од користење на лошо моторно масло, тоа не значи дека не постојат. Кога конечно ќе станат видливи, по правило е предоцна и стануваат нужни скапи поправки со цел да се доведе моторот во исправна состојба. Затоа е препорачливо секогаш да се избира најдоброто достапно моторно масло, според пропишаните спецификации. Штедењето на масло не се исплатува, а вложувањето во квалитетно масло е најисплатлива инвестиција за моторот на секој автомобил.
Предрасуда 2:
Во моторите на постарите автомобили, на кои им истекла гаранцијата, нема потреба од користење квалитетно моторно масло.
Факт 2:
Квалитетно моторно масло е подеднакво важно и за нови и за стари мотори. Всушност, за стари и делумно истрошени мотори препорачливо е да се користат масла со посебна спецификација (како масла со назнака Longlife, MaxLife и слично), кои го смалуваат трошењето и го продолжуваат векот на постарите мотори. Таквите масла го смалуваат ризикот на пропуштање масло и создавање талог, ја подобруваат компресијата и со тоа ги подобруваат перформансите и ја смалуваат потрошувачката на гориво.
Предрасуда 3:
Синтетичко масло е препорачливо да се користи само во новите мотори.
Факт 3:
Синтетичко моторно масло е препорачливо да се користи во нови и стари мотори, како и кај оние кој досега користеле минерално и полусинтетичко масло. Со тоа се смалува трошењето и се продолжува векот на секој мотор и истовремено се подобруваат перформансите и се смалува потрошувачката на гориво. Тоа е посебно важно кај мотори со турбо полнач, кои се топлински и механички значително пооптеретени од класичните. Турбополначот при работа се загрева над 900 Целзиусови степени и е важно да се користи потполно синтетичко масло, кое е поотпорно на високи температури од минералното или полусинтетичкото.
Предрасуда 4:
Моторните масла можат да создадат талози.
Факт 4:
Тоа е точно и баш поради тоа е важно да се користат моторни масла со висок квалитет, затоа што го разградуваат постоечкиот талог во внатрешноста на моторот и спречуваат создавање на нов. Талогот е по правило последица на дотрајаност и лошо одржување на моторот, а настанува од делување на несогорените остатоци на горивото, маслените пареи, прашина и кондензирана влага и со мешање на маслото со разладна течност. Квалитетно моторно масло има добри својства на неутрализирање и впивање на тие штетни супстанци, кои потоа се отстрануваат во филтерот за масло и се спречува создавање на талог и се осигурува квалитетно подмачкување на моторот во сите услови.
Предрасуда 5:
Интервалот на промена на моторното масло, пропишан од страната на производителот е преконзервативен, па без последици може да се продолжи.
Факт 5:
Интервалите на промена на моторното масло, пропишани од страна на произведувачот, треба строго да се почитуваат. Современите мотори, со високи притисоци и температурни согорувања, поставуваат се повеќе побарувања за моторни масла, а интервалите на промена непрестано се продолжуваат па кај новите автомобили изнесуваат од 20.000 до 30.000 km (во одредени случаи и повеќе).Поради тоа моторните масла треба да имаат врвни својства и се напрегнати до крајност, како би можеле да бидат искористени низ целиот интервал на користење. Проблем е и фактот што 80 проценти од километражата поминуваат во градски услови, со чести застанувања и палење и гасење на моторот. Возењето во зимски услови е посебно захтевно, затоа што при ладниот старт, моторот е најмногу изложен на трошење, а работната температура често се постигнува дури при пристигнување до одредиштето. Поради тоа пропишаните интервали на промена на моторното масло не смеат да се продолжуваат.
Предрасуда 6:
Состојбата на моторното масло може да се утврди врз основа на неговиот изглед, боја и мирис. Ако брзо потемни или поцрни, тоа не е добро.
Факт 6:
Тоа е потполно погрешно. Моторните масла имаат адитиви за чистење на внатрешноста на моторите и отклонување на талогот, кој потоа се упива во структурата на маслото, со минимално влијание на неговите темелни својства. Меѓутоа со тоа се менува бојата на моторното масло, кое кај дизелски мотор може да потемни и по само неколку часови работа. Тоа единствено значи дека моторното масло се стопило и во себе содржи честички саѓ и несогорени продукти на согорување и останати нечистотии. Честичките кои го отежнуваат подмачкувањето и го зголемуваат трошењето на виталните делови на моторот потоа се задржуваат во филтерот за масло и се отстрануваат од маслото. Дел од онечистувањето, во мали безвредни (кои не штетат) честички, се задржува во маслото, менувајќи му го изгледот. И покрај темната боја, која по некое време станува скоро црна, квалитетните моторни масла ги задржуваат сите важни својства од крајот на предвидениот интервал на користење.